Amaterasu
123123113
- Член од
- 17 април 2012
- Мислења
- 1.363
- Поени од реакции
- 1.589
Муабетот е дека парите што се заработени во брак се заеднички. Така да, ако има пари за да си купи стан, тогаш тие не се само нејзини пари. Мажот помогнал тие пари да се заработат на некој начин така да и тој има право врз нив. Всушност, тоа е муабетот со бракот, дека стануваш "едно" и додека си во брак, си едно. Нема моја плата твоја плата, мој имот твој имот. Е сеа разбирам јас дека има случаи кај што некој е стварно ѓубре, не допринесува на никаков начин и буквално го злоупотребува партнерот. Ама тука проблемот не е бракот, туку лошата врска. Тука бракот треба да се прекине.Еве една хипотетичка ситуација: жената сака да се разведе од мажот, заработува повеќе од него и сака да земе станбен кредит и да си купи сопствен стан, зашто во спротивно по разводот ќе остане на улица и ќе го изгуби родителското право над децата зашто нема сопствено живеалиште. Или, друга ситуација - мажот и жената во брак се финансиски независни еден од друг. Едниот сака да купи сопствен стан со своите финансии, но не може.
Е сеа, кога веќе доаѓа до развод, можеш прво да се разведеш, па после да си земеш кредит, да си купиш стан и што и да треба.
Истото се однесува и на вториот коментар. Зошто би бил во сериозна врска како брак и би правел нешто на своја рака (да си купиш сам/а стан)? Зошто да не го купиш заедно со партнерот? Ако со партнерот не можете да се договорите за нешто како купување стан, тогаш бракот е најмал проблем. Јас не би сакал да бидам во брак со некој со кој што немаме исти цели во животот.
Така да ваквите работи мене лично ми укажуваат дека има некој проблем во врската а не во бракот.
Еве, конкретно замисли дека си во врска. Ти вика девојка ти, сакам да си ја искористам заштедата да купам кола. Ти и викаш, чекај, ќе купиш поевтина кола, дел од парите ни требаат за Х. Таа ти вика мои пари моја одлука и толку. Сигурно нема да ја гледаш на ист начин....


