Пожар во Кочани, диско Пулс.

  • Креатор на темата Креатор на темата Syn
  • Време на започнување Време на започнување
Приберете се. Смртта на 59 млади луѓе е многу поголема од препукувањата ваши. Не е создадена темава за да се пцуете. Прости навреди не помагаат никому. Бидете попаметни и попуштете.
 
Леле луѓе што е ова што не снајде? Не можам да соберам, каква трагедија се деца, млади, кога некој ќе се држи за одговорен? Нека почиваат во мир и се молам за родителите, каква црна утеха после вакво нешто? :place::place:
 
@Zlatikevichius жив ли си ти човеку ќе поработиш ли малку на случајов со темава

Нема смисла веќе
 
Се кажано на место, за жал од ова и си бегаме горе да си вртиме бургери на скара како што се потсмева Рон на темава и ред други. Подобро бургери да вртиш отколку да си патиш од тие што треба да делите иста нација и идентитет.
Da ne se praime podobri od drugite, kao so kazav, sush bus ni e nacin na zivot.
 
@Zlatikevichius жив ли си ти човеку ќе поработиш ли малку на случајов со темава

Нема смисла веќе
Работи.
Ми го избришал постот за рон,остаил цела кофа бљувотини од онаа лудачана биполарна и останатите будали ко нејзе.

Sent from my SM-S918B using Tapatalk
 
Јас разбирам зашто се бараат врски, затоа што и тие таму што работат, работат само за завршат работа на некој нивни комшија што им се јавил за да побара услуга за негов роднина. Ме сваќаш? Зачаран круг без крај. Затоа и ти си чекал 5 дена, бидејќи не дошол на ред твојот предмет од овие работи.
Ако работат сериозно, а не од 5 бироа 3 се секогаш празни.Да им е приватен газда....
 
Додека сум жив нема да ми е јасно како некој одобрил во онаа шупа да се собира народ. Како? Како матер му, како??? Колку години работеле без никој да преземе ништо? Колективно слепило владее. До тоа дно ли е дојден животот таму, да овие деца немаат каде па се собираат во вакви шупи за малку забава?

Од утре треба да излезат инспекции во секој град и село, и да затворат се. Се да затворат, од А до Ш, и никој да не смее да отвори се додека не му поминат повторно на детални прегледи и не ги задоволи сите безбедносни стандарди. И лицата што издаваат одобрение јавно во службен весник да објават, за ако се случи вакво срање повторно некогаш, да се знае точно кој одобрил објектот да работи.

Ништо ич нема да се случи, од нервоза ќе си пишеме и тоа е.
Ne deka opsto se pocituvaat propisi na drugi mesta,ama ovoj sektor sekogas go vodele kombinacija, dno lugje. Gazdite sekade se gradskite faci so se znaat so site, od inspektor do gradonacalnik, profesionalen zavrsuvac na rabota.
Ne e ni cudno site diskoteki da se stali, tie so treba da go kontroliraat mu se drugarcinja.
 
А, ти како го замислуваш сценариото, 1 полицаец со 1500 деца, како иде спроведувањето тука?
Не ми е едно јасно, сам бил типот инкогнито од Пробиштип во Кочани или имало и други со него?
Ако биле и други, уште полошо акп не сработиле барем ете во делот за малолетници.
 
@Zlatikevichius жив ли си ти човеку ќе поработиш ли малку на случајов со темава

Нема смисла веќе
Ај врати се назад на темата и види дали сум испуштил нешто. Жив не сум, полумртов, и само што се прибрав дома.
 
Ај врати се назад на темата и види дали сум испуштил нешто. Жив не сум, полумртов, и само што се прибрав дома.
Да проверам дали си тука,немој одма да ми се љутиш.

Мора да се престане со ова препукување
 
Во наредниве три дена по наредба од влада ќе се вршеле вонредни инспекциски надзори по дискотеки, барови и кафулиња од истите тие што до вчера промижуваа и погледнуваа низ прсти…
Иначе ист случај во Романија во 2015 имало, од пиротехника од бендот до пожар, со пур пена плафонот за акустичност правен нешто слично како трагедијава кај нас… дно во Еу се Романија а дно во Европа сме ние и таа е реалноста.
 
Работи.
Ми го избришал постот за рон,остаил цела кофа бљувотини од онаа лудачана биполарна и останатите будали ко нејзе.

Sent from my SM-S918B using Tapatalk
Пријави се што не чини. Се обидов за пола саат-саат да исчистам се што не беше за тука, ама 36 страни да измодерираш не е лесно. Сите што ги преминаа границите со навреди, закани и несоодветни мислења си добија казнени поени и банови од тема. На што личи бе ова луѓе?
 
Целото наше општество е труло и се држи на стаклени нозе, неизбежно беше да се случат вакви катастрофи коишто ако ништо не се смени ќе продолжат да се случуваат. Корупцијата е премногу навлезена во сите пори на системот и се скокаат секакви регулативи во име да се зголеми заработувачката, ова е случајот во буквално секоја институција, индустрија и компанија во овој трул систем. Секаде се држиме на стаклени нозе и секој ден е руски рулет, сабајлево за жал ги истрошивме празните буренца од револверот.
Нека почиваат во мир сите настрадани, тешко на фамилиите, на градот, и на целата држава. Господ да не чува поради тоа што нема институција која што ќе го прави тоа во оваа "држава".
 
Гледам се дискутира по соц. мрежите непристапноста за ПП возило и амбуланта, затоа што паркингот до влезот на дискотеката бил зафатен со возила, а алтернативен пристап не постоел.

Во многу населби во Скопје, обично каде што е погусто населено со куќи, имаат ситуации каде пристап на ПП возило и амбуланта е невозможен, најчесто поради узурпација на јавен простор. Малку е потребно некој дефект од плинска боца, трансформатор, стара инсталација да резултира со обем на жртви како овој од Кочани.

Имам приметено дека овој проблем со непристапност на ПП возило и амбуланта воопшто не се перципира од засегнатите, мислам дека воопшто ни мисла во животот им нема поминато во главата што ако избие пожар...
 
Колку општа неписменост се гледа во едно видео, без основна обука за противпожарна заштита.

На запад на секои 5 години секој вработен е должен да посети обука на противпижарен апарат и како да се однесува во случај на пожар и вакви катастрофи.
Таа неписменост е последица на:

Од фирмава те одбравме тебе за одговорно лице за пп заштита.Потпиши се овде.
Абе обука нешо м?
Абе уживај, потпиши се.
Потпиши се и ок, надевај се дека се ќе е ок.
Ако не, ќе си имаш проблем со шеф, човечки ресурси као неподобен итн.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom