Секој гледа тоа што сака да гледа.
"Во текот на изминатите 3 месеца преку Програмата за развој и соработка од Република Чешка, а преку Амбасадата на Р. Чешка се спроведува Пилот проект за означување на планинарски патеки на планината Водно и една планинско велосипедска патека на Скопска Црна Гора." Тоа што го реков, ништо официјално, туку се бои за да се има ориентација. Што е супер.
За Олимписка и за Цветкова пред некоја година кога последно имав некоја комуникација со луѓе од ФПСМ имав информација дека се одработени според елаборат, проценка, класификација и се останато што е потребно за да се утврди како пешачка. Останатите што ги имаат вмрежано се патеки што луѓе ги користат и супер е што се обележани. Само што тоа не ги прави да бидат официјално пешачки патеки.
Поставување на табла за висина и ширина тебе ако ти кажува дека е правен проект, мене ми кажува дека некој ја измерил патеката.
"Да била патеката доволно широка, веројатно ќе можело по неа да се возат велосипеди" - не мора да значи. Пример ја ја земеме Гунда, која што во наголем дел има доволно ширина за разминување. Никој од вас не би се согласил да се евидентира како комбинирана - разбирливо, поради ризикот кој што во секој случај постои. Очекувам така и да заврши. Во секој случај, ширината не подарзбира по автоматизам да се евидентира како комбинирана патека, за што јас лично сум целосно согласен.