Трибиани
Ванда Вештерката
Јамин ЛамалНего мушки изиграа енглезите. Таљаните неможат да се состават 15 години.
Не е до толку до Италјанците колку што е до Белгијците како репрезентација.
Како на забрзана снимка играа Белгијците, Доку е феноменален фудбалер со голем фудбалски осет. Би рекол едно од најдобрите леви крила во светот несомнено и достоен наследник на Еден Хазар на истата позиција. Да не спомнувам за другите фудбалери како Мореира од Милан и Де Кетеларе.
Сите некако ја отпишуваат Белгија и не ја сметаат за релевантна откако му остаре златната генерација, ама и оваа генерација не е воопшто лоша, и сите забораваат дека Белгија најмногу ја измачи Шпанија на Светското првенство.
Штета што Де Брујне е веќе стар и истрошен фудбалер, иначе и тој да ги имаше овие соиграчи на 25-26 години ќе беа уште посилни и би рекол на исто ниво со Шпанија, Англија и Франција.
И онаков стар истрошен се познава дека Де Брујне го владее фудбалот и е вистински мајстор. Какви само топки делеше буквално како да го контролираш на плеј стејшн. Доктор.
Него мушки изиграа енглезите. Таљаните неможат да се состават 15 години.

