Во петок на бојкот? – Секоја акција може да успее ако има масовност! 31.01.2025

Ќе бојкотирате ли пазарување во Петок?

  • Да

  • Не, не ме интересира

  • Да, но мислам дека нема ефект.


Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Член од
22 февруари 2024
Мислења
233
Поени од реакции
370
Ќе следи ли рецесија ако продолжи инфлацијата со ваков тренд?

Има инфлација, ама кај нас ептен забегаа сите со цените, не само супермаркетите.

Ако некој не контролира, као што сме забеган народ и хиперинфлација ќе предизвикаме :D
Хиперинфлација од 3-4%?
Мајсторе оди играј џамлии. Само пред маало такви муабети ке праиш. Немаш видено инфлација па да збориш вакви глупости.
 
Член од
28 август 2013
Мислења
4.486
Поени од реакции
13.688
Хиперинфлација од 3-4%?
Мајсторе оди играј џамлии. Само пред маало такви муабети ке праиш. Немаш видено инфлација па да збориш вакви глупости.
Абе таше, на шала реков хиперинфлација.
А за тие 3-4%, не знам како си играш весела математика, ама последниве три години речиси се е за 50% поскапено.
 
Член од
22 февруари 2024
Мислења
233
Поени од реакции
370
Абе таше, на шала реков хиперинфлација.
А за тие 3-4%, не знам како си играш весела математика, ама последниве три години речиси се е за 50% поскапено.
Годишно таше годишно. И не е 50% ајде сега да не се преувеличува. Лебот на жито лукс беше 29 денари сега е 33.
Некои други работи се поскапени али не до толку. Ако не ми веруваш отвори стари летоци на Кам маркет на фејсбук имаат стари постови. Поскапено е али не до таа мера. Највеќе во пандемијата имаше поскапување. Сега не е така.

Едино вие во тинекс што пазарите што за конзерва тука ве дерат по 140 денари тоа е ваш проблем.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.414
Поени од реакции
7.799
Утрешниот ден не прави ама доволно е да се покаже силата на народот кога ке се сплоти плус ако зачестат ваквите работи ке осетат и те како, можеби имаме потреба од некои неопходни продукти ама секако на џанк фуд ке се осети драстична потрошувачка
Хрвативе почнаа да прават споредби на цени по други земји, нека се свестат дека не е глуп народот
Хрватите па хрватите и што ако правеле споредби, која им е алтернативата, што запнале во Лидл или нашиве во Веро, Тинекс, штом има милка за 70 во Стокомак.

Ако некој не контролира, као што сме забеган народ и хиперинфлација ќе предизвикаме :D
1. Никоја држава никогаш не успеала успешно да исконтролира економија, не ни е возможно со овие децениски исти стратегии кои се директни причини за кризите.

2. Инфлација, а посебно за хиперинфлација исклучиво државата е виновна. Хипер имаш кога мнозинството народ повеќе нема доверба во системот, гледа што побрзо да се отараси од домашната валута и ете хаос.

Секоја фирма, секое домаќинство кога е криза, најнормално е да штеди, да биде што поефикасно, не се расфрла на непродуктивни работи, не запослува слуги, не се задолжува за чоколади, кога нема за леб, не купува нови поршиња. Државата обратно прави, народ тоа му е океј и после приватниците биле виновни.

Глеј го од ayn rand "atlas shrugged", 3 дела се, сега сме баш во дејствијата од третиот дел. Како пророк изгледа, арно ама многу лесно е да се предвиди, бидејќи точно се знаат последиците од активности кои ќе се превземат, бидејќи ништо ново не е тоа што прават политичарите, веќе видено, веќе познато.
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
5.114
Поени од реакции
6.098
Како шо е замаен народот, ќе мисли има попуст, оптичка варка со налепницата :ROFLMAO:
Кам маркет прави поуспешна далавера со производите на Saluti,кога дава попуст на истите таа пратка што се продава има грамажа намалена за најмалку 5% до 10% што значи дека ако на проиводот пишува дека фабрички има 400гр нето тежина реално тежи од 360 до 380 грама па потрошувачот мисли дека купил производ на попуст ауствари платил иста редовна цена во однос на добиената тежина.
 
Член од
23 септември 2015
Мислења
918
Поени од реакции
455
Кам маркет прави поуспешна далавера со производите на Saluti,кога дава попуст на истите таа пратка што се продава има грамажа намалена за најмалку 5% до 10% што значи дека ако на проиводот пишува дека фабрички има 400гр нето тежина реално тежи од 360 до 380 грама па потрошувачот мисли дека купил производ на попуст ауствари платил иста редовна цена во однос на добиената тежина.
Ова едно време го правеа со лебовите и пецивата, не во кам општо секаде.
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.250
Поени од реакции
5.878
Џабе е бојкотот од еден ден, кога сите ќе купуваат во четврток за два дена, така да на продавачите еписибир му е, еден ден врнеше два дена.

На ФБ статус имаше пишано подобро да се организира протест: 1 недела нема пазарење во два маркети, 1 недела потоа во други, 1 недела во трети, и 4 недела да не се пазари во никој од големите ланци, само во маалските продавници.
 
Член од
22 февруари 2024
Мислења
233
Поени од реакции
370
Абе битно кафаните и рестораните ке бидат полни во петок.
Направете еден круг со кола да видите како Македончето јако протестира и ке им докаже на маркетите дека неможат со него да си играат. Ај сеа една шопска, бокалче ракија и месна даска. Сметка од 100 евра.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom