Кое е твоето контроверзно мислење? (Тема 35: @Ванчос Z - Секоја Македонка која има врска со маж од друга националност да биде осудена за предавство)

Дали се согласуваш со прашањето на Ванчос Z од насловот на темава?

  • Се согласувам

  • Не се согласувам

  • Воздржан


Резултатите може да се погледнат само после гласање.
#одбанирајте го владе
Ме напаѓаат неговите фанови во моето поштенско сандаче.
Done! Рековме до крај на претходната тема.
 
Ин витро да се забрани, посвојување да се забрани, деца до пет години забрана за патување со авион ама не и со автобус (иако во автобус може да биде пофатално ама тоа е за сиромасите), албанците (кои инаку допринесуваат до наталитетот во државата) да се иселат, тие со бугарски исто да се иселат, педерите да ги уапсиме/запалиме...
Ако има доволно златни рипки за овој народ да исполнува желби, нас ќе не снема уште на втората рипка колкави хејтери сме станале.
Не јади ти многу гомна од Малта, дојди овде па ќе правиме муабет дали нема да се сложиш со пола од темиве овде. :D

Шала на страна, темава е и тоа, контроверзни мислења. Ако пишам сега дека вечер треба да падне мрак нема да е интересно, нема ни што да се дебатира. Единствено нешто што би променил во правилата на темава е да се поставуваат контроверзни, но сепак реални теми, односно работи што може да се изведат или би можеле. Пример она Мачка што го пиша е невозможно, без разлика што сите би посакале племето да се врати од кај што дошло.
 
Не сте се возеле или сте заборавиле во авиони на Палер, кога браќата ќе ги соблечеа чевлите и ќе ги дигнеа нозете на потпирач, со цигарче дим дими. На летови низ Јевропа мене тоа ми сметаше, чад локомотива и немиени нозе. Вон Јевропа не сум летал.
Порано, бар до 1998, Бритиш Ервејз даваше играчки и во економска класа за децата. Некои компании имаа монитори па пуштаа филмови. Сега немам сретнато ниедна компанија ова да го пружа. Само чист профит макар колената да си ги држиш под грло додека љетиш/.
Автоматски споено мислење:

И да се изјаснам, против. Мора дете да иде со родители, не може у карго да ги товариш. И против трчање низ авион или малтретирање патници, за тоа не-воспитување виновни се исклучиво родителите.
 
Последно уредено:
Се будиш во 3.00 како ненормален, во таа состојба се трудиш да не заборавиш пасош, картички, проверуваш торби... се возиш до аеродром, стигнуваш до 5.00, па чекаш редици за чекирање, се мрцвариш низ имиграција... пиеш кафе два пати поскапо од реалната вредност и јадеш сендвич со вкус на картонска кутија, па одиш до чекалната саат време пред полетување. Чекаш на некаква метална клупа, затоа што не дај боже аеродромите да го направат чекањето поудобно, половина од аеродромите на кои сум бил се дизајнирани за роботи, не за луѓе. Ти стига порака дека летот малку ќе доцни, 20 минути подоцна нова порака дека летот ќе доцни саат или повеќе. Се нервираш дека ќе пропуштиш поврзан лет, или што год работа да имаш, или дека го губиш првиот ден од одморот...
:shook:

Може со ова да конкурираш за најдобра кратка хорор приказна 2026. Ова е пострашно и од snakes on a plane. Кога стигнав до пораката дека ќе касни 20ʼ ми се кренаа влакна кои не знаев дека ги имам испуштено при депилирање. @Ska Maniac Само Брам Стокер награда за хорор приказна би било вистинскo признание за овој пост зошто да забранеме деца да патуваат во авион. Ио Соно Алан По. На Кајгана овој труд е узалуд, може само утешно да ти доделиле Керен на годината, но ќе треба да те облечеме во драг. Како сакаш.
 
Не јади ти многу гомна од Малта, дојди овде па ќе правиме муабет дали нема да се сложиш со пола од темиве овде.

Не можам да дојдам сега и да сакам. Со две деца сум. Едното пет а другото испод пет, па после забранава на Дел Бој немам како да стигнам до Македонија.
 
Како не му текна на некој да ја постира контроверзата над сите контроверзии. Дилемата над дилемите. (Јбг и ја сум сам крив додека ми беше редот не ми текна).

Паричето се врти за Бадник или Василица :icon_lol: :icon_lol:
 
Имаш среќа што (најверојатно) живееш во полиберте земја, јас да ги плашам децава тука со аватаров би ме затвориле за педофилија...
Тебе во полиберална земја би те затвориле за многу работи... :cautious:

Деца се, не знаат и не разбираат дали им сметаат на другите.
Точно, и затоа треба да седат дома.


вистинскo признание за овој пост зошто да забранеме деца да патуваат во авион
Не сакам мали вотчиња да ме вознемируваат.
 
Спомна некој барем оддел без деца, ова би било идеално решение кое лично јас би го платил и 50% поскапо ако летот е над 2 часа.

Проблемот се компаниите што не си ги почитуваат сопствените правила. Визер 3 пати ми менува седиште со повеќе простор кое сум го платил 15 евра поскапо од обичното, со изговор техникалии, за потоа да сместат фамилија со деца таму. Ќе кажеш нешто и ќе почне со емотивни раскази, ама господине луѓе сме сите они имаат дечиња да имаме малце разбирање. И буквално секојпат сум излегувал во пресрет, ниту еднаш немам одбиено иако имам некакво право. Преку 25 летови имам за минатата година, од кои на пола сум имал проблеми. Можда време е да си купам некоја добра кола и да си патувам сам, и онака обожавам да возам.
 
Како не му текна на некој да ја постира контроверзата над сите контроверзии. Дилемата над дилемите. (Јбг и ја сум сам крив додека ми беше редот не ми текна).

Паричето се врти за Бадник или Василица :icon_lol: :icon_lol:
Ти стварно сакаш крв до колена да биде тука!? :cautious:
 
Точно, и затоа треба да седат дома.
#BringCovidBack
Автоматски споено мислење:

Спомна некој барем оддел без деца, ова би било идеално решение кое лично јас би го платил и 50% поскапо ако летот е над 2 часа.
Има веќе такво нешто се вика прва класа.
 
Секако дека е само 50% поскапо so бизнис класа.
 
Преку 25 летови имам за минатата година,
Вауууууу...25 лета!!!!!
Јас додека умрам нема да имам шанси да направам толку.
Стјуардеса ли работиш душо?
 
Па луксузот секаде се плаќа.

Бизнис класа не те штити од расплакани деца. Може да платиш 5 пати поскапо и пак да налеташ на мало вотче.
 
Против забраната сум, но треба да се свестат малку родителите, да пробаат да го смират детето, да дадат напори да се намалат тантрумите. Иако не секогаш успева, барем се гледа дека се труди некој и не му е пријатно пред останатите.

Сум летал на линии кои не вклучуваат полетување и слетување на Балкан, па децата ниту биле толку невоспитани, ниту плачеле толку, да се трескаат од земја. Може и така се погодило, но сите непријатни искуства со летови сум ги имал каде што сум летал со поголем процент на Македонци, Шќипоси , Срби и Бугари.

Би го сменил контроверзното мислење повеќе би го насочил кон оние неписмени говеда што се дерат во авион, што стануваат, фрлаат лоши фори на глас или пред полетување зборат на Вибер/Месинџер со пуштен speaker. Не знаат кај им е седиштето, ниту почитуваат правила, ред, и слично.

Е такви дефинитивно треба да се забранат да летаат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom