Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Па нека отвори друг. Ај отвори ти.
Зошто? За да се малтретира со пишување пораки, водење статистики, презентирање филмови кои никој нема да ги гледа? Последниот филм што го имавме наместо 2, 4 недели поминаа пред @moongoses да го гледа. Никој не ни забележа дека 2 недели е поминат рокот а нема нов филм. Единствено само тој остана лојален до сам крај. А дојдоа многумина, ветуваа дека ќе бидат редовни... ама не се ни појавија.

Клубот ќе остане во hiatus, најверојатно на подолго. Со Времепловот ќе се обидам да го придвижиме до крај после Оскарите.

Тоа е реалноста, за жал. Можеби некогаш, некаде, на друга платформа каде би имало повеќе членови, би продолжиле. Тука е бесцелно.
 
Само што го завршив Фјуриоза на Џорџ Милер. Што е ова - Ауууу.

2 и пол саати вожња без да трепнам. Не памтам кога последно сум гледал филм без да погледнам у телефон или да го стопирам по неколку пати и гледам во неколку дена.

Веројатно најдобра акција во последниве 20 години.
 
Коментиран е Nosferatu, го гледаш некој?
Еј едвај го догледав нз оти, ама ич не ми легна. Визуелно чат пат по некој момент, другото така.
Ко Дракула за сиромашни нешто.
Тој на Херцог е ремек дело споредено со овој новиов.
Претенциозно срање, ништо посебно, им давам бел бумбар ради звукот и атмосферата на моменти во филмот, другото тапа.
 
Тој на Мурнау ми е можда најбољи хорор евер. И тој со Клаус Кински не беше лош ич. Овој ќе видиме.

Патем,
Lupita-Nyongo-goddess-athena-gr-illustration-1392x876.jpg.webp
 
Прв пат сега го гледав Dirty Dancing на тв 1000. Лабаво филмче, само за играње и ебење се работи и нема никаква поента. Баш да се расположи човек петочки.

најгледана касета беше тоа време во видеотеките, и јака 87 година на екстра филмови
 

Не е многу долго видео сеедно ама може само први 5 минути да се изгледаат за да се долови поента.

Гај Ричи објаснува дека во секој негов филм главните ликови имаат само една цел - да станат креатори на својата судбина, еве по нашки тоа да го кажеме. Никогаш не сум го помислил ова ама откако ќе го слушнеш овде што збори и после изгледаш еден негов филм можеш да приметиш дека има многу вистина.
 
Еден од омилени режисери лично, без претенциозни глупости, едноставна прича, свој стил у секој филм со многу забава, Ричи е богатство.:love:
 
Вртиме низ Нетфликс колку да не ми е за џабе претплатата, и ајде ќе го гледаме Leave the World Behind. Сум чул за филмов и немам проблем да го пуштам иако Нетфликс повеќе ми служи за содржина што не е од нивна продукција.

Гледајќи го кастингот, си викам - нема овде простор за да вметнат агенда затоа што горе-долу ова се А-листа актери. Сѐ беше во ред додека девојката не се појави на базен со влакна под пазуви. Ѝ викам на жена ми - еве ги Нетфликс продукција, одвај издржаа досега да не покажат/докажат нешто вакво. Отворивме дебата за овој проблем, ѝ велам дури и кај машко да видиш олку влакна, т.е. не се влакна, гнездо за лилјаци е ова, е грозно, а не пак кај жена. Ликот цело време наметнува пораки и теми, де црнци према белци, де суптилен white privilege, нешто што воопшто не ми е допирна точка.

Немам проблем со крајот како крај, иако многу го хејтаат, имам проблем кога нема да ми дадеш речиси ништо пред тоа. Филмот нема допадливи ликови освен малото девојче (не ова од погоре, да се разбереме) чие патешествие има најмногу смисла - сака да го гледа финалето од Friends и запаѓа во длабока депресија во меѓувреме, додека нејзините родители стануваат сѐ подетинести.
Дијалогот е прелош, со долги, развлечени сцени кои не водат никаде.

Leave the World Behind е од бранот ковид филмови кои се снимаа додека траеја карантините, па затоа е на една локација и со два-тројца. Мислам дека овие филмови нема да го издржат времето и полека ќе ги снема од радар. Сите освен два, а тоа се The White Lotus и донекаде Knives Out франшизата, кои се настанати чисто под тие рестрикции, особено White Lotus.
 
Дали можи да ми препорачате некој филм како Hostiles, ремек дело!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom