Мех,пола од вас се fan-boys,необјективни да ја согледаат дупката во која пропаѓа серијава.
Настрана сите нелогичности и дупки во приказната,15 епизоди ја "бркаме" Scylla,и сега оддеднаш ај ќе ја враќаме.
Не била тоа што мислеа,goddamn it.
Не се чуствувавте како да потрошивте 15 епизоди за џабе,односно толку минути од вашиот живот за да дојдете пак на исто,односно на почеток од 4та сезона?
Плус,која е оваа глупа тенденција сите ликови кон добро да тежнеат?
Гречен,Ти-бег,дури и покојниот Белик.
Ма дај,патетично е веќе,единствен кој има некаква конзистентност во ликот е Ти-Бег,секогаш беше лисица и преживувач,и сега е тоа,со врската со Генералот.
Мајкл станува поглуп секоја епизода,а постапките му се легендарни,наместо да остави на Сукре да отиде и да земе една проклета торба,он инсистира да оди сам.
Пази,опасниот архитект со Ај-Кју за Менса,не помислува дека со такво одење ја загрозува само операцијата,ама иначе како ќе искомплицираат за нови епизоди.
Линкон е патетичен,единственото "опасно" кај него е големите мускули,го направија без памет,без лик,без мислење.
Jodi Lyn'O'Keefe се помалку користи глума,а повеќе сексапил и покажување нозе/тело.Не е она крива,сценаристите се.
Јас не викам да прекинат со серијава,туку да ги вратат сценаристите од прва сезона,барем на две-три епизоди.
Има фина критика на IMDB.com,првата сезона беше чисто злато,непредвидливи ситуации,заплети,компликации,распон на ликови и улоги.
А со оживување на ликови,мислам дека бетер од Heroes станаа,досега 3 лика се вратија од "наводно починатите".
Бар Peter Stormare нека се врати,или нека го направат Fichtner главен лик,да го гледаме што повеќе.
Изгубен шарм,изгубени дијалози и лошо обработено сценарио.
Со појавување на Lost,Office,House и Heroes во јануари,оваа серија ми е на далечното петто,последно место.
И ај сеа,ругајте ме како секој има право на свое мислење,јас пробав да ви покажам што објективно не вреди веќе.
Погледајте епизода од прва сезона,и од 4та.
Па споредете и сами.