Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Мене ми беше досаден Анора, посебно на почетокот мислим дека цел саат се развлекуваше толку бавно и све едни исти сцени гледав не знам како не заспав на пола филм. Јес да на моменти беше смешен, на моменти со некој бајат хумор што потсеќа на стара балканска комедија, ама overall ништо спешл.

Substance од друга страна интересен и со одлична презентација што се случува у Холивуд (не дека не знаевме) и желбата да се остане вечно млад, пошто нели, секогаш ќе има некој помлад и позгоден што ќе ти го земе работното место. Зачинето со хумор и налудничавост, мнооооогу налудничавост. Деми ја немам гледано у филм одамна, ете и глобус зеде за перформансот у филмов.

И на крај The wild robot ако имате потреба да си заплачете ко мало дете, а и да немате потреба филмов гарант ќе ви ја извади на површина, нема вие сакам нејќам. :) Ако не ви смета да сте бомбардирани со емоции од сите страни (хумор исто има, слатки животинчиња има) ништо друго не ви треба реално, филмов е the whole package.
 
Мене ми беше досаден Анора, посебно на почетокот мислим дека цел саат се развлекуваше толку бавно и све едни исти сцени гледав не знам како не заспав на пола филм.
Ти не си машко, затоа. :D
 
Кога ќе ми текне само на Eraserhead .....
Уште ме прогонува. Колку само забеган филм.
Лесна земја маестро. Ќе останеш еден од најголемите на сите времиња.
 
Вечна му слава !!!

https://netpress.com.mk/de-vid-linch-avtorot-na-kultniot-tvin-piks-pochina-na-79-godini/

Дејвид Линч, авторот на култниот „Твин Пикс“, почина на 79 години

четврток, 16 јануари 2025, 21:11

dejvid-linc.jpg


Дејвид Линч, американски режисер, писател и уметник кој освои номинации за Оскар за најдобар режисер за филмовите „Син сомот“, „Човекот слон“ и „Малхоланд Драјв“, како и еден од сценаристите на револуционерната телевизиска серија „Твин Пикс“ почина непосредно пред својот 79-ти роденден, објави неговото семејство во четвртокот.

„ Со длабока тага ние, неговото семејство, ја објавуваме смртта на овој човек и уметник Дејвид Линч “, се вели во соопштението на фејсбук-страницата на Линч.

„ Сега, кога тој повеќе не е со нас, остана голема празнина во светот. Но, како што би рекол и самиот, важна е крофната, а не дупката “.

Tvin-Piks.webp


Со своите визуелно зачудувачки, вознемирувачки и неразбирливи дела полни со сцени слични на соништата и бизарни слики, Линч важеше за мајстор на надреализмот и еден од најиновативните филмаџии на неговата генерација.

Тој ја доби почесната награда на Академијата за животно дело за 2019 година.

Загадочниот уметник и приврзаник на трансценденталната медитација се спротивстави на објаснувањето на неговите сложени филмови, вклучително и „Диви во срцето“, добитник на Златната палма во 1990 година на Канскиот филмски фестивал, „Eraserhead“, хорор од 1977 година и трилерот „Изгубениот пат“ од 1997 година.

„ Филм или слика е секој посебен јазик, па не вреди да се обидуваме да го кажеме истото со зборови. Нема зборови “, изјави тој за весникот The Guardian во интервју во 2018 година.

Неговиот стил на снимање изведе нова придавка – „линчовски“, која магазинот Vanity Fair го опиша како чуден, морничав и бавен. Линч во своите филмови го вметнува морничавото и вознемирувачкото во обичното и секојдневното, а впечатокот дополнително го засилува со музиката.

Режисерот велеше дека не го интересира само приказната, туку и атмосферата на филмот поставена од комбинираното дејство на визуелни и аудитивни елементи.

„ Неговото око за апсурдни детали што предизвикуваат сцена во шокантно олеснување, и неговиот вкус за ризичен, често гротескен материјал, го направија можеби најпочитуваниот ексцентрик во Холивуд, еден вид психопат Норман Роквел “, објави The New York Times во 1990 година во пресрет на прваета сезона на „Твин Пикс“.


Дејвид Кит Линч
20 јануари 1946 - 16 јануари 2025

Лесна му земја
нека почива во мир !!!

R.I.P. :(
 
Ја земав PS4.
:noze:

Шала на страна, никогаш не успеав да се вметнам во Филмски Клуб, додека пак учествував во сите други филмски предизвици. Оставам на поискусните.

@Zlatikevichius, ако и овој подфорум замре готово е..
Па добро не мора се да прави он, напорно е се плус и ова и башка кога имаш мн нешта на грб не можеш да се посветиш на ништо посебно. А клубот беше посебен. Еве да не дозволиме да умре најдоброто катче на форумот, мисли и отварај теми, предизвици што било.
 
Back
На врв Bottom