Мене баш тоа ми рекоа дека морало да се добие запалење на мускулите. Наеднаш ми рекоа дека требало со 10 кг да се почне. А јас имав мака и само шипката да ја кренам.
Па еве веќе 3 дена одам секој ден без ни малку пауза. А никогаш не сум вежбал ништо. Скроз од 0.
Работата е што никој ништо не кажува. Газдата на почеток рече дека ако сум сакал некој убаво да ми објасни тоа требало да е личен тренер, а тоа се плакало 100 евра. Мене на почеток ми објасна еден човек кој вежба таму. И сега некој од дечките кои вежбаат.
Јас од тоа што досега го исчитав од интернет страниците и форумов е дека после секое вежбање треба да има слободен ден за да можат да се релаксираат мускулите.
Во право сум или грешам?
10 кила (за на бенч - легнат на рамна клупа и кревање шипка) реално гледано се малку накај таман (за ептен почетник). Ама чим тебе ти е тешко, нема што да ги слушаш, ќе си почнеш со малку помала тежина, и за недела-две (од кога ќе ти помине воспалението на цело тело) се ќе си биде како што терба, и 10 кила ќе ти бидат смешни
А воспаление ти сакал-нејќел ќе добиеш (па вежбаш да му се сневиди и тоа прв пат

)
Тоа што газдата не ти кажува ништо... си брка муштерии или со еден збор - копук. Јас кога почнував, газдата не беше секогаш таму, ама кога е таму, СЕ ти кажува, и исхрана, и дишење, и држење на телото, вежбање... а кога не е таму, ако има некој таму ќе ти покаже. После тоа, со малку логика се се средува.
Тренирав (и сеуште така правам) 3 пати неделно (пример: Понеделник, Среда, Сабота, некои такви комбинации). Телото се развива/обликува кога се одмараш.