Полека се крои тактиката за пелагониското дерби со Победа
16 Април 2010
На два дена пред пелагониското дерби фудбалерите на Пелистер и стручниот штаб полека ја кројат тактиката за недела. Стручниот штаб е задоволен од начинот на кој се работи и за односот на фудбалерите кон зададените задачи. Без разлика дали се работи за младите или оние поискусните сите без збор тренираат и се подготвуваат не само за овој туку и за останатите натпревари.
Еден од најмладите, кои се појавија како изненадување за битолската публика, е
Владица Брдаревски кој игра на местото десен бек, а и често го гледаме и во офанзивни задачи.
-Тренирам и играм според задачите кои ги добивам од стручниот штаб и тренерот на натпревар. Мислам дека досега ги оправдав очекувањата на тренерите и публиката, но морам да работам уште многу за да стигнам онаму каде сум тргнал. Јас и неколкумина од младата екипа ја имавме шансата да се приклучиме во првиот тим и да заиграме во зелено-белиот дрес, а тоа беше и наша најголема желба. Желбата, конкретно мене, ми се остраври но морам и да се докажувам секојдневно. Тоа го правам, а така и ќе продолжам.
Пред три дена игравте во Кичево на ревијалниот натпревар на двете младински селекции, како сте задоволни од настапот?
-Самата покана да се учествува на ваков натпревар е голема работа и е признание не само за мене туку и за сите кои мене ме подготвувале во Пелистер и ме тренирале. Довербата која ми е дадена од страна на селекторот ќе ја оправдам секогаш кога ќе бидам повикан, вели Владица.
За неделниот натпревар, десниот бек на Пелистер кратко вели:
-Немаме примено гол во Битола оваа пролет, а не мислиме да примиме и в недела. Сега останува на напаѓачите да погодат во проптивничката мрежа, а бодовите да останат во Битола.
Детето е боза убедливо најслабиот во првито состав и сите грешки и кисови ги прави само тој и како игра прва постава само љамче знај другиот бек што го имаме тој од буковски што е што играше порано во силекс е звер а овај малиот дали дека е мал па со сила го форсираат јас стварно не знам зошто игра прва постава се плаши да влези во дуел а ако оди во напад на отворен простор не шутира тука подава и има страв а во одбрана е уште по слаб е сег адали тренерот што рече дека ќе форсираат млади играчи е некоја тактика или пак се некој пријатели стварно не знам зошто игра овај :kesa:
“Пелистерци” конкретни, Победа ја почитуваме, но и бодовите
17 Април 2010
Фудбалерите на Пелистер денес ја затвораат релаксирачката седмица и веќе од утре со натпреварот против Победа го започнуваат новиот циклус, кој ќе го завршат со полуфиналниот натпревар од Купот.
-Работевме добро, иако со малку намалено темпо, и полека влегуваме во форма која ја посакуваме да ја постигнеме кон крајот на месецот и почеток на мај кога не очекуваат важни натпревари. Оваа седмица помина во подготовка на натпреварот против Победа, а по подолго време имавме повеќе време да работиме на тактички план, вели Љамчевски за тоа како ја поминаа оваа седмица, а за она што го очекува во недела вели:
-Натпреватите помеѓу Пелистер и Победа од секогаш биле интересни за битолчани, а некои кои се играле пред 20-30 години се прераскажуваати денес. Победа е добра екипа и ако во последниот натпревар кој се одигра во Битола, дојдоа некомплетни, сега сигурно нема да биде така. Победа е добра екипа, против која мораме да играме комплентно сите максимално и да не дозволиме тие да се наметна. Не смееме да грашиме, бидејќи во нивните редови има квалитетни фудбалери кои ќе ја казнуваат секоја грешка. Јас ќе повикам на претпазливост, а ако фудбалерите испочитуваат се што ќе се договориме можеме да се надеваме на поволен резултат.
Тони Велјановски оваа пролет игра стандардно во одбраната, а за разлика од тренерот вели кратко:
-Победа ја почитуваме во секој поглед, како фудбалски ривали, како соседи, како пријатели, но мислам дека бодовите ќе останат во Битола. Имаме добра серија од победи оваа пролет во Битола, која мора да продолжи.