Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
како не може да е лош кога ја јебе целата прикаска од оригиналот. Башка што ставиле циганка да глуми SNOW WHITE. Што подалеку од тоа. Нула треба да е реална оценка.
И јас го гледав пред некој ден истиов филм па после си пуштив Runaway Jury.Го гледав Juror 2. Дури на крај видов дека бил од Clint Eastwood а и ќерка му, сва среќа, имаше некоја ситна улога - другата екипа беше ок на имиња па и на деливери. Проблемот мене ми беше скриптата. Одамна немав пуштено филм и си реков ништо како судска драма да ми разгори љубовта кон филмовите, но имаше премногу кринџ моменти за мене за да воопшто добие пролазна. Трејлерот има спојлери за момент што се случува после пола саат но е нешто што го движи цел филм па затоа внимавајте! Или не, не сум полиција. 2.
Го гледав и Deadpool x Wolverine. Филмот е како долг SNL скеч со многу референци. Сепак ме расположи. 3.
Многу добро филмче, го начекав пред некоја недела на ТВ1000. Џин Хекман и Дастин Хофман во свој елемент.И јас го гледав пред некој ден истиов филм па после си пуштив Runaway Jury.
Рејтингот на имдб не е просек, мојот глас со 13 години акаунт не е ист со некој што направил акаунт вчера.Никој не може намерно до толку да уништи филм. Во најлош случај филмот ќе изгуби 1-2 поени поради политичка или религиска пристрасност, сме го виделе тоа многупати. Некогаш може да добие 1-2 поени плус на национална база, се закачила пола држава да става 10-ки...
Политички коректен Naked Gun?Се надевам дека ќе испадне добар...
Драга Кајгана,
Денеска (до пола) го гледав Fight Club. Филмот почна поразлично од други филмови што сум гледал, почна со наратор кој објаснува што му се случува во животот и дека одел на настани кои биле за болни од некој рак, вирус итн. Таму нараторот сретнал некоја женска која исто присуствувала на тие настани, но не се согласувале меѓу себе затоа што не си ја сакале својата енергија. Потоа се договориле да се поделат настаните, пола едниот пола другата. На нараторот после ова му изгори станот затоа што имал некој шпорет со дефект, а и мислам дека немал ни осигурување (или имал ама не сакале да му покријат) и така останал бездомник. Заминал некаде со авион (не знам каде) и на авионот го сретнал Tyler Durden. Овие двајца имале многу добра конекција меѓу себе, но не мислеле дека ќе се запознат подлабоко по слетување. Нараторот му ѕвонеше на телефон и Тајлер го прими кај него дома. Тајлер исто така бил бездомник, ама нашол стара куќа каде што никој не живеел повеќе во неа. Замисли како „creepy mansion“ каде пола од ентериерот е замачкан, гнасен, ама ај пак може да се живее со најниските стандарди. Како што се запознавале, имале и слични особини и интереси. Тие започнаа клуб за тепање, од каде најпознатите правила се:
- Не смееш да зборуваш за Fight Club.
- Следи го правилото 2.
- Ако некој каже „Стоп“ или отчукува, борбата е завршена.
- Само двајца можат да се тепаат.
- Тепачка само по една во моментот.
- Без блузи, без чевли.
- Борбите ќе траат се додека треба.
- Ако ова ти е прв пат во Fight Club, мора да се тепаш.
Ова е само полата што ја гледав. Филмот не го сфатив, а потоа разбрав дека нараторот никогаш не постоел и само Тајлер бил шизофреничен што навистина ме разочара. Која е смислата на овој филм? Шизофреничен човек почнува клуб за тепање, се наоѓа со женска и на крај ја зема... Дали ова објаснува за тешкотиите во животот не знам.