Premier League - 2026-2027

  • Креатор на темата Креатор на темата Факе
  • Време на започнување Време на започнување

Факе

Highbury–the Home of Football
Член од
6 март 2010
Мислења
9.684
Поени од реакции
10.813
Screenshot 2026-08-07 223006.png

Гледајте ја сликата и уживајте во уметноста!

Драги Кајганаџии, не миленици на варени јајца, добредојдовте во темата за новата 2026-2027 сезона на Премиер Лигата, највозбудливата, најгледаната, најквалитетната, најдобрата бр.1 фудбалска лига во светот!

Пред да навлеземе не толку опширно во новата сезона, доста вредно е да се спомене минатата сезона, ко увертира за тоа што ни престои во наредните 10 месеци.
За тие што не знаат, како @dragonsky и мојот РИП кајгана пријател РАТМ, минатогодишниот и актуелен шампион на Англија е АРСЕНАЛ, кој се заќити со својата 14та титула. На врвот гледајќи историски пред Арсенал се само Манчестер Јунајтед и Ливерпул со по 20 титули, под нив се Манчестер Сити со 10 титули, Евертон со 9, Астон Вила со 7, и Сандерленд со 6. Ова се 7те клуба со најмногу успех во историјата на Англиската прва лига, најстарата, најславна, најгледена и најдобра. Патем, честитки на Манчестер Јунајтед и нивните навивачи и они освоија титула лани, Бруно сруши рекорд на асистенции. :aplauz:

Патем најголеми суши за Англиска титула у прва лига иде вака:
Ливерпул - 30 години
Манчестер Јунатед - 26 години
Арсенал - 22 години

Ги споменувам само најголемите клубови у Англија, вака можам за рандом клуб ко Челзи можам да кажам 50 години, али зашо се некаде на нивото под Сандерленд, не се вредни за споменување.

Што се дешаваше минатата сезона, ништо ново у Београду, Арсенал е пак шампион после 22 години :icon_lol: У меѓувреме авторот Факе, заврши основно, средно и факултет, смени две-три работи, од човек со многу коса и малку брада, до човек со малку коса и многу брада. Body count со жени му е завиден, небитен факт, али да го внесам овде, зашо не, се надевам се гордеете со мене. :cool: ПС: Брадата е топ ствар, паѓаат жените, слушајте ме, пуштајте. :)

Хејтерите велат лани Арсенал играа дефанзивно, копачки, харамболски, голови само од корнери, вистината е дека играа перфектна тики-така што Кројф и Гвардиола им завидуваат, кој од горе, кој од долу. Најдобар голман, најдобра одбрана, најдобар среден ред, најдобар тренер by far и втор најдобар напад, јбг Викингот е животно. Вредно за напоменување, финалист на ЛШ, водство од 65 мин, глуп пенал, лоши пенали изведени од црнци, спречија да имаше самоубиства по светот вклучувајќи и овде на форумот. Шо е наше ќе си дојде, само се надеваме дека на Факе брадата нема да му е бела кога ќе се деси тоа.

Што ќе се дешава оваа сезона. Лесно, шампионот на најдобрата лига у свет ќе ја одбрани титулата, зашо? Пошто се најдобри. Идемо тим по тим. Трансфери не пратам доста, затоа ќе нафрлувам. Не навлегувам у 20те тима поединечно, туку само ТОП 5 од лани, другото е боранија. :)

АРСЕНАЛ - ШАМПИОНОТ
Шампионот оваа сезона влегува ко главен фаворит за титулата, што и секој нормален и малку паметен човек може да го процени. Моментално ја имаат најдобрата одбрана и среден ред во лигата, за одбраната многумина викаат дека е најдобра и на светот. Едино вредно за споменување засилување е Бруно Гимараеш кој е веќе потпишан и се чека официјално соопштение од клубовите. Левото крило е проблемот на Арсенал, уште повеќе откако си отиде Тросард. ВМРО 3, гркот не го споменуваме. Пробаа Циганициус Јр да го земат, неуспешен обид. Се зборува Алварез и уште 10мина, но Арсенал мора да искешира јако на лево крило, ако сака да е подоминантен од ланската тики-така.

Манчестер Сити - Тhe Bottlers
Што да се каже за оваа екипа, на страна 115, на страна нафтата и арапите, го издоминираа фудбалот у Англија последните 10 години. Куп рекорди срушени, у сезона 4 домашни титули, требл, 4ри по ред, 100 поени у сезона итн итн и сето тоа под водство на објективно најдобриот тренер у историјата на фудбалот Пеп Гвардиола. Еднино нешто свето шо не можеа да го надминат они ниту пак никој друг е инвисибл на таткото на фудбалот, Професорот Венгер. Тој Пеп, беше пензиониран од неговиот ученик Артета Бил Ладен. Нека ужива у пензија, нов лик е главен, Микел Артета. Главно засилување е Андерсон од Нотингем за нз колку вртоглави милиони, дали ќе е погодок ќе видиме. Родри пред излезна врата, а имаат и нов тренер. Мареска, кој на сред сезона пошто беше у мал клуб им најави на челниците на веќе поранешниот клуб дека ќе си замине за да го наследи Гвардиола. Секој нормален со малку мозок би го направил истото. Браво Мареска. Дали е правиот човек за да го наследи Гвардиола, ќе видиме.

Манчестер Јунајтед - 14 години без ПЛ титула and counting (завршетокот на оваа сезона е 14та година)
Искрено честитки до Јунајтед и нивните фанови на форумот. Ја освоија највредната титула на светот, Бруно верверицата го сруши рекордот за асистенции. Уште чекаме риплеј од последната асистенција btw. Го договорија ѓаволите Керик за уште неколку месеци пред да му мавнаат пак отказ и овој бушавиот со 5 wins in a row уште повеќе пари да прави. Како само мене не ми текна такво нешто кога имав уште коса и кога Арсенал беа слаби, али и тогаш пак имаа по неколку пати у сезона 5 победи по ред, јбг. Депресија удира овој клуб не моментално, туку години назад, за жал. Ко ќе ми текне Венгер-Фергусон, Арсенал-Јунајтед, играчите, би сакал да се врати тоа време али тешко. Нови засилувања, Онана пак на позајмица веројатно у Турција и Рашфорд повторно назад. Го изгубија дедото Каземиро кој покрај Бруно им беше најдобар играч, го донесоа Тилеманс и Сантош, не левиот бек на Арсенал на времето, туку греачот на клупа на екипата која заврши 10то место. Со среќа.

Астон Вила - ака Гуд Ебенинг
Астон Вила, беше у борба за титула до декември. Гуд Ебенинг, го имаат за тренер, најголемиот тренер лузер у понавата историја на фудбалов. Не успеа да зема со ПСЖ титула, па му го донесоа Нејмар рекордни до ден денес на овој улав маркет за 222 милиони и Мбпачо за 180 за да освои ебено француско првенство. Изгуби од Барселона двомеч у ЛШ притоа имајќи предност од 4-0 од првиот меч. Убедливо најлошиот тренер кој го имал Арсенал во овие 30 години. Јбг само 3ца тренери се малку, ама е реалноста. Екипа на гуд ебенинг е невредна за кометирање, on to the next one.

Ливерпул - You will never walk again (alone?)
Што да се каже за оваа екипа, која ги сруши најсрамните рекорди ланската сезона. Арне Шлот или Димитар Ковачевски? Двајца ќелави, двајцата појма немаат како дошле до таа позиција и двајцата не знаат како направиле толку пари. Можеби и најкатастрофалната сеозна у ПЛ евер. Зашо? 500 милиони у еден траснфер рок на шампиони на Англија и на крај едвај обезбедија ЛШ пласман. Верувам дека Ираола ќе ги опраи, али за шампион тешко, Бил Ладен има ракети да пушта.

Морав да направам special mention, за онака две небитни екипи.

ФК Абрамович - ака пластични, ама прав пример
10 место, 100 милионски казни за прекршување мн работи (замисли тоа да го имаше 2005, ќе беа у стечај) тренерот на сред сезона им вика си идам ја кој ве ебе, си мислиш ја води Беласица на чело со Пинда. Паметен човек Мареска, не е далеку од вистината. Ќе кажев со среќа у новата сезона упс, ако ви иде и Енцо тек тогаш ќе биде интересно. Најзвучно појачување btw Роџерс, ќе видиме како ќе се вклопи.

ФК Тотенхем - ака кокошков батак
Што да кажеме за овој клуб што веќе никој не знае или не би се сложил. А да, два пати по ред завршија 17то место, оваа година и тоа горчевито обезбедија опстанок, а фан фактот е што полани завршија 17то место, Јунајтед 15то место и играа 2ра лига на европско такмичење, нешто ко ВМФЛ, и победија Тотенхем. Се радувам што мојот пријател @vidooq е жив сеуште, му посакувам долг живот. Сепак да изгубиш финале и патем од тоа да ти зависи пласман за ЛШ, треба да си пацерски клуб дефинитивно. Го нема Ферги и судиите јбг. :icon_lol: Да не заборавам, засилувања, Тонали кој не успеа со Италија по 3ти пат да се квалификува на Светско Првенство и тоа еднаш беше запрен од Северна Македонија на чело со Пандев кој не изглегуваше од Мерак (кој не знае што е Мерак нека изгугла за СР), Муслиу ака Неста и Алиоски ака Малдини.

Фанови на Шпанска, Италјанска и Германска лига, знаеме дека многу повеќе ја пратите ПЛ отколку лигата кадешто вашата екипа настапува, така да како и секоја година, така и оваа сте добредојдени со коментари.

Слободно гласајте на анкетава, имате избор ко оној филмот Диктатор кога се држеа избори.:icon_mrgr:

Да повторам, Арсенал шампиони и Микел Артета е единствениот тренер од моменталниве тренери во ПЛ што има освоено ПЛ титула, патем со ФА куп и Комјунити Шилд. Му фали уште Лига купот да ги комплетира сите Англиски титули.

Се извинувам ако имам граматички и интерпукциски грeшки, сепак сум со 400мл ракија на гладен стомак, под водство на мојот комрад @Johnny B :D

Бујрум и наздрајве нова тема, нека победи најдобриот, Арсенал! :love:
 
Последно уредено:
Знаев дека ваков вовед ќе следува, затоа реков не му давајте на Факе да отвора :pos:

Он топик
Ливерпул ја освојува 21вата титула :kezec:
Сити втори
Челзи трети.
Арсенал ќе фатат четврто место на крај колку да не попие отказ Артета :icon_lol:
Тотенхем и Астон Вила ќе го комплетираат топ 6.
Јунајтед ќе го набрка Керик во Декември и ќе го назначат Саутгејт да ги спасува, па ќе завршат 8ми
 
Знаев дека ваков вовед ќе следува, затоа реков не му давајте на Факе да отвора :pos:

Он топик
Ливерпул ја освојува 21вата титула :kezec:
Сити втори
Челзи трети.
Арсенал ќе фатат четврто место на крај колку да не попие отказ Артета :icon_lol:
Тотенхем и Астон Вила ќе го комплетираат топ 6.
Јунајтед ќе го набрка Керик во Декември и ќе го назначат Саутгејт да ги спасува, па ќе завршат 8ми

Еј педер не отворив тема за Сериа А, тука баш како шо требаше и покрај ракијава, симни капа долу на шанпионот! :D
 
Еј педер не отворив тема за Сериа А, тука баш како шо требаше и покрај ракијава, симни капа долу на шанпионот! :D
Ја погоди темата, нема збор за тоа (y)
Очигледно квалитетна е домашната :icon_lol:
Автоматски споено мислење:

Еве доказ дека Ливерпул ќе освои
@Ska Maniac ќе потврди

 
Последно уредено:
Само Сити и скаусерите да не освојат, небитно е кој друг ке ја освои. :gjavol:
 
Влегов на темава само за да гласам (сигурно не за Арсенал, сега пак ќе чекаат една цела генерација за пак да освојат)... арно ама некој попил пола кило Жолта (од мака шо му опаднала косата ваљда) и не оставил никаков избор (а во ЕУ сакаме да влеземе демек) ...
#Петиција до @Acid , секој член шо сака да отвори тема , прво да треба да дува .
 
Влегов на темава само за да гласам (сигурно не за Арсенал, сега пак ќе чекаат една цела генерација за пак да освојат)... арно ама некој попил пола кило Жолта (од мака шо му опаднала косата ваљда) и не оставил никаков избор (а во ЕУ сакаме да влеземе демек) ...
#Петиција до @Acid , секој член шо сака да отвори тема , прво да треба да дува .

Од другар вакво предаство не очекував. Секако ти се придружив у ќелавоста :D А и сигурно Арсенал ќе е шампион пред Јувето у Сериа А, т.е веќе е :sekc:
 
секој член шо сака да отвори тема , прво да треба да дува .
@Костич
Автоматски споено мислење:

Види ги резултативе бе, у анкета сами со себе не може да освојат прво место... :pos:

1786153384385.png
Автоматски споено мислење:

Инаку, шала на страна:

-Честитав бе Факе, како не сум видел, ем ве пофалив, ем заслужено. Да се надеваме нема да повтори :icon_lol:


За сезонава... Не знам дали ќе биде најдобра, ама знам дека е можеби најнеизвесна до сега.

Пола лига со нови тренери е малтене.

Арсенал е #1 фаворит и мислам дека ваљда нема да има изненадување огромно тука, топ 2 ваљда ќе се цела сезона.

Е сега, неизвесниот дел е кои други екипи би се бореле со Арсенал за титула...

Сити - Последниве години не се тоа што се и Пеп ги вадеше колку можеше. Топ тим на хартија, ама немам муда да кажам дека Сити со Мареска одма ќе биде доминантна екипа со ~90 поени во сезона ко од шала

Ливерпул/Јунајтед/Челзи - Овие сите ќе ги ставам во ист кош. Нема да ме изненади било која од овие екипи да се борат за титула, ама и воопшто нема да ме изненади ако не фатат ни ЛШ.

Останати: Тотенхем градат топ тим. Не сакам да кажам дека "ќе бидат јаки, топ 6-7 лагано" ама.... некако ми делува ко да би имале јака сезона или барем сезона каде што нема да се борат за опстанок :pos:

Пошто лани ептен шубе екипи фатија пласман во Европа, мислам ќе има пар тимови кои што ќе бидат далеку послаби од минатата сезона, па мооожеби би имало помалку изненадувања од вообичаено.
Паметните пари можеби се на Фулам да бидат во битка за Европа од овие "изненадувачки" екипи? Астон Вила стандард очекувам да бидат добри, ама ваљда и тие ќе го платат данокот на играње ЛШ па ваљда би фатиле пласман во Европа, но не и топ 5, најверојатно.

За опстанок може да има некоја интересна битка, ама Хал, Ковентри и Ипсвич се ептен послаби од екипиве што лани играа во ПЛ.
Њукасл се исто мистерија, делуваат ко да би ја зеле улогата на Тотенхем од лани, a хот тејк би ми бил дека Сандерленд би ја зеле улогата на Нотингем од лани (а да, и Нотингем се малце шубе екипа за предвидување)

Ако моооорам да предвидувам:

Шампион: Арсенал
Најдобар стрелец: Халанд
Најдобар менаџер: Алонсо
Отпаѓаат: Ковентри (18), Ипсвич (19), Хал (20)
Во топ 4 се и: Сити, Јунајтед, Челзи
 
Последно уредено:
Ја погоди темата, нема збор за тоа (y)
Очигледно квалитетна е домашната :icon_lol:
Автоматски споено мислење:

Еве доказ дека Ливерпул ќе освои
@Ska Maniac ќе потврди

Aко направи трансфер у Ливерпул после аџилаков, да.
 
Нека кренат рака сите што не го прочитаа воведот, а му акнаа реакција на Факе.
 
Нека кренат рака сите што не го прочитаа воведот, а му акнаа реакција на Факе.
Ја го прочитав цел вовед и не му акнав реакција затоа што нема избор при гласањето.
 
Нека кренат рака сите што не го прочитаа воведот, а му акнаа реакција на Факе.
За жал го прочитав. Повеќе збори за него и неговата брада отколку за фудбал.
60% од постот е самореклама, 30% колку Арсенал се јаки, 10% нешто рандом.
 
За жал го прочитав. Повеќе збори за него и неговата брада отколку за фудбал.
60% од постот е самореклама, 30% колку Арсенал се јаки, 10% нешто рандом.
Подолг пост само од Сусаро и Сајбер Рајдер читам, од друг нема шанса. Порано и Ио го читав, меѓутоа човекот одбра грешни патишта.
 
Подолг пост само од Сусаро и Сајбер Рајдер читам, од друг нема шанса. Порано и Ио го читав, меѓутоа човекот одбра грешни патишта.
Треба ко Бијонс со повеќе слики да го надополни за да изгледа поголем за читање.
 
Каков Арсенал бе, било не поновило се, пу пу, скраја да е.
Редно е судиите да сменат малку критериум и Стоук :D извинете Арсенал, да заврши на шесто место:cenzura:
 
Back
На врв Bottom