Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Saladin, јас би уживал да те анализирам. Многу интересен лик ми си, ама имам повеќе форумџии кои ми побараа анализи. Сега ќе ја направам на kit-katce, потоа ми е ada, иако и' обеќав дека за недела, поминаа три. После ја имам Crazy In Love па Cafe Del Mar:). Ако не ти направи некој друг, ќе се обидам јас.

Без брзање. Take your time, ќе почекам. Фала унапред друже:)
 
Јас ги сакам и Ана и Лиза. Е сега ако и тие мене ме сакаат тогаш јас гласно ке кажам и јас сакам Анализа. :helou:
 
Абе брат тебе те ѕирнаа и со тоа една мисла ми останува а тоа изгледа јас сум тука психо......
толку ли сум тежок за анализирање???????????
И тебе и Мими ја ќе ве анализирам коа нема да ме мрзи :)
 
Нов член кој направи 60 поста за еден ден:vozbud:, заслужува анализа:pipi:
Вештица
Кога скептиците од Антиката, би ја запознале, би сфатиле дека се оптимисти и дека нејзе можат вода да и` носат. :wink: Има неверојатно знаење од филозофија и сака тоа да и биде животна преокупација. За секоја теза, било да се согласува со неа или не, таа ги знае контрааргументите. Тоа и дозволува лесно да реплицира и да знае што ја очекува. Кате е морална личност, самокритична и самосвесна, ако не знае нешто не се срами да праша, не сака да се прави тоа што не е. Анализира луѓе за многу кратко време со изненадувачка точност. Позитивно влијае со своите навики(не фрла ѓубре на улици:aplauz:). Се интересира за источните култури и смета дека се` што е западњачко е срање во боја. Чувствителна е, ако некој ја навреди или повреди, не го става тоа директно до знаење, затоа што едноставно нема сила да докажува објективна точност во нешто што ја претставува нејзината повреда на духот. Благодарна е, никогаш не останува должна. Умерена, знае за граници, помага на сите, хумана, инвентивна кога се работи за подарување. Не си дозволува ниту моментални патешествија во свет кој не е реалниот. Зрела личност, има оформено морални вредности,амбициозна е, сака да просперира во животот. Ги мрази дискриминациите на било која основа, како и остатоците од патријархатот според кои жената е домаќинка. Нејзиниот сопруг, нема шанси да е "глава на куќата":nesum:Вештица е личност која за веќе проценетите пријатели, би дала се`. Истото од нив го очекува и добива. Од начинот на кој се облекува, можеме да заклучиме дека се работи за девојка која цени уникати, рачни изработки, уметност и изобилие од истите. :vozbud: Фенг Шуи и романтична атмосфера сака да бидат дел од нејзиниот дом. Сака минималистички стил во однос на мебелот, но кога се работи за слики и украси, сака религиски симболи, керамика и стаклени елементи. Мрази клишеа, не и` се кореспондентни со темпераментниот дух. На моменти кај неа преовладува хедонистичкиот глас, па е во состојба да јаде ако треба цела недела леб и паштета, за да на крајот од истата отиде на вечера во "Дуомо".(ова беше мој измислен пример за да доловам ситуација :pipi:). Духовното и материјалното ги цени во сооднос 70-30. Не е алчна, но ниту нереална. Сака нејзиниот труд да биде награден. За да избувне, потребно е токму тоа да не се случи. Тврдоглава е, согласно со хороскопскиот знак-овен. Сака да исправа неправди со голема жестина. Нејзиното мото е: "Не се нервирај".:back:
 
Треба,по правило.
Ама бидејќи ти го имаш тајниот код во потпис (розева пеперутка),јас би ти направил и со твоите 113.
Are you up for it?


Yes ofcourse
Ти благодарам :smir:
 
Сега ќе го психоанализирам, човекот на мојот живот:pipi:
Acko
На прв поглед изгледа интровертно и без ставови, но подоцна ќе ви ја затвори устата за 2.6 по корен од 3 секунди. Не зборува многу, затоа што за него важи правилото "Кој многу зборува, малку кажува". Тврдоглав:nesvest: е до немајкаде. Општо знаење од се и сешто. Филм-манијак. Сочувствителен, разумен, поддржува и во добро и во лошо, но ќе го увидите тоа во лошо. Нема непријатели, веројатно заради својот неутрален став кога се работи за караници. Признава грешки, ама ептен на крај. Тоа е единствениот момент во кој си го билда егото. Мрзелив за учење, а има капацитет.... (Дете учи!:star:). Не планира, спонтан е, помага на секого, непознати му се манипулаторските техники. Мисли споро, но резултатите на неговото мислење се продуктивни. Не може да работи повеќе работи во исто време, сака да се сосредоточи на секоја поединечно. Не е особено инвентивен, затоа партнерката е:pipi:. Способен е да се оддалечи од сите, за онаа што ја сака. Прилагодлив е на условите, дури и да не му се допаѓаат. За да ви каже што му пречи, потребно е да му стапнете на жуљ, доколку не ве чувствува за особено блиски. Чувствителен е, реалист, а и фантазер за далечната иднина. Има мисла водилка во секој период на живеењето, некоја цел со која тој период го заокружува. Потоа си поставува нова... Не е романтичен, тоа не му е во крвта. :nesum:Не сака да доминира, тоа не го доживува како некој облик на себедокажување, туку како замарање. Не сака да биде предводник, освен во област која ја чувствува како исклучително позната и своја. Добродушен е, сака да се шегува и да се шегуваат со него(и да сеирчи хахахах).Ако нешто сака, му се посветува целосно и перфекционистички. Сака да се информира, да не чита по некоја нова работа секој ден, ќе се чувствува како да е на пуст остров. Сака англиска поезија, евергрини и класични нешта. :love3::wub:
 
Ке можи мене некој да ме анализира,ако сака?:kesa:
 
Красулка
Амбициозна до бескрај. Тоа или ќе ја направи многу успешна, или ќе ја убие. Одговорна. Не може да се забавува додека не ги заврши обврските. Голем организатор на настани и во тоа ужива. Советодавец номер едно. Предвидувањата и советите и` се како наследени од баба Ванѓа. Понекогаш живее за другите, не за себе. Точна, одговорна, прецизна, разумна, самосвесна, совесна, снаодлива. Во секој момент може да преброди се`, а тоа да не го ни забележи, додека останатите од страна ќе се прашуваат како извлекла жива глава од проблемот, до толку е издржлива. Адаптибилна е со луѓе кои се зборлести и комуникативни. Не трпи лицемери и арогантни, заради нивната некарактерност. Цели кон одбрани пријатели. За неа важи правилото, подобро еден ама вреден, отколку сто а никакви. Крајните животни цели и се многу високи, а вклучуваат голема кариера и спокој во семејството. Свесна е за влоговите кои треба да ги направи, но подготвена е и гледа на широки перспективи и долги патеки. Кога ќе се заљуби, верна е, исполнителна и не се задоволува со помалку содржаен партнер од неа. Она кое го дава, го очекува да и се врати, а некогаш и тројно. Треба да научи дека животот е еден и нема време за толку многу грижи. Едноставно секогаш се наоѓа нешто на кое таа му обрнува внимание повеќе од што е потребно, а најчесто е тоа училиштето. Многу се припотресува, мислејќи дека на тој начин ќе се самомотивира себеси уште повеќе да дава на тоа поле. Болежлива е, склона на алергии и такви работи, затоа не треба да си игра са животом!:star:Памти и враќа, значи се работи за дефинитивно лонглестинг мемориска картичка :vozbud:. Изгледа препотентно, тоа и` е заштитно одело против сељаци. Но инаку е приземна многу. Има пасија за штикли, и крпици онакви у секакви бои, дезени, форми, нијанси и така натака и така навака. Се` сака првокласно. Предана е на пријателот и секогаш тука за него. :back::love3:
 
The Goddess
Романтичар во душа, сентиментална, не сака да и` се` влијае на расположението, затоа што е свесна дека лесно може да го промени. Љубопитна е до степен да заклучам дека поседува детска невина палавост во себе. Не постои некој жив кој би можел да ја врати од патот на кој е веќе тргната. Одлучна, зависна од убави спомени, моменти, мириси... Сака кога ќе ги затвори очите се` што гледа пред неа да е убаво минато. Тие убавини од минатото, и` даваат сила да креира убава сегашност. Ретка личност која не чувствува омраза во својата вистинска смисла. Не е способна да мрази. Задоволна е со она што го има во моментот, сака пропорционална добивка со трудот. А се труди многу, значи ќе успее. Ја згрозуваат војни, природни катастрофи, убиства најмногу на свет. Знае да се прилагоди, иако највеќе сака другите да се прилагодат на нејзе. Не дека е егоцентрична, туку во своја кожа најубаво функционира. Секоја ситница може да ја израдува или натажи. Сака да има пријатели највеќе на свет. Не може да функционира ако се чувствува несоцијабилно. Петок без пријатели, за неа не е петок. Љубовта и е број еден приоритет во животот. Има милион познајници, но само неколку пријатели. Некогаш знае да ги измеша познаниците со пријателите, па да остане повредена. Во работи за кои се чувствува компетентна, сака да предводи. Класични работи сака, не многу прогресивни. Чита книги, ама си има еден стил само. Сака да специјализира во една област, не да шара многу многу. :back:
 
Mала незнам овие дал се баш точни али пошто глеам дека никој не вика ништо лошо т.е веке има побарувања за нови анализи од тебе..
Мислам дека време е да почнеш и да наплакаш веке :wink:
 
Mала незнам овие дал се баш точни али пошто глеам дека никој не вика ништо лошо т.е веке има побарувања за нови анализи од тебе..
Мислам дека време е да почнеш и да наплакаш веке :wink:
Не знам дали се точни ни јас, знам дека можам да правам само една дневно, оти се деконцентрирам, а и главчето ме заболуе.:icon_lol: Следечи се Магде и Грл, и сите што побаравте, а тоа се сто души, така што у наредниов месец јас имам работа.:nesvest: И ако утнам нешто, и ја сум чоек муахахахах:vozbud::back:
 
дајте бе и за мене една ц.ц.ц..ц
 
Сакам анализа.
Ќе се понуди некој?:smir:
Еве, да се обидам, да направам сефте на темава:pipi:
Лејди Сатори е силна и слаба во исто време.Силна,затоа што е борец по вокација;слаба, бидејќи дозволува да ја понесат емоциите, импулсивна е. Стабилна и објективна, но непоправлив романтичар во душата иако добро се снаоѓа со предизвиците на секојдневието.
Традиционалист во суштина, но никако не и конзервативна. Умее да биде и суетна и тврдоглава ако е испровоцирана.Добра, друштвена, комуникативна, но резервирана, нејзината интима сепак е скриен свет во кој само избраните можат да ѕирнат.
Толку можам да заклучам од тоа што го прочитав, кажи ако сум те трефнала, извини ако нешто не ти се допаѓа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom