Да почетник сум со вежбањето, а за диети не дека и предходно сум држел (нонстоп падни-стани со килажата сум бил)
Само сега баш озбилно ја фатив работата...какошто пишав поназад три месеци сум на диета, еве за некој ден ќе го почнам четвртиот месец. Првите два и пол месеци бев стриктно само на кардио, дека зимно време облакаш дебела монтка, пешачиш саат и пол, понекогаш и два часа и се потиш како свиња.
Диетата ми се состои од тоа што сабајле до 12 часот сум само на зелен чај, едно турско кафе и една банана. Од 12 до 19 часот јадам три пати по малце, а после 19 часот не внесувам ништо, освен неколку залака цвекло, и тоа чисто го правам за крвта да не ја ослабнам.
Отфрлив грицки, отфрлив газирани сокови, благото ептен на минимум го сведов...ништо немам исфрлено од обичнава храна, се јадам, ама во многу помали количини. Висок сум 176 см, а тежок што знам над 100

... Иако не се мерам (за да не ме демотивира килажата) последниве три месеци сигурно сум симнат 15 до 20 кила, облека треба се одново да купувам...на каишов имам направено 6-7 дупчиња

. Иначе сите ми велат дека имам одлично тело за вежбање, и покрај тоа што имам вишок кила, се приметува дека и градбата ми е широка, коските да не речам, не сум од оние луѓе кои се како цигара во телото.
Муабетот од самиот почеток ми беше дека кога почнав со диетава, првите резултати ги видов после недела-две...па ме интересираше еве сега кога почнав и со вежбање (секоја ден тоа го правам по 20-30 минути) за кој период би ги видел првите резултати?