Супер изгледа. За парите, вреди. Да ги имав сега тие пари, дефинитивно ќе идев да го разгледам
. За година и нешто ќе земам, сега за сега само збирам информации.
Инаку, досега нешто најмногу што ми направило мерак е ова
Opel Rekord C Coupe 68'. Европски мустанг
To прај мерак... ама гледај вака. Некој без пари да ти дај некој средно-жалосен модел, свесен си колку имаш давачки (без никаква надокнада твоето време) дури да го средиш?
Еве ти мала ретроспектива: некои 1000-1500 евра ќе ти отидат на шасија. Крпење, крила, прагови, заштита, фарбање.... под услов некои работи сам да си ги правиш.
мотор: ако треба да го правиш ремонт, некои 300-400 евра.
внатрешност: каква и да е, ќе сака поправки. Недај боже да треба цела да ја претапацираш, ќе дадеш 600-700 евра.
подвозје и гуми: 4 нови гуми, 200 евра. Бандажи, гуртни, плочки, јабучици се нека е 100% исправно.
регистрација:200 евра.
Собери овде колку ти имам напишано околу (3000 евра ќе ти дојди), додај на тоа 2-3 години работа, нервози... Рачунаме дека некој поклон ти ја дал колата, не дека си платил 1000 евра, и дека сите детаљи од страна на лајсни, жмигавци, стакла штопови ги има.
И разгледај на нет за 4к шо можи да се земи... таја е математиката.