Водоотпорни чизми до 5,000 ден.

  • Креатор на темата Креатор на темата The Wild Boy
  • Време на започнување Време на започнување

The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.576
Поени од реакции
946
Локација
МАКЕДОНИЈА!!!
Чизмиве што ги имав до сега едвај година дена издржаа, тоа е... фејзбук чизми што би се рекло.

Сакам викендот да појдам низ град и да разгледам да си земам квалитетни, удобни и водоотпорни чизми 43 - 44 Број. Ако ѓонот е поголем тогаш може 43 - ка. Но барам да земам некои чизми кои што најпрвин од се ќе се водоотпорни и да не се раскинат и внатре кај подлогата а и од надвор. Нешто што ќе знам дека ќе дадам скоро 100 евра, ама да ми вреди барем 3 години да ги истерам чизмите па за понатака во иднина би гледал и некоја по - добра чизма да земам над 7,000 ден.

Препорачајте во Скопје каде да се појде во која продавница имаат добри чизми? ГТЦ, некаде Центар, Аеродром, Ист Гејт. Ако треба и во Шутка ќе отидам, не е проблем :D
 
Имаш Скечерс модели ни патика ни чизма со добри крампони многу удобни. Ако не ти треба за работа чизми во оваа модерна доба на глобално затоплување не ти требаат.
 
Купи си мартинки на старо. Сите услови ги исполнуваат.
 
Продавницата се вика Артурс, ја има во ГТЦ, СЦМ, а марката ти се вика Ломер, види баш да не пуштат нешто попуст за Black Friday и може да се начека до таа сума. Јас моите ги земав од таму, Lomer Tibet се моите, на почеток само си ставив уште една обична влошка за поудобно и си ги утепав од носење 6 години и на снегови, дождови, вирови, планина карпест предел, никаква мака немаат (стварно маста им ја вадам јас). Од Спорт Вижн не препорачувам, после неколку месеци се сјебаа, а демек Гортекс, Вибрам, се распаднаа. Од Скаут ти се добри скоро сите, Ла Спортива особено, ама никакви шанси нема да начекаш со попуст до 5000, така да џабе ќе ти предложувам.
 
Јас имам планика ,не од највисоките,од тие над глуждот.
Прекрасни се. Само што јас планинарам со нив ,тешки се многу,но за наша зима не се. Тие се баш за снегови.
Ако ме прашаш би избрал од ,,Пеко" од пониските шо се ,полесни не цели кожни.
 
Продавницата се вика Артурс, ја има во ГТЦ, СЦМ, а марката ти се вика Ломер, види баш да не пуштат нешто попуст за Black Friday и може да се начека до таа сума. Јас моите ги земав од таму, Lomer Tibet се моите, на почеток само си ставив уште една обична влошка за поудобно и си ги утепав од носење 6 години и на снегови, дождови, вирови, планина карпест предел, никаква мака немаат (стварно маста им ја вадам јас). Од Спорт Вижн не препорачувам, после неколку месеци се сјебаа, а демек Гортекс, Вибрам, се распаднаа. Од Скаут ти се добри скоро сите, Ла Спортива особено, ама никакви шанси нема да начекаш со попуст до 5000, така да џабе ќе ти предложувам.
Тајната на Lomer e во германската мембрана Sympatex која се користи во чизмите и која е двапати подобра од фамозната Goretex ама ретко кој ќе ти го каже ова затоа што толку се разбираат во технологија.Значи ако со Goretex чизми 3 саати во постојан снег ногата ќе ти остане сува со Sympatex имаш 6 саати.Lomer чизмите посебно оние најскапите кои имаат жлебови за автоматски дерези ти се исклучиво за планинарење а за низ град моделите немаат Sympatex туку Mertex која е многу послаба.Останатите фирми од Скаоут или Аутдор како La Sportiva,Salewa не ги гледај затоа што не вредат за тие пари.Ќе одиш во Куманово карши плоштадот има продавница Emporio Tusevski чија фабрика е поранешната Чик само приватизирана и во која има германски капитал.Таму во тие чизми вградуваат Sympatex мембрана и истите се пласираат на германски пазар а чинат под 5000 денари.Ќе бараш исклучиво со мазна кожа да бидат за да можеш да ги намачкаш со свинска маст кога ќе мораш да газиш по снег:
Точна локација:
 
Последно уредено:
Барајки на страницата го најдов моделот што го препорачувам за секојдневна употреба.Лани овој период чинеле 4590 ден и со 20% попуст биле 3670 ден.
1763068180090.png
 
Јас од овде ги порачав Skechers Selecto пред неполн месец, кога беа на попуст за 3800 (а сега се 4400). Со карго ми дојдоа 4000, а истите во Office Shoes се 5500. За се, освен снег + минусни темп. ќе ти завршат работа. Посебно за секој ден за низ град. Топли, одлична влошка во стилот на Скечерс, водоотпорни и лесни. На странава гледам имаш доста избор со добри цени. Инаку од Струга е продавницава.
Еве пример овие Skechers Dawson ми изгледаат многу добри, сигурно се лесни за носење и водоотпорни се. Во ISA Shoes ти се намалени од 7500 на 6000, а во Office Shoes, нормално полна цена :D 7500.
 
Само да ви кажам нешто..
Goretex (како трговска марка), и сите останати "tex", не се ништо друго него тефлон или PTFE!
Една од најтоксичните и "вечни" хемикалии познати на човекот!
Кој не ми верува, нека гугла..

Ако апсолутно немате потреба од такви карактеристики, слободно избегнете го во широк лак!
И пред тефлонот имало добри градски водоотпорни чизми..
За два пати да згазиш во вир, ич не ви треба ср@њево!
 
Тави, тостери, тепсии, ѓезвиња. Мислам дека тефлонски чизми се најмал проблем.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom