Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Хмм , не знам зашо али у последно време а почнам да кревам некои тежини , осеќам невиден замор и неам сила ни 2 серии да направам ....Не е ни чудно шо неможам да накачам на поголема тежина ...

Чаре за ова ?
Зашо се дешаа ова ?

Тенк ју

Претераност со тренинг , недоволно одмор , несоодветна исхрана , не му даваш на мускулот да се регенерира доволно .. има неколку опции
 
Претераност со тренинг , недоволно одмор , несоодветна исхрана , не му даваш на мускулот да се регенерира доволно .. има неколку опции

Не не , не е дека осеќам болка во мускулите или нешо ...едноставно немам сила да направам ништо .....

Најверојатно е недоволна исхрана ......не глеам шо би можело друго да е ....

Од коа смањив на (до) 1500калории и лупам кардио секој ден , се осеќам ко говно :)

Али бар се слабее hahaha
 
Од коа смањив на (до) 1500калории и лупам кардио секој ден , се осеќам ко говно :)
Благо теби, како успеа да намалиш :)

Деко, често напролет истово ми се случува. Некои објаснувања (мада можда нема везе со твојот замор) за проблемите во овој пролетен период
„На пролет се менува хормоналниот состав во телото,“ објаснува д-р Кристина Копе Шалер од германската медицинска метеоролошка служба во Фрајбург. Клучна улога игра хормонот мелатонин. Тој е одговорен за регулирање на деноноќниот ритам на луѓето. Мелатонинот му дава мир на организмот и го поттикнува спиењето. „За време на долгите ноќи во зима, телото произведува повеќе мелатонин. Кога на пролет ноќите стануваат пократки и луѓето порано се будат, високото количество мелатонин му пречи на природниот биоритам,“ вели д-р Копе Шелер. Освен тоа промената на температурата од ладно на топло исто така претставува голем стрес за телото.
Препорачуваат повеќе витамини, минерали, лесно сварлива храна.
Ова е што најдов воглавно против замор
пектин (јаболка), Б1, Б6, железо, магнезиум (банана), јод (морска риба)

Битно да е полесна храна со многу зеленчук и овошје, знаеш како е зимска исхрана и начин на живот (колку и да се внимава) :wink:
 
Хахаха истото што го јадев во зима , го јадам и сега ..... Само со мн. повеќе овошје =)

Стварно не знам шо е ...Али најверојатно ке треба да тркнам да зеам нешо Амино за да не колабирам и тег од 5кила да ме убие хахахаха

Иначе , лесно успеав :p
 
леле ова бодибилдингов сложена работа... ја си мислев,иди извежбај, ова она и толку... читам на темава и се чудам... секој ден точна исхрана,калории се пази,па евиденција на вежби да се води,кој ден што како ова она... тешка работа...:vozbud:

таман мислев да почнам поозбилно у теретана,кој ке купува суплементи и сл...
 
Земај и течности повеќе. Телото знае да дехидрира без да осетиш. Кога ќе сетиш е касно и малку потешко се враќа назад од дехидратација. Пред, за време и по вежбање, водата е ептен потребна (без разлика дали земаш суплементи). Количината зависи и од организмот и напорот и потењето, ептен е релативно.

леле ова бодибилдингов сложена работа... ја си мислев,иди извежбај, ова она и толку... читам на темава и се чудам... секој ден точна исхрана,калории се пази,па евиденција на вежби да се води,кој ден што како ова она... тешка работа...:vozbud:

таман мислев да почнам поозбилно у теретана,кој ке купува суплементи и сл...
За почеток и не мораш, добро би било да телото прво (ако си ептен у старт) "научи" да троши кај и како што му треба и да се зголеми интензитетот. Доволно е ц-витамини, б-витамини, цедени сокови (цитрони, цвекло, моркови), овошје и зеленчук, бадеми, живи семиња од сончоглед, тиква и лен, риба, млеко...такви ствари. Моеш да прочиташ за сите овие дека имаат протеини, минерали, витамини...доволни за почетен интензитет и вовед во сето ова.
Am I wrong???
 
Lurtz,
човек да сака неможе да сокрие ниту една тајна од тебе :smir:.
За готварската сол, тоа е позната работа. Дозирањето е 300 мг на килограм телесна тежина или 20 гр час и половина пред тренинг. Се што е под 200 мг на кг ТТ не дава некој голем ефект, според статистички податоци. Препорачливо е поголемо количество на течност заедно со неа. Нус појава, диареја и пролив, зависност од јачината на организмот. Значи, едноставно не треба да се претерува и да се држиме стриктно до препорачаната доза. Она што сеп остигнува е намалувањето на Ph вредноста во крвта и мускулите, па со тоа се зголемува издржливоста. Уште еден иснтересен податок е тој, што немора стриктно да се држите до едно кафено лажиче готварска сол пред тренинг со цел да ги зголемите перформансите. Бикарбонатите ги имате во минералните води.

Јас започнав со тежински тренинзи на 13 годишна возраст.

Dek0,
аминото многу во енергијата нема да ти помогне. Разгледај како стоиш со ЈХ. А по последниот пост кажува дека имаш погрешен извор на ЈХ, овошјето. Ти треба нешто што поконстантно ќе го одржува нивото на шеќерот во крвта, на тој начин нема да имаш падови во тренингот.
 
Lurtz,
човек да сака неможе да ...

Јас започнав со тежински тренинзи на 13 годишна возраст.

Dek0,
аминото многу во енергијата нема да ти помогне. Разгледај како стоиш со ЈХ. А по последниот пост кажува дека имаш погрешен извор на ЈХ, овошјето. Ти треба нешто што поконстантно ќе го одржува нивото на шеќерот во крвта, на тој начин нема да имаш падови во тренингот.
Се пишманив кога прашав за содата ама отпосле нема каење :) ... некој ќе проба па ќе направи нешто што не треба па после јас ќе сум виновен. Стварно ќе треба да сум повнимателен со вакви постови.

Фала Ѓороски за одговорите :wink:
 
http://www.amazon.com/Hydroxycut-Ha...ef=sr_1_5?ie=UTF8&qid=1269897143&sr=8-5-spell

Ѓороски/Лурц , овие се тие ?

Читав фидбек и на херкулес и на бодибилдинг - викаат ТоБ се ....

Прашувам зашо не сум баш при пари 2700 да даам а на амазон глеам за 30$ се наоѓаат ....

И како работат (подетално) !
 
За ова хидроксикатот (кога веќе мора да се користи) го споменаа како ефикасно, а без ефедрини и слични состојки. Јас не сум упатен во вакви препарати (само мајка природа и волја што се вели аматерски/хоби :wink:) и не би да советувам...може само да солам памет да јадете овошје и зеленчук, веј, риба и јајца :)

еве нешто најдов цитат од овде
http://herkules.com.mk/index.php?option=com_kunena&Itemid=56&func=view&catid=16&id=384#386
HYDROXYCUT е формула од водечки доктори по медицина. Состојки во него се клинички проверени дека ги намалуваат телесните масти до 7,9%, ја зголемуваат енергијата, ги согоруваат калориите до неверојатни 40% и го контролираат апетито. Овој производ е толку ефикасен што на две посебни клинички студии покажал дека неговите основни состојки го предизвикуваат намалувањето на телесната тежина за 4-5 пати повеќе во споредба со вежбите и диетите. Не се препорачува конзумирање на кофеински напитоци заедно со него.
Начин на употреба, Земете 2 капсули со 220 мл вода, 2-3 пати дневно, 30-60 минути пред оброците. Само кога тренирате земете пред тренинг.
Али најсигурно за ова да го почекаме г-дин Ѓороски за мислење како стручен и признат во оваа област (и мене ме интересира ако е ефикасно можеби покрај секојдневното ќе пробам малку и вакво нешто).

fdfff
 
Одличен производ кој потекнуваод фирма со добро име и резиме. Само пак ќе повторам, искористете го природниот потенцијал на почетокот на секоја диета, па кога ќе дојдете до застој тогаш посегнете по некој додаток. И убаво би било тоа да иде степенесто, или од послаб кон најсилен. На тој начин ќе можете и имате секогаш кец во ракав, за некој следен пат.
 
Хмм , не знам зашо али у последно време а почнам да кревам некои тежини , осеќам невиден замор и неам сила ни 2 серии да направам ....Не е ни чудно шо неможам да накачам на поголема тежина ...

Чаре за ова ?
Зашо се дешаа ова ?

Тенк ју

ццц значи реши да слабееш по секоја цена , мој совет среди ја исхраната и чисти се нормално , а не без јадење, кје ти падне имунитет, мускулна маса( која се кладам дека до сега ја имаш изгубено ) и све што е пропратено со неправилна исрана
 
Кои вежби се добри за да се рашират малку рамената и рацете а притоа да не се вежбаат толку трапезите бидејќи ми се доста изразени од досегашните вежби
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom