Утрешниот ден не прави ама доволно е да се покаже силата на народот кога ке се сплоти плус ако зачестат ваквите работи ке осетат и те како, можеби имаме потреба од некои неопходни продукти ама секако на џанк фуд ке се осети драстична потрошувачка
Хрвативе почнаа да прават споредби на цени по други земји, нека се свестат дека не е глуп народот
Хрватите па хрватите и што ако правеле споредби, која им е алтернативата, што запнале во Лидл или нашиве во Веро, Тинекс, штом има милка за 70 во Стокомак.
Ако некој не контролира, као што сме забеган народ и хиперинфлација ќе предизвикаме
1. Никоја држава никогаш не успеала успешно да исконтролира економија, не ни е возможно со овие децениски исти стратегии кои се директни причини за кризите.
2. Инфлација, а посебно за хиперинфлација исклучиво државата е виновна. Хипер имаш кога мнозинството народ повеќе нема доверба во системот, гледа што побрзо да се отараси од домашната валута и ете хаос.
Секоја фирма, секое домаќинство кога е криза, најнормално е да штеди, да биде што поефикасно, не се расфрла на непродуктивни работи, не запослува слуги, не се задолжува за чоколади, кога нема за леб, не купува нови поршиња. Државата обратно прави, народ тоа му е океј и после приватниците биле виновни.
Глеј го од ayn rand "
atlas shrugged", 3 дела се, сега сме баш во дејствијата од третиот дел. Како пророк изгледа, арно ама многу лесно е да се предвиди, бидејќи точно се знаат последиците од активности кои ќе се превземат, бидејќи ништо ново не е тоа што прават политичарите, веќе видено, веќе познато.