Апатијата на младата генерација

  • Креатор на темата Креатор на темата Setsuko
  • Време на започнување Време на започнување
Јас се држам на тема. Мое мислење е дека феминизмот многу придонесе за апатијата, особено од машка страна.

Колку толку имаше дружба се додека не излегоа социјалниве мрежи. Проблемот дојде затоа што немаше никаква блокажа на контент од запад. Луѓето се повеќе и повеќе почнаа да имитираат западни трендови на места што не се компатибилни. Можеше тоа да се реши доколку имавме нешто како Кина со нивниот пристап кон интернетот.

Е сега тој пристап ни овозможи многу работи, и многу шанси за работа со странски компании, ама од друга страна ни го еродира опшеството.

Јас на 23 ја напуштив Македонија, затоа што сакав да бидам архитект на мојата иднина. Македонија за жал не ми го пружи тоа.

Строго утврден ред и правила, задолжителни за сите членови на некој колектив, проверив уште еднаш на речник за дефиниција на зборот, не гледам избор на доброволно или присилено. Де пиши му на Дигиталниот Македонски Речник. Изгледа не го допишале.

Дисциплина, станување во 6:00 АМ, извршување воени задачи и влегување во рутина. Буквално тренинг за работа во следните 40 години од животот.

Колега од факултет, последната генерација што служеше задолжителна војска, до ден денес станува од спиење, мие лице и се бричи секој ден. Војска беше пред 15 години, уште дисциплината од војска ја држи. За жал ја укинаа војската година пред да требаше да одам, така да мака мие што не го искусив тоа.
Самиот факт дека си барал дефиниција за тоа, те прави тебе перфектен будучи војник.

Не се секирај за тоа што мислиш дека си го пропуштил. Војска пак ќе се воведе за едно 3-4 години.
 
Самиот факт дека си барал дефиниција за тоа, те прави тебе перфектен будучи војник.

Не се секирај за тоа што мислиш дека си го пропуштил. Војска пак ќе се воведе за едно 3-4 години.
Ај за крисмас ќе ти купам речник, за да не се брукаш со дефиниции.
 
Се гледаат серии, и од седење на телефон се тапи мозокот. Поготово сега со АИ? Порано сме сечеле од книги, списанија, сме правеле проекти на хамер. Се собиравме кај некој дома и лепи со УФО. Сега чатџпт сѐ им прави. И јас го користам ама повеќе како асистент.
Лесно си поминала ти, да не речам убаво си го отапила мозокот - извади неколку исечоци од списание, пресечи некоја сликичка, залепи ги на хамер и ете готов проект за 30 минути. Ехх златни времиња порано кога проекти и есеи се клесаа на камен.

Напреднала технологијата и го олеснила животот на сите, трагедија у пичку матер, дај да се враќаме во пештери, не бива вака.
 
Тој што прашува треба да оди, јас не прашував за еднаквост. Кај Свети Петре на биро се, пушти поплака.

Во хипотетичкото сценарио, +2 жртви на модерниот феминизам.
Немој море, ќе се поткршат. Гледам колку волонтерки има Украина, а колку на шеиците му се пучат за иљадарче.

Беше запознаена дека од луѓето што ги обвиниле тие вештици за горење на клада се 70-80% жени? Сами ќе се изедите, гарант од тие 20-30% мажи што обвинувале, зад обвинението гарант е друга жена што успеала да го наговори.

Sisterhood, give me a break.
Види, можеме до утре да дискутираме, ама поразително е што досега во дискусијава со тебе не сретнав независно мислење.
Истите одговори од американскине грифтери. Ми здосади. Стварно шаблонски.
Не правиш дистинкција помеѓу правна и физичка еднаквост и тоа е тоа, нема да одам со главата во ѕид.

Од една страна сака воен рок за мажите за да се изграделе како прави мажи, од друга страна ридаш зошто мажите биле повикани како резервисти.
Ете во љубениот ти Израел одат и мажи и жени, ќе оставам ти да кажеш евреите кои ги ставаат на први борбени редови, зошто они нели се најинтелигентните.

Јованка Орлеанка нема врска со вештерките, била осудена како еретик затоа што носела панталони...
 
Последно уредено:
Лесно си поминала ти, да не речам убаво си го отапила мозокот - извади неколку исечоци од списание, пресечи некоја сликичка, залепи ги на хамер и ете готов проект за 30 минути. Ехх златни времиња порано кога проекти и есеи се клесаа на камен.

Напреднала технологијата и го олеснила животот на сите, трагедија у пичку матер, дај да се враќаме во пештери, не бива вака.

Па добро треба да ни го олесни животот. Ама не треба да се потпираш само на АИ и на технологија.
Не знам што ти е со муабетов?
 
Дефинитивно не можеш да ја направиш џуиш конспираси, специјано затоа што со трудот на овие тенџериња, најголем подем имаат муслиманите.

иначе не само феминизмот, исто така разгледај ги трансродовите "научници" и овие што се борат против исламофобија и за црнечки права што биле покрај Мартин Лутер Кинг и БЛМ.
 
Еве што вели Википедија за ова

As the first social generation to have grown up with access to the Internet and portable digital technology from a young age, members of Generation Z have been dubbed "digital natives" even if they are not necessarily digitally literate and may struggle in a digital workplace. Moreover, the negative effects of screen time are most pronounced in adolescents, as compared to younger children. Sexting became popular during Gen Z's adolescent years, although the long-term psychological effects are not yet fully understood.

И уште:

A 2015 study by Microsoft found that 77% of respondents aged 18 to 24 said yes to the statement, "When nothing is occupying my attention, the first thing I do is reach for my phone," compared to just 10% for those aged 65 and over.

In his 2017 book Irresistible, professor of marketing Adam Alter explained that not only are children addicted to electronic gadgets, but their addiction jeopardizes their ability to read non-verbal social cues.
 
Мене ми рекоа нешто многу паметно за мое добро: ако нешто не ти одговара, повлечи се.

:)
Што ти рекоа ако не е тајна ? Еве сподели и со нас за наше добро.
 
Види, можеме до утре да дискутираме, ама поразително е што досега во дискусијава со тебе не сретнав независно мислење.
Истите одговори од американскине грифтери. Ми здосади. Стварно шаблонски.
Не правиш дистинкција помеѓу правна и физичка еднаквост и тоа е тоа, нема да одам со главата во ѕид.

Од една страна сака воен рок за мажите за да се изграделе како прави мажи, од друга страна ридаш зошто мажите биле повикани како резервисти.
Ете во љубениот ти Израел одат и мажи и жени, ќе оставам ти да кажеш евреите кои ги ставаат на први борбени редови, зошто они нели се најинтелигентните.

Јованка Орлеанка нема врска со вештерките, била осудена како еретик затоа што носела панталони...
Ако се во брак само еден да оди во војска не е независно мислење? Комотно ® можев да ставам до мислата. Брачна заедница, правда поденакво за сите, имање остварлива животна цел би помогнало многу за машката апатија.

Ах дарлинг, дарлинг. Да те потсетам дека 500 години бевме под муслиманско робство, не еврејско.

За Јованка, не сум читал ни па ме интересира, французите се дегени. Со вештерките тоа го спомнав дека мнозинство од таквите работи се инстагирани од самите жени.
 
Па тоа што си го цитирал :D
Ја прво помислив дека ова : "ако нешто не ти одговара, повлечи се." се однесува на членот доколку не ти го послуша советот.
 
Ја прво помислив дека ова : "ако нешто не ти одговара, повлечи се." се однесува на членот доколку не ти го послуша советот.
Нене.
Ако нешто не ми одговара, да се повлечам беше советот.
 
Лесно си поминала ти, да не речам убаво си го отапила мозокот - извади неколку исечоци од списание, пресечи некоја сликичка, залепи ги на хамер и ете готов проект за 30 минути. Ехх златни времиња порано кога проекти и есеи се клесаа на камен.

Напреднала технологијата и го олеснила животот на сите, трагедија у пичку матер, дај да се враќаме во пештери, не бива вака.
Напреднала технологијата тралала. Објасни преку пример како учи Човекот?
Објасни преку пример, како чатгпт или другите ллм го подобруваат човековото секојдневие?
Следните прашања ќе бидат потешки, се надевам нема да користиш чатгпт.

Знам дека нема да ги одговориш прашањава, сепак да пробаме.
 
Па добро треба да ни го олесни животот. Ама не треба да се потпираш само на АИ и на технологија.
Не знам што ти е со муабетов?
Муабетот е дека малку ми падна чудно 20+ годишна девојка да идеализира минато, и тоа период од пред 6-7 години претпоставувам, мислејќи дека тоа што сечела списанија и лепела хамери ја прави нешто подобра или морално посупериорна од денешниве генерации кои имале сè на тацна благодарение на актуелната технологија. Затоа направив паралела со малку подалечно минато кога немале ножици и лепак, а проекти клесале на камен.

Се менуваат времињата. Секое време со себе си носи нови трендови, навики и предизвици. Порано баба ти требало секој ден да пешачи по 10км до другото село за да има можност азбуката да ја научи на училиште. Сега буквално на два клика ти е достапно цело знаење на светот.

Ако сега на некој му е чудно зошто некои млади дремеле на кафе без да разговараат, скролајќи на мобилен, порано на некои таму им било чудно зошто младите по цел ден играат џамлии наместо да фатат лопата и мотика. Истите муабети се вртат со векови наназад.

Генерации кои скапувале на форуми/мирцови или интернет кафеа-играчници, играјќи Дота или Кантер по цел ден, сега зборат против новиве генерации кои дремеле на ТикТок и социјални мрежи.

Романтизирање на минатото повеќе би рекол дека е несвесен отпор кон прифаќање на новите времиња и промени, отколку резултат на некаква рационална проценка или логика, бидејќи речиси по ниеден параметар порано не било подобро од сега. Таквиот став обично произлегува од некоја сентиментално-носталгична поврзаност, дали со некои убави моменти од тогаш, детството, младоста и сл., отколку, како што реков, резултат на некоја рационална и објективна проценка.
Автоматски споено мислење:

Напреднала технологијата тралала. Објасни преку пример како учи Човекот?
Објасни преку пример, како чатгпт или другите ллм го подобруваат човековото секојдневие?
Следните прашања ќе бидат потешки, се надевам нема да користиш чатгпт.

Знам дека нема да ги одговориш прашањава, сепак да пробаме.
Ако досега не си ги открил придобивките и како го подобруваат човековото секојдневие, нема што повеќе да се дискутира тука.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom