Скопје calling... асална Архитектура needed!

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ви се допаѓа архитектурата во Скопје?


  • Вкупно гласачи
    236
Значи постов не е од гледна точка на турист, не е од архитект, туку е од мене, една обична Скопјанка што секој ден ќе биде принудена да го гледа и доживува глупавиов плоштад.

Прво се напињам пошто оние глупине споменици што ги редеа на плоштад (чоек дрво, заљубените, тие шмизлите кај Теранова) ги нема на снимкава. Па што ги ставаа, ако планираат да ги тргнат или битно беше да се сликаат со нив па после у канта.
Второ, не ја можам таа портата глупава. Врска си нема со ништо, само ја тупнале таква кичерајска целата и кажувам како Скопјанка (не како сите туристи на светот што ќе трчаат кај нас да се сликаат под портата) ич не ми се свиѓа.
Црквата е убава, ама местото не и е таму. Одма ќе влече проблеми да се изгради џамијата,а башка што го блокира пристапот кон ГТЦ. А и Александар ја брка со мечот или шо и да држи.
Таа фонтаната не е лоша, јес да мислам дека Ацко е преголем.
Гоце го има сто метра подоле, у парк. Ама пеш е таму. Башка туристите и онака само на плоштад ќе дојдат, ќе се испосликаат, тука им е хотелот за преспивање, црквата да се помолат и низ портата право накај дома. Таман по пат Никола Груевски, ова Карев де, и ВМРО да им мафнат за среќен пат.
Врхунац ми се лавовите, е тие среќа што ќе ги стават откако ќе завршам факултет па нема да ги гледам секој ден додека идам натака. Имаш билборди со стари испокинати плакати, бандера, реклама со Ламбе за таа облеката и лавиште грдо и огромно.
Више нема потреба да зборам за пренатрупаност, тие споменици се многу за цел град,а не па за плоштадот.
Градбите од карши што знам... нешо е добро, нешто не е. Некако ми се без везе, неповрзани. Повеќе ќе бев задоволна со модерни објекти, со стакла едно друго.

Ќе речат вкус е во прашање, ама кога веќе се работи за град и плоштад во кој живеат луѓе, ваљда најдобро е да се прашаат токму тие луѓе како сакаат да им изгледа градот во кој живеат.

Е не протестирам единствено за Филхармонијата и Театарот :)
 
Miciiiiii...nedostigu moj, kaj si mor??

Бај д веј, да, Кензо бил визионер, ама тогашните велможи ја ебале утката, како и сегашниве шо ќе ја ебат.
 
Се труди градоначалникот на Скопје со вакви мизерни снимки да привлече гласови и за следните избори, демек што би било кога би било. Чисти глупости, не верувам во вакви научно фантастични филмови бидејки знаеме што беше и што е разликата на Скопје пред 5 години и што е сега (НИШТО, нема разлика).
 
Сметам дека има некои излишни и непотребни работи, нема да се задржувам на тоа, само ќе кажам фала к., што на некој му текна на Ченто. Ете така. Ако веќе се градат споменици, тој е еден што заслужува секаква почест!
 
Новиот изглед што е претставен на клипот делумно ми се допаѓа. Ќе биде убаво, ама плоштадот пренатрупан.
 
Вака.
Значи наместо да се реализираат сообраќајни проекти посебно тунелот под плоштадот и други сообраќајници тие се зафаќаат со антички објекти и се форсира само плоштадот како да е единствен. Другите делови се запуштени и владава упорно продолжува и со намерите да гради црква и да поставува 1000 споменици на 1 квадратен километар.
Срамота.
 
Жално... ако му се случи на Скопје ова... отиде градот во неповрат.
 
:pos2::pos2:
жално :tapp:
шо е жално бе ....
мрчатори ...
барем ќе заличи на главен град :toe:
 
Од прво гледадање делува одлично, запрепастувачки добро! Но, што правиме ако во 2012 паде влада и дојде некој друг што уво го боли за предходните планови? Го гледам Скопје во 2012 со нова влада и полуизграден, полураскопан центар, згради без фасади,... нешто слично на катната гаража зад зградата на ВМРО што со години чека да биде довршена... страшно :S
 
Од прво гледадање делува одлично, запрепастувачки добро! Но, што правиме ако во 2012 паде влада и дојде некој друг што уво го боли за предходните планови? Го гледам Скопје во 2012 со нова влада и полуизграден, полураскопан центар, згради без фасади,... нешто слично на катната гаража зад зградата на ВМРО што со години чека да биде довршена... страшно :S

Комуњарите ќе дојдат на власт?
 
Само ме интересира како ќе се пристапува до ГТЦ, како што гледам црквата го зафаќа целиот простор. Инаку за ваквото уредување на строгиот центар на скопје јас би рекол Црн бумбар, т.е. катастрофа.
побанална работа немам слушнато:pos2:..јас како што знам ГТЦ има ДВА ГЛАВНИ ВЛЕЗА,и неколку споредни-кеј и жена-парк
 
Одлична иднина за Скопје!

Само што со рајата македонска, жално е во таква иднина да продолжи простава раја да живее.
 
Пренатрупано, исто како малите деца кога расфрлаат играчки. Значи се гради без план и перцепција за естетика тоа што го видов на клипот е хаос, осакатување на централното подрачје. Ајфелова кула и Венеција има и во Лас Вегас ама не е тоа тоа. Треба да се насочиме на тоа каква архитектура можеме да оставиме сега, за наредните генерации, а не да се враќаме векови наназад и да градиме објекти кои ни малку не се вклопуваат во своето опкружување.
Да сме на јасно: ја почитувам Македонската историја и сум за поставување на споменици на историски личности, но не се согласувам со планот што е прикажан на клипот.
 
Убаво е да се покрене прашањето за изгледот на Скопје, но далеку од тоа дека треба да се одговори на ваков начин. Жално е тоа што му се случува на Скопје од ден на ден. Жално е какви планови му се кројат до 2014. А најжално од се е што И ТЕ КАКО е можно да се започнат сите овие проекти и да дојде до смена на власта и Скопје да остане исполнето со недоградени згради и обвиено во прашина. Тек тогаш на што би личел главниот град... :icon_roll
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom