Пожар во Кочани, диско Пулс.

Член од
20 јули 2014
Мислења
3.399
Поени од реакции
9.061
Гледам се дискутира по соц. мрежите непристапноста за ПП возило и амбуланта, затоа што паркингот до влезот на дискотеката бил зафатен со возила, а алтернативен пристап не постоел.

Во многу населби во Скопје, обично каде што е погусто населено со куќи, имаат ситуации каде пристап на ПП возило и амбуланта е невозможен, најчесто поради узурпација на јавен простор. Малку е потребно некој дефект од плинска боца, трансформатор, стара инсталација да резултира со обем на жртви како овој од Кочани.

Имам приметено дека овој проблем со непристапност на ПП возило и амбуланта воопшто не се перципира од засегнатите, мислам дека воопшто ни мисла во животот им нема поминато во главата што ако избие пожар...
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.199
Поени од реакции
18.298
Колку општа неписменост се гледа во едно видео, без основна обука за противпожарна заштита.

На запад на секои 5 години секој вработен е должен да посети обука на противпижарен апарат и како да се однесува во случај на пожар и вакви катастрофи.
Таа неписменост е последица на:

Од фирмава те одбравме тебе за одговорно лице за пп заштита.Потпиши се овде.
Абе обука нешо м?
Абе уживај, потпиши се.
Потпиши се и ок, надевај се дека се ќе е ок.
Ако не, ќе си имаш проблем со шеф, човечки ресурси као неподобен итн.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.383
Поени од реакции
7.171
Многу долго. Прочитав на нет коментар на човек што кажува дека син му со 17 год излегувал тука а и тој на негови години излегувал на истово место.
(не знам колку е точно)

Прскалки мислам дека воопшто и немало во дискотекава. Нигде не прочитавме такво нешто.
на запаливите прскалици мислев,пиротехниката
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.717
Поени од реакции
11.853
Убаво прашање постави, зошто дозволиле дискотеката да работи после 01:00 часот
Тошковски пробуваше да извади од одговорност некој као градамачалникот не издавал дозволи и овој убаво му рече за послем 12 саат од општината треба дозвола, исто спинот дека лиценцата за 2024 била фалсификувана, океј а за во 2022, 2023 да не била во подобро издание
Бо секој ебан град има локални битанги кои преку локалната власт праат што кур ке им се присака
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.043
Поени од реакции
12.832
Самото "гасење" со апарат со CO2 во не-евакуирана просторија ја има запечатено трагедијата.

Од самиот противпожарен апарат и плус пожарот се "успале" жртвите, а потоа и изгореле.

Колку општа неписменост се гледа во едно видео, без основна обука за противпожарна заштита.

На запад на секои 5 години секој вработен е должен да посети обука на противпижарен апарат и како да се однесува во случај на пожар и вакви катастрофи.
Ние на работа 2-3 пати годишно имаме вежба за евакуација, на последната дури и имаа викнато фирма која пушташе “чад” по скалите и симулираше вистински пожар. Јас одејќи накај состанок го гледам чадов, се здрвив. Се вклучи аларм и сите се евакуиравме. Па имавме предавање после тоа, дека евакуацијата ни била бавна, дека 4ца колеги тргнале директ по скалите што апсолутно не смее. Па ни дадоа фидбек кај да се подобриме.
Ептен се обраќа внимание на ова, кај и да одам, на кино, театар, концерт, пред да започне секогаш информираат кај има emergency exits и секогаш сум свесна за тоа.
Кај нас за жал многу е ниска свесноста за вакви работи.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.929
Поени од реакции
41.907
Самото "гасење" со апарат со CO2 во не-евакуирана просторија ја има запечатено трагедијата.

Од самиот противпожарен апарат и плус пожарот се "успале" жртвите, а потоа и изгореле.

Колку општа неписменост се гледа во едно видео, без основна обука за противпожарна заштита.

На запад на секои 5 години секој вработен е должен да посети обука на противпижарен апарат и како да се однесува во случај на пожар и вакви катастрофи.
Од девојче што ја има преживеано трагедијата и ми e блиска фамилија ми кажа што како се случувало, дека додека излегувале надвор веќе околу нив имало онесвестени на подот. Газеле врз нив додека да дојдат до излезот.

Не го сфатиле сериозно повикот дека треба веднаш без паника да излезат надвор и сите со пијачки почнале да излегуваат како на пауза двајца по двајца. Некои пак девојчиња барале да се вратат назад дека си ги заборавиле ташните и мобилните...

После тоа обезбедувањето почнало да ги турка сите на надвор и настанал хаос и се збуткале сите пред влезот, ама пламенот веќе бил проширен и имало неподнослив и загушлив чад. Сите што стигнале до излезот и на почист воздух се спасени, а останале оние кои се онесвестени од чадот, оние кои биле во тоалет и оние кои се вратиле некој да спасуваат.

Некое дете било пронајдено во тоалет на прозор барајќи воздух...

Инаку еден другар на внук ми се спасил и отишол накај Лукоил без да ги извести дека е надвор...
 
Vartolu

makoto 誠 chu 忠義
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.382
Поени од реакции
6.112
Многу голема трагедија...Бог да ги прости...

Во моментов го гледам пресот на СДСМ. Денеска барем можеа да поќутат да не прават театар и политички памфлети и поени а во нивно време имаше исто така трагедии како Дурмо Турс итн.... Еден ден нека почекаа, после нека поставуваат прашања, на кои имаат легитимно право....
 
Член од
19 февруари 2023
Мислења
3.279
Поени од реакции
6.604

Сега ќе си фрлаат топката, едните на другите, а буквално народот треба да ги згази и власт и опозиција.
 
Член од
1 јануари 2025
Мислења
149
Поени од реакции
427
Da ne se praime podobri od drugite, kao so kazav, sush bus ni e nacin na zivot.
Не се правам, конкретно за Рон и тие таквите како него, сум подобар. Затоа и не сум во Македонија и затоа и дигнав раце од тоа парче земја и народ. Наведната глава сабја не ја сече, седи има и полошо, тоа е што да правиме сега и кога ќе се деси вакво срање плачки, куку леле. И место тогаш да се има разбирање и солидарност, не, најпаметни се и одма теории, одма стручност и експертиза и осуди, гомна људски.
Пак ќе ти кажам, многу потсмев има на форумов за многу луѓе и од високо се гледа ама за најголем потсмев се најголем дел од луѓето доле со менталитетов погоре , поданички, самоуништувачки.
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.350
Поени од реакции
4.707
Самото "гасење" со апарат со CO2 во не-евакуирана просторија ја има запечатено трагедијата.

Од самиот противпожарен апарат и плус пожарот се "успале" жртвите, а потоа и изгореле.
7
Колку општа неписменост се гледа во едно видео, без основна обука за противпожарна заштита.

На запад на секои 5 години секој вработен е должен да посети обука на противпижарен апарат и како да се однесува во случај на пожар и вакви катастрофи.
Покрај тоа шо требало да мислат пиротехника не, кога веќе имало еден прозор, еден влез и милион луѓе, требало и на ова.

Они секако не сакале несреќа, кој нормален сака. Правиот збор како шо викаш е, не мислеле/не знаеле, она што се пишува во темата без да се пишува к8ј бил херој/спасител
 
Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
11.668
Поени од реакции
29.507
Не се правам, конкретно за Рон и тие таквите како него, сум подобар. Затоа и не сум во Македонија и затоа и дигнав раце од тоа парче земја и народ. Наведната глава сабја не ја сече, седи има и полошо, тоа е што да правиме сега и кога ќе се деси вакво срање плачки, куку леле. И место тогаш да се има разбирање и солидарност, не, најпаметни се и одма теории, одма стручност и експертиза и осуди, гомна људски.
Пак ќе ти кажам, многу потсмев има на форумов за многу луѓе и од високо се гледа ама за најголем потсмев се најголем дел од луѓето доле со менталитетов погоре , поданички, самоуништувачки.
Ако мислиш на форумов дека има потсмев подобро не отварај ФБ. Таму све се на ниво на тетките.
Тоа па Твитерот со тоа полуписмените паметњаковичи не ми се ни коментира. Таму 90% се Рон размислувања. Комфорт зона у детска соба (стан у Центар, Дебар Маало)и тоа е целиот нивен свет.
Среќа на Инстаграм нема опција за пишани постови иако и таму некои одма отскокнуваат со глупоќата.
 
Vartolu

makoto 誠 chu 忠義
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.382
Поени од реакции
6.112
Сега ќе си фрлаат топката, едните на другите, а буквално народот треба да ги згази и власт и опозиција.
Ние ако бевме народ оддамна требаше да ја имаме средено работата, а не да чекаме да се деси нешто вакво за да се понадеваме да тргни напред работата.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.934
Поени од реакции
37.032
Меѓудругото, ваков тип несреќи, што е и најстрашно, демнат на секој чекор овде. Од небезбедни автобуси со неисправни кочници кои се самозапалуваат по улици, небезбедни градилишта, населени места со неовозможен пристап за ПП возила и брза помош, по згради ПП црева и ПП скали не постојат...
Жива среќа е тоа што до сега не нема задесено некоја ваква несреќа со скопскиве автобуси. Мислам дека неколку се запалија за време на вожња.
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
5.261
Поени од реакции
6.343
Член од
3 јуни 2022
Мислења
1.801
Поени од реакции
4.397
Сега загинатиот полицаец, кој загинал додека си ја бркал работата, дилер го направивте? Конкуренција да лоцирал? Врз која основа се овие обвинувања, имаш докази дека бил дилер?
Немам докази за таму само предпоставки, ама со оглед дека во еден куп градови работат по иста слична шема го пишав тоа. Праќаат инспектори за да може после началниците да уценуваат газди на дискотеки и да извлечат некој денар, еве на пример нека проверат за Кочани уназад колку пати пратиле службено полицаец во дискотеката а колку пати пријавил малолетници во истите ? Се кладам 0 пати

Јас лично сум пријавувал дилер комшија оти не сакав да ми се вртат околу куќа дрогирани клиенти со 2 заба на овој дилерот, за возврат добив тресење на кола (иако ни цигар немам запалено во животот) ама дилерот е нивни човек (нтш) и до ден денес слободно си работи

Цело време преќутуваме вакви ствари и после чудиме зошто ни се случуваат Тетовската болница, Дурмо ова сега итн. Еве сега треба да веруваме на министерот дека дискотекава со години работела со фејк лиценца, како да инспекторите не разликуваат вистинска од фејк
 
Kajgana Shop

На врв Bottom