Фудбалски трансфери - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Бруно во Арсенал ми делува ко топ трансфер, баш тип на играч што е перфектен за Артета, мора да се пофали (y)
 
Долгорочно гледано не е воопшто добар трансфер. Еден куп пари и сигурно висока плата за играч што ќе полни 29 години и има одиграно премногу утакмици последниве години. Башка и бразилец.
Ама на краток рок би требало да заврши работа
 
Бруно во Арсенал ми делува ко топ трансфер, баш тип на играч што е перфектен за Артета, мора да се пофали (y)
Од кога Бруно е топ трансфер? Тој ни кај чавките не беше топ играч, одеднаш ќе стане незнам што.
Проблемот е што нема топ играчи на пазар, па се лупаат цени како Зидан да го купуваат.
 
Фабрицио Романо, Роналдо меѓу новинарите.

Беше меѓу најдобрите, не трпи конкуренција, пати за внимание, а како старее се поодвратен станува.
Пред месец дена со Билбао и Атлетико се скаса преку соопштенија. Еден новинар пред година дена јавно го спука како му кради вести, и да го опомена да го наведи нареден пат изворот а Романо арогантно уште како демек - тој е име и има реноме лајанрот и фала богу, сите ѓупци долу демек поддршка.
 
Последно уредено:
Дај бе тоа транслејтот баталете, пишете ако знаете со свои зборови.
Џабе губам време со вас.
 
Последно уредено:
Дај бе тоа транслејтот баталете, пипете ако знаете со свои зборови.
Џабе губам време со вас.
Очигледно твоите зборови ти се само тебе познати. :icon_lol:
 
Долгорочно гледано не е воопшто добар трансфер. Еден куп пари и сигурно висока плата за играч што ќе полни 29 години и има одиграно премногу утакмици последниве години. Башка и бразилец.
Ама на краток рок би требало да заврши работа
Ако Арсенал одбрани титула во ПЛ и освои ЛШ, Бруно ќе испадне bargain...
Реално земен е да игра во прв тим, Зубименди на крај на ланска сезона скроз се изгуби, Скели му зеде место, така да големи очекувања ќе има од Бруно.
 
Ми бриши аутокоректот пола зборој и реченици од такт ме вади
Па исклучи го бе брат, барем тоа е едноставно. Не знам како можете со аутокорект да функционирате, мене тоа да ми е уклучено во први 20 секунди ќе го фрлам телефонот у провалија.
 
Да го префрлиме ова во теории на заговор?

Дали е уствари истиот човек?
Ќе видиме за некоја недела. Ако не скока како мајмун, големи се шансите да не е истиот.
 
Back
На врв Bottom