Каде може да најдам? (Општи прашања)

  • Креатор на темата Креатор на темата goodman_91
  • Време на започнување Време на започнување
Добар ден.
Можеби не е за овде прашањето, но дали некој можеби знае за литература и книги и материјал за самостојно индивидуално учење на Словенечки јазик?

Доколку некој има такви книги и литература за самостојно изучување на Словенечки јазик молам да ми ги даде.
Не ми се оди по училишта за странски јазици, термините за часови не секогаш ми одговараат, а имам и едно лошо искуство со изучување Германски јазик во училиште за странски јазици.

Кога беше првото А1 ниво имаше доволно луѓе за група од 9 -10 ученици.
Потоа на следното А2 ниво со мака, ептен голема мака најдовме 8 учесници за тоа ниво.
И кога завршивме А2 ниво, за следното Б1 ниво Германски јазик едноставно немаше доволно бројка на учесници за да се оформи групата и прекинав тогаш со Германскиот јазик.
Купив во книжара на Просветно дело книги за Б1 ниво Германски јазик и со самостојно изучување дома завршив и застанав со Б1 ниво Германски.

Не сум од Скопје, и веројатно во градовите во внатрешноста луѓето учат само А1 ниво Германски и потоа аплицираат за визи и со А1 почнуваат со работа и живот во Германија.

Молам за одговор.
 
Вакво нешто да се наоѓа за купување? Ко метална рамка е за магнети
IMG_1682.jpeg
 
Каде во Скопје може да најдам Hydro X Seal или некој друг проѕирен хирдоизолативен премаз?
 
Вакво нешто да се наоѓа за купување? Ко метална рамка е за магнети
Прегледај го приврзокот 453020
Ако не најдеш, имаш друга опција: метална табака или магнетен лист.
Во Jumbo има магнетни листови, самолепливи, А5 формат. Околу 70 денари беа мислам. Барај кај делот за рачни изработки (Arts & Crafts).
Линк од грчкото Jumbo

Може да ги залепиш на било која површина и да ставаш магнети.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom