^ Во право е колега Боби Гомез е тешка провалија. Овие три гола не го менуваат фактот дека тој е цепаница....и ќе си остане тој надежен ќе си се надевате секое наредно коло дека ќе проработи
Абе вие си мислите Гомез сеа даде хет-трик и одма сите се попаливме на него. Јас ако не следиш, го поддржувам од моментот кога дојде кај нас. Никогаш немам пишано дека сакам да си оди или дека е дупка и слично. А за тоа дали ќе се надеваме, или навистина ќе проработи, останува да видиме.
Еве ќе ти го дадам пример Швајни, првите неколку години кога почна да игра за нас беше талентиран, надежен фудбалер кој никогаш не се покажа во вистинско светло. Се мачеше со различните позиции, тренери и цело време не можеше да дојде до израз неговиот потенцијал. Сега е незаменлив лидер во Баерн и Германија.
Таква слична е и ситуацијата со Гомез. Со таа разлика што на овој му ја знаат позицијата само не добива шанса да се докаже колку вреди. Лани еден период кога изигра неколку натпревари со ред, влезе во форма, и немаше натпревар да не постигне минимум по еден гол. Па се повреди и одтогаш не доби никаква шанса.
Сега останува само да видиме колку вГаал е човек и колку ќе му дозволи да игра и да си го зацврстува местото во првиот тим.