- Член од
- 28 март 2006
- Мислења
- 17.809
- Поени од реакции
- 12.298
Како што ми е познато, ако се прават со тело спуштено до долу, се активираат и горниот и долниот дел од стомачните мускули. Може да се комбинира и со исправање на страна (лева па десна, наизменично) за да се активира делот од мускулите кај слабините (слично како вежба со наведнување на страна со еднорачен тег во едната рака, но комбинирано со вежби и за другите регии на стомакот).
Ако пак телото се наведнува до одреден агол, не поголем од 90 степени, тогаш акцент се става најмногу на горниот дел на стомачните -тој што е одма испод плексусот. Некои ја користат втората техника со брзи движења/контракции за да го развијат тој дел од мускулатурата, други вежбите ги прават целосно, во зависност од тоа што им треба да истакнат или зајакнат.
Не знам дали е (пишано или непишано) правило, кога се вежба стомак (на вратило или бенч) ако се нозете исправени, се развива и горната и долната регија, но повеќе се става акцент на долната, а ако се нозете склопчени во колената, се става акцент на горната регија.
Ова е барем според она што го имам осетено кога порано вежбав стомак, што не значи дека е издржано.