УЕФА ЛИГА НА НАЦИИ 2026/27

Јамин Ламал :LOL: Него мушки изиграа енглезите. Таљаните неможат да се состават 15 години.

Не е до толку до Италјанците колку што е до Белгијците како репрезентација.

Како на забрзана снимка играа Белгијците, Доку е феноменален фудбалер со голем фудбалски осет. Би рекол едно од најдобрите леви крила во светот несомнено и достоен наследник на Еден Хазар на истата позиција. Да не спомнувам за другите фудбалери како Мореира од Милан и Де Кетеларе.

Сите некако ја отпишуваат Белгија и не ја сметаат за релевантна откако му остаре златната генерација, ама и оваа генерација не е воопшто лоша, и сите забораваат дека Белгија најмногу ја измачи Шпанија на Светското првенство.

Штета што Де Брујне е веќе стар и истрошен фудбалер, иначе и тој да ги имаше овие соиграчи на 25-26 години ќе беа уште посилни и би рекол на исто ниво со Шпанија, Англија и Франција.

И онаков стар истрошен се познава дека Де Брујне го владее фудбалот и е вистински мајстор. Какви само топки делеше буквално како да го контролираш на плеј стејшн. Доктор.
 
Значи можеле англичаните да задржат водство после исклучен играч.
Само секако, најбитната разлика е што го немаа Инфантино за противник.
 
Хрватска нема никаква иднина имаат еден солиден играч батурина матурина
Ги имаат и Вушковиќ Мушковиќ, Сучиќ Мучиќ x2, Гвардиол Мардиол, плус константно вадат нови млади играчи. 4 порази од можда двете најсилни европски репрезентации во моментов не е знак за пропаст. Чешка лесно си ја победија два пати, тоа им било нивото отсекогаш горе-доле.
 
Ги имаат и Вушковиќ Мушковиќ, Сучиќ Мучиќ x2, Гвардиол Мардиол, плус константно вадат нови млади играчи. 4 порази од можда двете најсилни европски репрезентации во моментов не е знак за пропаст. Чешка лесно си ја победија два пати, тоа им било нивото отсекогаш горе-доле.
Гвардиол е сосема просечен играч како ќе градат репка на база на пар штопери? Вушковиќ е навистина талент и Брајтон игра јако оваа сезона но останува да видиме. Па одбраната им беше бизарнно лоша примија 17 гола еееј, дома 0-7 тоа е левел Сан Марино. Кој црн сучич такви се дајм а дазн, сеуште 41 годишниот Модриќ е алфа и омега таму. Замина нивната генерација и нема да се врати никогаш. Имаат три медали на СП( и ужасен биланс на ЕП) што мора да се почитува но беше што беше, реалноста им е ниво со умрени чешка и слични.
Автоматски споено мислење:

Јас ја гледав Холандија - Србија, полека но сигурно ги склапаат коцките Србите и вчера беа тотален егал на моменти и подобри од Холанѓаните. Со многу млади деца дебитанти, дрчен, директен фудбал. Ако успеат да истераат по патот по кој тргнале и да се ослободат од суетите на его манијаците можат да имаат доста јака репрезентација во иднина
Кој коцки бе какво надигрување на последно место се со НУЛА бодови, немоќ и блам е нивната иднина од Албанија изгубија дома, србија ќе има јака репка таму во 22 век, има време, наши правнуци ќе сведочат на освајање на ЕП во 2114 година, јак потенцијал. Наведи еден играч барем еден кој е малку повеќе од тежок просек. Немаат ниту еден играч во ПЛ ете оној Лукиќ беше во Фулам но го продадоа пошто беше слаб, смараа со таа титула на У20 СП и од нив во сениори не се снајдоа баш, генерација на флопови и разочарувања, никогаш немаат излезено од групна фаза откако играат сами како Србија.
 
Ау каков фудбал им игра Германија во второ на Холнѓаниве.
 
Ау каков фудбал им игра Германија во второ на Холнѓаниве.
Знае Клоп да направи атмосфера во екипата. Ги столчија или како што вика Иреал неетички фудбал им играат ;)
 
Мама миа, кози и овци во одбраната на Италија:D
Автоматски споено мислење:

Вирц стандард гази за Германија.
Уште да се подобри малку во Ливерпул, па ако му се поклопат коцките во иднина ќе лапа златна топка
Вирц со Клоп гази, со тие вашите трубачи од тренери и не баш.
 
Вирц со Клоп гази, со тие вашите трубачи од тренери и не баш.
Воопшто не е толку лош колку што јавноста го претставува.
Ќе се засили средината и ќе профункционира и тој во право светло.
Едниот трубач веќе крена ПЛ.
Другиот ќе крени во иднина.
 
сеа може да се падниме ако минеме бараге во група со Грекосите ??
 
сеа може да се падниме ако минеме бараге во група со Грекосите ??
Бараге е за опстанок во лига Б. Врска нема тоа со во која група ќе се паднеме.

Грекосите се во шешир 1, ние во шешир 3, така што - може, ама мала е веројатноста, со оглед на тоа што тие ќе играат во група со 5 репрезентации, а ние најверојатно со 4.

Еве со кои не можеме да се паднеме:

Screenshot_20261118_063411_Chrome.jpg
Автоматски споено мислење:

Еве еден симулатор каква група ни направи:

Screenshot_20261118_065039_Chrome.jpg
 
Последно уредено:
Бараге е за опстанок во лига Б. Врска нема тоа со во која група ќе се паднеме.

Грекосите се во шешир 1, ние во шешир 3, така што - може, ама мала е веројатноста, со оглед на тоа што тие ќе играат во група со 5 репрезентации, а ние најверојатно со 4.

Еве со кои не можеме да се паднеме:

Прегледај го приврзокот 491474
Автоматски споено мислење:

Еве еден симулатор каква група ни направи:

Прегледај го приврзокот 491475
За што се овие групи? За каков бараж се работи? Дали Лига на Нации е одвоено натпреварување и нема врска со квалификациите за ЕП/СП?
Останете со нас по рекламите да добиете одговор на овие прашања.

Шала на страна, целосно сум изгубен со ова што направија од репрезентациите.. Освен ако не се внесе човек и да се замара, ептен да го интересира, мислам дека ретко кој знае што се случува со овие натпреварувања...
 
За што се овие групи?
На 6 декември ќе се извлекува жрепка за квалификации за Европско 2028.

Дали Лига на Нации е одвоено натпреварување и нема врска со квалификациите за ЕП/СП?
Да, одвоено е, но поврзано е:
1. Шеширите според кои ќе се извлекува жрепката се креирани според моменталниот пласман во Лигата на нации
2. Победниците во групите во сите лиги во оваа Лига на нации имаат можност да играат бараж за Европско 2028, ако не обезбедат пласман преку квалификациите. Исто како Македонија минатиот пат.
За каков бараж се работи?
Баражот што ќе го играме против Белорусија, Кипар, Естонија или Фарски Острови е бараж за опстанок во Лига Б за следната Лига на нации. Особено е важно да останеме во Б, зашто од следната Лига на нации се менува системот на квалификации за светски и европски првенства, па така,
-квалификации за директен пласман на светски и европски првенства ќе играат САМО репрезентациите кои се во лига А и лига Б
-репрезентациите во лига Ц ќе играат квалификации за бараж. Никој од нив (18 репрезентации) нема да обезбеди директен пласман.
 
Четвртфиналињата во Лига на нации 2026/27:

1795174131816.png

И уште еднаш баражите за опстанок:

1795174173064.png

На 06 декември, кога ќе биде извлечена жрепката за квалификации за Еуро 2028, сите овие репрезентации (освен 2 од четвртфиналистите) ќе играат во групи со по 4 репрезентации, значи голема е веројатноста нашата група да биде целосно составена со 3 од овие репрезентации.
 
Back
На врв Bottom