Justae Verum
Sic Semper Tyrannis
- Член од
- 22 септември 2005
- Мислења
- 2.519
- Поени од реакции
- 3.022
Јас се држам на тема. Мое мислење е дека феминизмот многу придонесе за апатијата, особено од машка страна.Држете се до темата ве молам.
Колку толку имаше дружба се додека не излегоа социјалниве мрежи. Проблемот дојде затоа што немаше никаква блокажа на контент од запад. Луѓето се повеќе и повеќе почнаа да имитираат западни трендови на места што не се компатибилни. Можеше тоа да се реши доколку имавме нешто како Кина со нивниот пристап кон интернетот.Друго, општеството.
Сите се многу себични, трули, секој можем ден црна хроника, и има вина кај постарите генерации. Ама не во кој/а што носел/а, феминизам, туку помиреноста со сѐ. Баш генерации што растеле во друго време, систем, сѐ било едно, единство. И доага период на децентрализација. Краде кој стигне. Доага 2001, итн… оваа состојба на помиреност, на ќути има и полошо/и, не допринесува за општеството баш и за младите. Ако сакате да се бориме, треба да ни дадете поддршка. Системот на партиски книшки ќе го заборавите, ќе ги учите децата на семејство, почит, основни човекови вредности, на труд, работа, чесност. Да не им бркате врски, да не дигате телефон, да не трчате секој пат кога ќе се изгорат, да не се во стаклено ѕвоно. Не може младите да се борат додека другите крадат, лажат, се местат, контролираат луѓе, повредуваат.
Не може да очекувате од младите промена, со 2% доверба во Судови. Два посто!!!
Јас лично, овде се имам расправано со особи што не верувале дека не сум партички определена. Јас имам 24 години, за мене бар, тоа не ми е јасно, и за што да се борам? За некој што би се карал со мене затоа што од партија му дале позиција да лапа муви дур ја црнчам?
Е сега тој пристап ни овозможи многу работи, и многу шанси за работа со странски компании, ама од друга страна ни го еродира опшеството.
Јас на 23 ја напуштив Македонија, затоа што сакав да бидам архитект на мојата иднина. Македонија за жал не ми го пружи тоа.Како ќе биде понатака, не знам, ама вака работава не мириса на добро. Затоа многу и се селат.
Мене ми рекоа нешто многу паметно за мое добро: ако нешто не ти одговара, повлечи се.![]()
Строго утврден ред и правила, задолжителни за сите членови на некој колектив, проверив уште еднаш на речник за дефиниција на зборот, не гледам избор на доброволно или присилено. Де пиши му на Дигиталниот Македонски Речник. Изгледа не го допишале.Доколку беше вградено во луѓето сето ова што го наброја. Немаше ни да почне војната воопшто.
Ментална стабилност не се гради во војска. Тоа или го има војничето или го нема. На фронтот секогаш од два војника, едниот ќе пука ко рамбо, додека другиот ќе се крие во дупката.
И мешаш дисциплина со страв од последици. Дисциплината е нешто доброволно а не нешто присилено!
Не ти се јасни рабоќиве бе момче.
Дисциплина, станување во 6:00 АМ, извршување воени задачи и влегување во рутина. Буквално тренинг за работа во следните 40 години од животот.
Колега од факултет, последната генерација што служеше задолжителна војска, до ден денес станува од спиење, мие лице и се бричи секој ден. Војска беше пред 15 години, уште дисциплината од војска ја држи. За жал ја укинаа војската година пред да требаше да одам, така да мака мие што не го искусив тоа.