Една вечер си доаѓав од факултет, беше можеби -10 степени и сред улица ми претрча многу мало маче, јас тргни тоа по мене, пак ќе поодам тоа пак по мене мјаука и што да правам немаше друг начин и морав да го земам. Си земав едно пакетче и дома донесов нов член. Мислев дека мајка ми ќе ме убие, ама кога го виде неможеше да му одолее и се навикна повеќе отколку јас. Вечерта го избањавме и така водено личеше повеќе на глувче отколку на маче, вечерта прв пат зајаде и за секој случај да не е настинато му растворивме капсула ампицилин. На почетокот го чувавме во претсобје, а потоа се научи да спие на стомакот на татко ми. Баш ми беше многу чудно што не се плашеше од вода и можевме на раат да ја бањаме, млеко пиеше исклучиво само со какао, риби и сирење нема шанси, ама за грав душа нејзина. Од правосмукалка и од фен немаше душа. Сите испити заедно ги учевме, само ми разлистуваше низ книгите, највеселите денови ми поминаа со таа мачка. Моментално ја чуваат мои роднини, бидејќи толку ми дозволуваа условите во станот.