И кое е твоето решение? Како ќе измериш кој имал помалку фер околности пред да дојдеме да бираме најаквалификуван? Не е рационализирање, просто е природен закон, како тоа што ти си се родил во Европа а некој во Индија. Стартната линија никогаш нема да биде иста. Само по заслуга во моментот без претходен контекст е начинот, ништо друго. Збунувачкото за многу е кога една фирма ќе вработи само жени пола неспособни, ако во пракса тоа им донесе милиони корисници и евра на сметка да изгуби неколку илјадници евра, хардкор шовинисти и адвокати на светот. Ефикасноста и продуктивноста не секогаш скејлаат добро, на глобална скала почнуваат имиџот и акциите да ја контролираат профитабилноста, често и на сметка на квалитетот во крајниот производ. Имиџ може да биде создаден од идеологија, а една компанија е успешна само ако некој култно го купува новиот производ или услуга макар и во полош квалитет во споредба на конкуренцијата. Ти можеш да аутсорсаш филипинци и индијци до бескрај, но ако претставништвото ти е во предоминантно бела средина, мораш ти, твојот маркетинг, сејлс, контактите на клучните проекти да ти се бели ако сакаш да си најмен. Тие белци можеби се полоши според квалификации, но неопходни. Како што функционира од таа страна, функционира и од другата, луѓето голем период сакаа да имаат застапници од нивна “вероисповед” компаниите кои ги најмуваат или купуваат производите на. Ако тоа е во инфестација како пример Сан Франциско, треба да си ретардирам да ти смета оти вработиле тиркизни. Не е тоа политичка партија па некоја разбудена компанија да ја има мојата вечна лојалност, си ги земам куферите и ги оставам парите кај ми одговара. Се гласа со новчаник.
Најглупо на свет.
Треба еднакви можности, а не изедначување.
Соред ова твоево, у право се црнците кога викаат дека треба да им се исплаќаат репарации.
Според твоево треба да се земат парите и да се разделат подеднакво на сите на светов, бидејќи мојот прапрадедо не идел по Африка да краде ресурси, сега ја треба да му ги земам парите на синот на Трамп, све дур не се изедначиме за да имаме иста почетна позиција.
Нереално и невозможно е да се примени тоа.
Најголемиот бројка на робови у историјата се белците христијани од Европа, поробени од афричките муслимани. Кај се парите на предците на денешните Алжирци, Мавританијци, Малијци?
Манса Муса бил најбогат човек у историјата и најголем сопственик на робови.
Многу проблеми и нелогичности има DEI идеологијата, ова е само една од нив.
Искрено мислам дека малку ми ја промашивте поентата и одма се отиде во тие кринџ класични американски теми како DEI, репарации, квоти и слично, за кои јас не кажав апсолутно ништо!
Никаде не тврдев дека треба законски да се изедначуваат резултати, ниту дека треба некаква прераспределба базирана на раса или пол. Баш напротив, мислам дека таквите пристапи на ниво на легислатива се премногу груби и генерализирани и често создаваат нови неправди, затоа што не можат да ја фатат индивидуалната реалност која е невозможно да се покрие преку легислатива на демографско ниво.
Поентата ми беше многу поедноставна и повеќе филозофска: меритократијата не е "чист" природен мерач на вредност, затоа што резултатите не произлегуваат само од труд и способност, туку и од еден куп фактори надвор од контрола на човекот како индивидуа. Да, стартната линија никогаш нема да биде иста, тоа е факт. Но од тоа не следи дека резултатите се 100% заслужени во некаков апсолутен смисол.
Едно е да прифатиш дека светот не е фер, друго е да го прогласиш исходот за целосно фер.
Јас воопшто не зборувам за тоа како државата треба да интервенира, туку како ние индивидуално ги гледаме работите и носиме одлуки. Пример: ако имам двајца кандидати со слични квалификации, за мене е сосема разумно да земам предвид кој стигнал до таму со повеќе пречки. Тоа не е "изедначување", туку контекст. Истото важи и за приватни стипендии, донации или било каква поддршка, нели е логично да оди кон луѓе што имаат помалку опции, а не кон тие што веќе имаат предност.
И баш болдираниот дел што го пиша за фирмите всушност оди во прилог на ова. Пазарот не наградува секогаш "најквалитетно" во некоја абстрактна смисла, туку она што функционира во даден контекст: имиџ, доверба, културен фит, перцепција. Тоа само покажува дека и на микро ниво исходите не се чиста меритократија.
И уште нешто што мислам дека е важно:
слепата вера дека успехот е исклучиво резултат на заслуга, без да се земат предвид условите, многу лесно склизнува во супремациски наративи. Од типот "ние сме богати и напредни затоа што сме попаметни", "ние сме избрани", "оваа земја ни припаѓа нас оти ние сме способни", итн. А реално, ако гледаш на макро ниво, исходите се резултат на стотици години геополитика, географија, ресурси, историски околности и огромен дел фактори што немаат врска со индивидуална или дури колективна "супериорност".
Не велам дека треба да се редизајнира системот со закони и да се глуми некаква вештачка еднаквост. Само дека треба да бидеме малку поискрени кога ги толкуваме резултатите и да не ја третираме меритократијата како некаков совршен, изолиран механизам.
--------
Извинете што излегов од темата, неможев да се воздржам.