Ќе му ја посветам теписеријава од среден век.
Не било малце што татко му, се вратил Хрватска, основал нова фамилија и никогаш не прашал за синот во странство.
Последниот викенд кога се видовме, бајди се поднапи, ми покажуваше техники за самоодбрана. Да, 34 годишен маж, му покажуваше на 29ет годишен маж, како да се одбранел, двајцата 190цм.
Пред да си кажиме збогум, ми кажа дека дури растел на школо сите... Небитно.
Имам видено слика од него како дете. Не можам да си замислам некој да му направи нешто такво на толку шеќерно дете. Кога ќе видам болка во сините очи, наведнати надолу, имам чувство како некој да ми зарил нож в стомак. И не, мојата љубов и емпатија не се доволни за да го излечат. Бога потфрлил, што тебе не те заштитил кога требало.
Можеби моето најубаво вино ќе му го посветам него. Ако Катанец на Ѓаволот е едно од подивите шпански вина. Моето, ќе треба да е 3 пати подиво и понескротливо, ако е вредно да го носи неговото име.