Емкаа
the worst thing about prison was the dementors.
- Член од
- 14 мај 2008
- Мислења
- 5.395
- Поени од реакции
- 14.048
Интересен си ми пошто како да се читам самата себе пред 3-4 год.Мислам дека ќе биде залудно да продолжам да се објаснувам, на крај пак ќе се вратиме на истото: дека немам практична примена и искуство од прва рака, дека се ова е тешко кога си преморена и тн. После пак ќе треба на долго и широко да објаснувам зошто не се согласувам и ќе се вртиме во круг. Затоа и ги спомнав погоре книгите и студиите, каде ова е обработено од луѓе што стручно ја имаат анализирано темата. прочитај ги, можеби ќе ти бидат од корист.
Како што пишав претходно, кај двегодишно дете кенкањето не се решава ни со игнорирање, ни со драми. На таа возраст детето нема капацитет само да се смири, туку буквално ги „позајмува“ твоите емоции и реагира на нив. Ако ти си смирен, сталожен и присутен (му се спуштиш, го ислушаш, му покажеш дека го разбираш, не прави гримаси на нервозен/лут/фрустриран), многу побрзо ќе се смири отколку ако почнеш да објаснуваш или да бараш логика во тој момент. Некогаш е доволно да го фатиш за рака и да свртите еден круг заедно, прашај го што го мачи да ти објасни и пробај да не реагираш нервозно или налутено, чисто само ислушај го, во суштина пробај да му смениш фокус, често кенкањето е од замор/досада/страв/болка/глад/жед. Ако ти си смирен, и тоа ќе се осети побезбедно и разбрано, ако ти паничиш, урлаш, ќе ти врати на сличен начин.
Во суштина, слично е и кога се расправаш со возрасен што е нервозен. Ако враќаш на нож, само ја креваш тензијата. Ако тој се дере, а ти останеш смирен, автоматски ја спушташ тензијата. Кај детето е уште поважно да почувствува дека е видено и разбрано: „гледам дека ти е тешко“, „лут си“, „фрустриран си“, „што и зошто“, „како“ и тн, сепак, зависи од возраст и колку разбира, како родител треба да си го познаваш детето најдобро.
Дури после, кога ќе се смири, има смисла да се зборува и постепено да се учи како следен пат да реагира поинаку, или зошто не треба да реагира. Црекање, дерење, закани, или расправање пред него е џабе, само креваш тензија, и тоа влегува во fight or flight mode, и со госпо напред во смирувањето.
Здравје Боже да ти дојде време, баш би сакала да те прочитам и тогаш со практично, а не само теориско искуство.




