Апатијата на младата генерација

  • Креатор на темата Креатор на темата Setsuko
  • Време на започнување Време на започнување
Ти нема поента ниту реченицата. За да карикираш треба да знаеш што всушност значи тој поим.
Кажа дечкото што верува у рамна Земја.. се знае дека е од зборот карикатура, и дека треба да е со потсмев. Ама ти да држиш лекции по форумов немаш право хааххаах. Рамна Земја…
 
Не знам од каде да почнам :) кога се работи за оваа тема кај нашата младина може еден роман да се напише.
Првенствено за оваа апатија придонесе самиот систем-партиски кој проголта генерации и генерации од 1991 наваму. Луѓето кои беа мотивирани да добијат своја независна држава мислам дека повеќе или не се мотивирани или повеќе не се во МК.
Лошата приватизација, стандардот, партиите кои се навлезени во секоја клетка на опшеството ги направи младите да бидат незаинтересирани, да си го гледаат само својот двор и толку. Многу пробаа да променат веднаш наидуваа на кинески ѕид и секој си рече : не фала ,до тука можев да избуткам сега чао засекогаш.
Тоа е едниот елемент другиот елемент се и родителите. Некако родените од 1990 наваму се подучени од родителите да не прифаќаат секаква работа, да бидат партиски пудлици, да лепат плакати за минималец работа без при тоа да размислат доколку на твојот син му е добро мора и на синот на соседот да му е добро за и тој да остане тука, а не да бега во Германија за твојот син да работи државно до пензија.
Дебелото ЈАС ги направи луѓето затворени, погледнете во автобус седат еден до друг или во воз сеедно никој со никој не разговара некоја тема да се отвори да има некаква позитива, како да се плашиме дури и од своето огледало СТРАШНО.
Апатијата луѓе не е падната кај нас од Марс, таа со години и години живеела но сега последниве 2 децении мислам дека ескалира на најјако едноставно нема жар помеѓу луѓето ни за спорт ни за музика никакви таленти не се развиваат, едноставно не сакаат ништо младите ни да започнат со работа, образование, семејство итн.
Мое мислење СИСТЕМОТ е крив уништи генерации, систем од кој нема да се опоравиме.

Апатијата е производ на модерниот свет, и не е нус појава туку е очекуван/намерен сумптом.

Се слагам со се, освен со вториот дел на последната реченица.

Системот е крив, ама мислам дека ќе се опоравиме.

Ние сме народ што никогаш немал своја држава и сега сме независни едно 30+ години. Сеуште сме во фаза на бебе. Пополека оди работата, ама се движи.

Како да видиме дали е подобро на најлесен начин?
- Запрашај се дали ти живееш подобро од твоите родители и они од нивните?

Во глобала, ова е точно. Сега пример дедо ми да види дека имам греење во WC ќе мисли дека сум крал (малку да се нашалиме :) )

Или еве 10годишен јас да се дружам со моите деца сега ќе мислам дека се страшни богаташи (ние сме нешто малку над стандардот, не сме којзнае што моментално).

Секако дека има и работи кои што се полоши, но тоа е глобален проблем, не е само кај нас. Исто така имаме осцилации во тие што ни се владетели во државава па одиме 2-3 чекори напред, па 1-2 назад, и така во круг.

Мојата филозофија е светот oколу мене да биде подобар. Не мора да е на глобално ниво. Може да е за сопругата, за децата, за родителите, блиските роднини и пријатели, колеги, околина итн.

Не сакам тука да навлезам политички, ама најголемиот грев што го направи Грујо не е што крадеше, криминали итн.

Најголемиот негов грев е што не раздели како другари, пријатели, роднини и комшии со патриоти и предавници. Ни ја зема емпатијата, другарството, помагањето едни со други и многу ќе е тешко да се вратиме назад.

Меѓутоа како што растат моите деца гледам еден друг свет. Младите и малите не еба***т 2%. Ни партии ни локални шефови и газди ни ништо. И давам 10-20г на државава кога моменталните Југословени ќе се малцинство и мнозинството во државава ќе се деца на Mакедонија. Тоа е моментот кога ќе се сменат многу работи (aко останат тука).

Ќе не биде, ама мора сами од себе и од својата околина да почнеме.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom