Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Да ве прашам за мислење помеѓу двава креатини(Првиов или Вториов).Исто така да ве прашам што мислите за начинов на пиење,има калкулатор на bodybuilding.com и спрема мојава тежина(73кг) испадна дека треба да го пијам креатинов на овој начин:

1 Недела: 11грама/ден
2,3,4 Недела: 4грама/ден
5 Недела: Не се пие
6 Недела: 11грама/ден
7 Недела: 4грама/ден
8,9,10 Недела: Не се пие

Е сега за ова исто ми треба мислење дали е валиден резултатов за како да го пијам креатинов,и ако е валиден дали тие грама во ден(11) да се зимаат во два оброка по 6(пред и после тренинг),и што се случува одкога ќе завршам со циклусов на пиење(8,9 и 10 недела),дали почнува од почеток или се менува нешто.

Може се повеќе прашања ама се надевам нема да ве мрзи поискусниве да ми одговорите,благодарам однапред. :smir:

И двата креатини се добри, ама јас сепак би го препорачал првиот од Оптимум. Инаку јас кога користам креатин 5 дена полнење по 20 грама на ден, после тоа по 5 грама на ден, негде околу 4 недели, па после 3-4 недели пауза, па можеш пак да користиш. Земи си декстроза или сок од грозје кога ќе го пиеш (заради поголема апсорпција). Во фазата на полнење земај по 5 грама сабајле кога ќе станеш, меѓу оброци, после тренинг и пред легнување, после тоа креатинот можеш да го земаш веднаш после вежбање.
 
Момци да ве прашам, има ли некој заинтересиран да купи белки во прав т.е. дехидрирана белка од јајце, белките се 78% чист протеин, еве го сајтот на фирмата што ги набавувам, 1кг е 800 денари за поголеми количини има намалување. Ако има некој заинтересиран нека пише по ПП
 
poster_za_kup_2011_copy.jpg

Куп на Македонија 2011
29 Април 2011
Арена 'Борис Трајковски'- Скопје
Регистрација и пријавување од 12 часот
Финале 19 часот.

Интересен настан за следење, за сите љубители на овој спорт.
 
Па, според тоа што е најавено, очекувам интересен натпревар во јака конкуренција во сите категории кои ќе ги составиме. Се надевам дека сите пријавени ќе издржат до крај со подготовките.
 
Дали креатинот да го пијам на сабајле пред или по доручек и пред по или за време на вежбање?
 
Дали креатинот да го пијам на сабајле пред или по доручек и пред по или за време на вежбање?

Прво зависи дали ќе правиш фаза на полнење со кретинот или не. Препорачливо е да се прави и тоа по 20 грама околу 4-5 дена кога го пиеш по 5 грама рано наутро, меѓу оброци, после тренинг и пред легнување, потоа можеш да користиш по 5 грама веднаш после тренинг.
 
Кога одам на теретана се доздебелувам, наместо да ослабам. Кога ќе си дојдам од тренинг многу сум гладен, и јадам дупло одколку нормалното. Незнам како да се спревам. Неможам да се контролирам, а гладен неможам да седам, ниту да спијам, ниту да учам, ништо.
 
Кога одам на теретана се доздебелувам, наместо да ослабам. Кога ќе си дојдам од тренинг многу сум гладен, и јадам дупло одколку нормалното. Незнам како да се спревам. Неможам да се контролирам, а гладен неможам да седам, ниту да спијам, ниту да учам, ништо.

Јади повеќе пати во денот по малце, тренирај интензивно и нема да се здебелиш, барем јади насабајле и два саати пред тренинг обавезно или ако ти е од сабајле тренингот стани порано јади. Пиј вода многу, за да те засити, да не јадеш многу, жедтта и гладтта во некои случаи се мешаат, па кога си жеден мислиш си гладен. Во секој случај пиј вода пред јадење и на тренинг.
 
Момци да ве прашам, има ли некој заинтересиран да купи белки во прав т.е. дехидрирана белка од јајце, белките се 78% чист протеин, еве го сајтот на фирмата што ги набавувам, 1кг е 800 денари за поголеми количини има намалување. Ако има некој заинтересиран нека пише по ПП

Што како е ова ако можеш објасни и што „вкус“ има? Пошо мене од варени јајца ми е преку тасе :(
 
Oooooo ne si edinstven druze od vareni przeni peceni greeni zivi neznam use kakvi jajca mi e preku tase ama sto se mora se mora....
 
вчера ги земав јас белките за мене ептен се добри значи се лепат на заби протеин се 78%, немаат вкус никаков нормално како белка што нема вкус, ги измешав со несквик 1 лажица и со млеко и ептен убав шејк ми испадна, слатко и квалитетно. Значи буквално можеш да ги мешаш со што сакаш со солено со благо со горко со кафе со капучино итн итн. јас правам палачинки од нив, кајгана. ептен ми се допаднаа а имам и слушано дека во јајцето има доста потребни и квалитетни амино киселини. ако има некој други прашања пишете. поздрав
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom