Тука коментираме книги

  • Креатор на темата Креатор на темата LiquidHeII
  • Време на започнување Време на започнување
Кој ви е најомилен од Руските автори?
Изборот е огромен и не е лесно.
Мене Тургењев.

Прегледај го приврзокот 489812
Од 4 од овие автори никогаш не сум прочитал ништо (Лермонтов, Горчаров, Бунин и Набоков), освен можеби некој расказ од некои од нив, што не е доволно. Толстој, Чехов, Гогољ, Булгаков, Тургењев кај мене го делат првото место. Плус тука би ги додал Хармс и Шолохов, кои ги нема на листата.
 
Реално, сите се добри, можеби Горки ми е најслаб од списокот. Набоков е препорака од мене, речиси нема лоша книга. Гончаров е автор на можеби мојот најомилен роман од руската класика „Обломов“. Изгуглајте што значи „обломовштина“. Бунин исто така одличен автор, премин помеѓу руската класична книжевност и современоста.
 
Сте виделе ли некаде по книжарници останати изданија на Блесок?

Во Полица. Само што ќе влезеш од вратата лево има помал штанд со изданија на попусти.
 
1794868838488.png1794869091122.png

Демони или бесови, прашање е сега.

Демони е на 50% и убедливо води со цена. Како е со превод и графичко уредување? Некој со повеќе инфо?
 
Прегледај го приврзокот 491386Прегледај го приврзокот 491388

Демони или бесови, прашање е сега.

Демони е на 50% и убедливо води со цена. Како е со превод и графичко уредување? Некој со повеќе инфо?
Станува збор за 2 различни преводи на исто дело така? Демони е постарата верзија, Бесови новата.
 
Бесови е правилен назив на книгата.
Според насловите, претпоставувам Демони е превод од англиски, а Бесови од рускиот оригинал.
Во право сум, се гледа и на скриншотот.
 
Станува збор за 2 различни преводи на исто дело така? Демони е постарата верзија, Бесови новата.
Да, истото дело е, различен преведувач и издавач. Мислев некој да не правел споредба меѓу двете.

Бесови е правилен назив на книгата.
Според насловите, претпоставувам Демони е превод од англиски, а Бесови од рускиот оригинал.
Во право сум, се гледа и на скриншотот.
Па баш и не, бесови и демони се синоними, ваљда зборовите имаат различно потекло, латински-грчки-старословенски. Некој лингвист може да каже.
 
Да, истото дело е, различен преведувач и издавач. Мислев некој да не правел споредба меѓу двете.


Па баш и не, бесови и демони се синоними, ваљда зборовите имаат различно потекло, латински-грчки-старословенски. Некој лингвист може да каже.
Бесови е на словенски.
Така е оригиналниот наслов.
 
Back
На врв Bottom