Не - нема теорија до карти да дојдеме „организирано“. Имаше варијанта преку Бугарски фан клуб да се оди ама не ја истуркавме до крај таа работа затоа што вклучуваше префрлање на одредена сума Евра на с-ка на организаторот во Бугарија. Тие што ќе требаше да го предложат ова, вклучувајќи ме и мене, не сакавме да ризикуваме со ова за да испадне играчка-плачка работава со парите.
За набавка на карти општо, за кој било натпревар, се правеше муабет неколку пати до сега и заклучокот е дека:
1. Оваа сезона карти НЕ МОЖЕ да се набават официјално од Баерн (продадено е се уште од Август/Септември),
2. Ако сакаме некаде оваа сезона мора барем 2 месеци унапред да знаеме колку души за да би се обиделе да набавиме од фан клубови во Германија кои набавуваат карти уште на почеток на сезона,
3. Пред почеток на наредна сезона ќе добиеме писмо од Баерн за официјално да си нарачаме карти за натпревари по избор, но во разговор со Германските навивачи ми беше кажано дека за да би имале реални шанси да добиеме карти ќе треба да нарачаме барем за 2-3 натпревари (зш во принцип за секоја карта пред сезоната клубот добива 5-10 барања).