Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
The Goddess
Романтичар во душа, сентиментална, не сака да и` се` влијае на расположението, затоа што е свесна дека лесно може да го промени. Љубопитна е до степен да заклучам дека поседува детска невина палавост во себе. Не постои некој жив кој би можел да ја врати од патот на кој е веќе тргната. Одлучна, зависна од убави спомени, моменти, мириси... Сака кога ќе ги затвори очите се` што гледа пред неа да е убаво минато. Тие убавини од минатото, и` даваат сила да креира убава сегашност. Ретка личност која не чувствува омраза во својата вистинска смисла. Не е способна да мрази. Задоволна е со она што го има во моментот, сака пропорционална добивка со трудот. А се труди многу, значи ќе успее. Ја згрозуваат војни, природни катастрофи, убиства најмногу на свет. Знае да се прилагоди, иако највеќе сака другите да се прилагодат на нејзе. Не дека е егоцентрична, туку во своја кожа најубаво функционира. Секоја ситница може да ја израдува или натажи. Сака да има пријатели највеќе на свет. Не може да функционира ако се чувствува несоцијабилно. Петок без пријатели, за неа не е петок. Љубовта и е број еден приоритет во животот. Има милион познајници, но само неколку пријатели. Некогаш знае да ги измеша познаниците со пријателите, па да остане повредена. Во работи за кои се чувствува компетентна, сака да предводи. Класични работи сака, не многу прогресивни. Чита книги, ама си има еден стил само. Сака да специјализира во една област, не да шара многу многу. :back:

:back: Фала сонце.

Да бидам искрена не очекував дека до олку ќе ме погодиш. И повеќе од половината е вистинито што просто се изненадив како е можно кога речиси воопшто не се познаваме :) .
 
Aбре аман 2 недели чекам анализа зарем толку никој не сака да ме анализира:toe:
Доста интересен член ама ме мрзи сега ај др пат ќе ти направам анализа а инаку доста интересна појава
 
Џимеј

Нека биде ова една задоцнета роденденска честитка за Џимеј.
Прв момент у психоанализава нека биде поимот репутација. Зошто? Сега уз прегледување и оценување на твоите постови(bad proffessor style!), сакав да ти дадам зеленко за твоето дефинирање на фраерка. Така а?:) Им се дивиш на женските на кои им се свиѓаш, а им се восхитуваш јако на оние кои те свиѓаат. Fucking lol друже. Интересното е што не успеав у намерата. "Не можете да дадете два пати репутација за ист пост". Јебига, склерозата напаѓа кога се работи за непознат човек. Пази, и реално и виртуелно непознат. Ама пази пак, тоа беше одамна.

Џимеј како човек кој добро работи на својата репутација во животот(од секој аспект), не смее да се пропушти, да се слизне од вашиот поглед кога ја набљудувате масава разномисленици на портокалово тло. Џимеј е дел од саламчињата во овој виртуелен свет кој јас сакам да го нарекувам "омлет" во вакви посебни пригоди.:) Саламчињата се ретки, се издвојуваат, а сите сакаат да ги вкусат. Сите да ти честитаат роденден, да те пишат во листата на wanna-запознаам, да ти пишуваат "мил на дада" на профил. Богами, и модератор стана. Најнов противник на спојлерите и едноставните едно-реченични постови.

Вториот поим е емо моментот. Интересното тука е што јас до пред некое време ја имав емо сликата за тебе, момак кој ја бира даркерската страна на гледање на животчето. Нормално дека сум била во заблуда.:) Во ред, било rough, ама ти си доволно зрел 17годишњак за да ја увидиш оваа иронија која е толку оптимистичка:
Викаш, годинава не била лоша на љубовен план. Значи... После се` сфаќаш дека човек ги согледува нештата далеку пореално откако тие ќе одминат, откако времето ќе си го направи своето. После се`, сфаќаш дека црното не е црно, а белото не е бело, дека лошите искуства се црното кое eventually го прави белото посјајно. А белото е секако "Прекрасниот живот", чија убавина ја чувствуваш во секое чисто утро со покрив над главата, дрва во каминот, мирис на ајварот, предење на мачката, паѓање на снегот. Точно, "убавината е и поглед на работите".

Како што среќата е состојба на умот, драг Џимејчо. Знам дека го имаш ставот дека среќата не треба да зависи од ништо и од никого. Некој Fight club момент. На прв поглед, точно. На втор...да философираме:
Љубовта е она што не прави нас среќни. Пази, секаков вид на љубов, твојата љубов кон родителот, кон мачката, кон Bawbie, кон филмовите, кон кајгана, кон Кискино. Човек се приврзува за нештата, така го наоѓа своето место под Сонцето. Човек не е човек без овие нешта кои следат по "љубов кон...". :)
Затоа, најголема мизерија е човек да стане рамнодушен, празен, безволен. Тоа е Тага, обратно од Среќа.

Ти знаеш да бидеш среќен, а луѓето рака даваат за такви пријатели. Ти знаеш да се смееш, а луѓето се држат цврсто до (луѓето со) позитивна енергија.

Време е за четврто нешто. Пази да не станеш его-трип. Луѓето признаени во друштвото лесно се случува да станат дигнати, значи луѓе кои сакаат да се слуша само нивниот збор а забораваат дека секој божји човек е буквар, кои се осмелуваат да осудуваат на база на незнаење и предрасуди.

Филмоман, филмофил, пасиониран гледач. Напразно е да зборувам какви филмови сакаш и колку сакаш да гледаш, анализаторското тука е следно: Луѓето се посложени од мозаиците на Линч. :) И уште нешто, обидувај се во секоја ситуација да гледаш реално на нештата околу себе, можеби тоа е еден од единствените начини да не се разочараш. You know the trick, гледај ја и темната страна, ама обидувај се да ја форсираш светлата. Вади го најдоброто од се`, колку утопистички(и исклиширано!) и да звучи ова.

И тоа е тоа. Можда претерав со философирање, ама what the heck. :) Очекувам коментар! И нормално тука е желбата да те запознаам и во живо и да дознаам уште мал куп работи за тебе, да помуабетиме малце. :helou:

Бтв, Џену, се плашам од твојата анализа. :vozbud:
 
Лејдис енд џентлмен, се враќам на темава по едно месец дена пауза, за да ги изанализирам сигурно едни од најубавите девојчиња на форумов, Натурал и Крејзи ин Лав.
Затоа што Крејзи ин Лав не ме остави да гледам фудбал на раат и не ми донесе маица, ќе си почека уште малку. Ха! Се надевам казнава ќе делува малку поучно на нејзе.:)

Natural-girl

Нема за што да се плашиш и секираш:), ти не беше таа што ми попречи да гледам фудбал во средата. Ќе видам колку можам да те анализарам што подобро, ако нешто згрешив во доленапишаното, слободно поправи ме и искажи се искрено.:) Почнуваме:

Најпрво, извини што чекаше толку многу, но имав неодложни обврски, бев на пат, дрн дрн, но не те заборавив.:wink: Ќе се обидам да те анализирам по твоите мислења што ги имам прочитано од форумов, како и од тој еден пат што се имаме видено/запознаено, но важно ми остави добар впечаток. Не сакам да изгледа ова како гребење или како ласкање, но ти си ми една од поомилените форумџики. Зошто?
Како прво види си го јузерот и фрли еден поглед на некои од твоите досегашни мислења. Ти си навистина природна и го кажуваш тоа што го мислиш, па јузерот ти е во кохезија со личноста. Не само јас, ова го имаат забележано и повеќе членови на форумот, скоро сите мислат и знаат дека Натуралната е навистина натурална. Сакаш книги, филмови, вечерни излегувања, дружења, заљубена си:pipi:. Иако се` уште немаш наполнето 18, ти си веќе полнолетна. Те имам забележано во темата за помош со љубовните проблеми како се обидуваш да ги советуваш тинејџерите кои се изгубени во свемирот на повисоко ниво. Тоа е прекрасно, но тоа што им го објаснуваш ти не секој може да го сфати и кога го чита или си вели абе што ми збори оваа или па едноставно го прескокнува. Давај им совети, ми се допаѓа твоето рационално размислување, но поентата ми е што не секој може да ги сфати, така да не се грижи ако некој ти врати со црвено, или па ти пише амУри ти што знаеш... Има секакви. :smir:
Во врска со книгите, не знам дали го сакаш Фројд или го имаш читано, но би ти препорачала да го читаш, верувам дека неговите книги би ти се допаднале многу, имам некои чувство дека таква тематика би ти се допаднала. Плус, имаш талент за пишување. Не пропушташ да напишеш некој текст во темата за пишување на зададена тема. Тоа е и очекувано, мислам, по толку прочитани книги, зборовите сами си доаѓаат, па по ова заклучувам дека имаш 5 македонски без никаква мака.
Сега кога фрлам поглед по твоите мислења, гледам дека обожаваш и фотографии. Еве уште еден мој совет: Пробај да фотографираш. Мислам дека имаш талент и за тоа, штом имаш талент и за пишаниот збор. Уметноста е таа. Сигурна сум 100% дека ќе имаш одлични фотографии. Ако ме сакаш:)), направи две три, со мобилен дури ако сакаш и постирај ги во темата за ваши дела. Баш ме интересира дали сум во право. Морам да те пофалам што одбиваш да постираш во "прости да - не" теми, во кои не треба интелигенција повеќе од 2 (без навреда кон другите), туку гледаш да постираш во темите што би му биле на помош од некого, каде што се бараат совети и каде што се докажуваат вистинските форумџии, а не амебите, како што вели Фантом.
Е сега кога го изнапишав сево ова, се прашувам, што бараш на математичко подрачје кога имаш уметнички таленти? Тоа ми е најголема мистерија, затоа што и јас сум на погрешно подрачје, а зошто го одбрав, врска немам. Ако можеш да одговориш, I am willing to hear, затоа што јас немам одговор ни за мене ни за тебе.

Мој краен совет: Биди си она што си, терај си го животот како што сакаш и не дозволувај никој да ти се меша во него. Поготово во изборот на нештата. Ако одлучиш да бидеш стоматолог, терај до крај. Морам и јас да одам кај некого на забар кога моите ќе се пензионираат, нели? :) Сега засега добро ти оди, продолжи и понатаму да бидеш Натуралната што сите ја знаеме.:)

Следеча: Крејзи ин Лав - секс модераторката. :Мистер Брнс смајлито:
 
Лејдис енд џентлмен, се враќам на темава по едно месец дена пауза, за да ги изанализирам сигурно едни од најубавите девојчиња на форумов, Натурал и Крејзи ин Лав.
Затоа што Крејзи ин Лав не ме остави да гледам фудбал на раат и не ми донесе маица, ќе си почека уште малку. Ха! Се надевам казнава ќе делува малку поучно на нејзе.:)

Natural-girl
Нема за што да се плашиш и секираш:), ти не беше таа што ми попречи да гледам фудбал во средата. Ќе видам колку можам да те анализарам што подобро, ако нешто згрешив во доленапишаното, слободно поправи ме и искажи се искрено.:) Почнуваме:

Најпрво, извини што чекаше толку многу, но имав неодложни обврски, бев на пат, дрн дрн, но не те заборавив.:wink: Ќе се обидам да те анализирам по твоите мислења што ги имам прочитано од форумов, како и од тој еден пат што се имаме видено/запознаено, но важно ми остави добар впечаток. Не сакам да изгледа ова како гребење или како ласкање, но ти си ми една од поомилените форумџики. Зошто?

Како прво види си го јузерот и фрли еден поглед на некои од твоите досегашни мислења. Ти си навистина природна и го кажуваш тоа што го мислиш, па јузерот ти е во кохезија со личноста. Не само јас, ова го имаат забележано и повеќе членови на форумот, скоро сите мислат и знаат дека Натуралната е навистина натурална. Сакаш книги, филмови, вечерни излегувања, дружења, заљубена си:pipi:. Иако се` уште немаш наполнето 18, ти си веќе полнолетна. Те имам забележано во темата за помош со љубовните проблеми како се обидуваш да ги советуваш тинејџерите кои се изгубени во свемирот на повисоко ниво. Тоа е прекрасно, но тоа што им го објаснуваш ти не секој може да го сфати и кога го чита или си вели абе што ми збори оваа или па едноставно го прескокнува. Давај им совети, ми се допаѓа твоето рационално размислување, но поентата ми е што не секој може да ги сфати, така да не се грижи ако некој ти врати со црвено, или па ти пише амУри ти што знаеш... Има секакви. :smir:

Во врска со книгите, не знам дали го сакаш Фројд или го имаш читано, но би ти препорачала да го читаш, верувам дека неговите книги би ти се допаднале многу, имам некои чувство дека таква тематика би ти се допаднала. Плус, имаш талент за пишување. Не пропушташ да напишеш некој текст во темата за пишување на зададена тема. Тоа е и очекувано, мислам, по толку прочитани книги, зборовите сами си доаѓаат, па по ова заклучувам дека имаш 5 македонски без никаква мака.

Сега кога фрлам поглед по твоите мислења, гледам дека обожаваш и фотографии. Еве уште еден мој совет: Пробај да фотографираш. Мислам дека имаш талент и за тоа, штом имаш талент и за пишаниот збор. Уметноста е таа. Сигурна сум 100% дека ќе имаш одлични фотографии. Ако ме сакаш:)), направи две три, со мобилен дури ако сакаш и постирај ги во темата за ваши дела. Баш ме интересира дали сум во право. Морам да те пофалам што одбиваш да постираш во "прости да - не" теми, во кои не треба интелигенција повеќе од 2 (без навреда кон другите), туку гледаш да постираш во темите што би му биле на помош од некого, каде што се бараат совети и каде што се докажуваат вистинските форумџии, а не амебите, како што вели Фантом.

Е сега кога го изнапишав сево ова, се прашувам, што бараш на математичко подрачје кога имаш уметнички таленти? Тоа ми е најголема мистерија, затоа што и јас сум на погрешно подрачје, а зошто го одбрав, врска немам. Ако можеш да одговориш, I am willing to hear, затоа што јас немам одговор ни за мене ни за тебе.​

Мој краен совет: Биди си она што си, терај си го животот како што сакаш и не дозволувај никој да ти се меша во него. Поготово во изборот на нештата. Ако одлучиш да бидеш стоматолог, терај до крај. Морам и јас да одам кај некого на забар кога моите ќе се пензионираат, нели? :) Сега засега добро ти оди, продолжи и понатаму да бидеш Натуралната што сите ја знаеме.:)

Фала ти Џену, иако очекував да бидеш поопширна. :)
Прво што ми доаѓа на памет, кој рече дека не фотографирам, имам постирано и некои слики на кајгана, некои макро фотографии. Јес да е ретко.
Фројд...запознаена сум со неговата теорија на личноста, ама не се пронаоѓам во тоа што го пишува.
И третово... I m not so willing to explain. Па како вие на форумов би знаеле дали јас сакам природни науки или не? И да има такви теми, не пишувам зошто не го гледам форумов како место за тоа, како место за покажување на своето научно знаење, туку како место за free thinking, уметност, проширување хоризонти.
Фала уште еднаш. И поздрави ја Каролинчето од мене! :vozbud:
 
ja bi te,ako ne sum dosea.
a mene satori uste odamna trebase da "me",ama ete cekam podolgo otkolku koga cekav za grcka viza pred ambasada.

Ќе проглеам на кого сум ветил наназад,и најинтересниот за анализирање ќе добие...анализа.
 
Океј, ќе добиеш анализа, не ме споредувај само со Грчка виза.
 
Ќе пробам јас ама не ветувам ништо :)

G e G o

Дата на раѓање
June 15, 1984 (24)
Регистриран
04-04-06
Вкупно одговори
6,752
________________________

G e G o - незнам зошто никот ти е со “спејсови“ не мења ништо освен што е позае*ано за пишување...

Кога ќе го видам неговиот ник, на некој од постовите, безразлика колку да ги мења неговите аватари, мене ми текнува на овцичката што прерипува огради :) зошто го смени тој аватар, везе неам...можеби се заглавила овцата и срам му било да ја прикаже:
animals_161.gif

Кога ке го видиме неговиот потпис не е многу забавен со оглед на тоа дека
123ol0.gif
сликичкава не ја смени веќе незнам колку време :):)
G e G o - си има своја смешна страна, дури и кога е озбилен. Сака да треска “зелени“, да дели “мудри досетки“, кажува бесмислици и укажува на веќе постоечкото и докажаното...:) Overall, смешен тип, кој игра дота, мува другарки на женски со кои сака да раскине и него лично името го потсетува на продужен кабел...Мене лично кога ке го чујам името Драгољуб - Драган, неможе а да не ме потсети на идиотот од сител, моментално со емисијата “Како беше текстот“
892ED462590C8246B92522FF93DE8A96.jpg
... Погодивте, Драган Вучиќ...среќа не изгледаш на него...
____________________________
кратко ама брзо :)
 
Некој мене??? Предност им давам на Natural girl, џимеј или ада:)

Прво се мислев дали да ти влезам у психа. После си реков, абе Саладин би бил закон пациент. Не одредуваме кога, ама ќе бидне.:smir:
 
Ja би Дритон. Шетајќи низ форумов, налетав на темава и ајде да видам дали ке произлезе нешто.

Јас Тонио го запознав преку кантерот. Уште пред некои си 2-3 години колку што го знам ја држи таа авторитетна особина кај него, секогаш сериозен но до одредено ниво. Знае да се пошегува само ако иронијата во коментарот е да те собори од стол. It happens a lot.
Хуморот кај него е one-of-a-kind. Добро го познава англискиот, македонски.. подобро од мене (искрено), естонски знае :D etc. Поетната, интелигентно дете е. Хм, какво дете, цел маж. 18ка е.

Ретко се отвара, секогаш е повлечен во себе и остава на работите да се одвиваат. Има контрола над нив но сепак незабележително.
Знае да рече/стори нешто во одлично време, да покаже на секој дека има надеж. Дека треба да се бори за ставот, пошо пред се` најважно е како ќе се однесуваш со лугето во животот. Како правилно да постапиш за да бидеш ценет.
Добро ти оди, пер.
Значи резимиравме, повеќе е повлечен во себе одколку што треба. Но не толку изолиран да нема пријатели, женски и слично. Напротив ги има балансирано страните, пронајдено границата и цврсто се држи за неа!
Сликовито те замислувам ко човече во стаклено ѕвоно со неколку hell of an ass pc's и ги контролираш сите наоколу. :)
Претарано и чудно, да. Те осликувам ко некој контрол фрик, што можда и си ама ептен малце и скоро незабележително.

Човек да започне муабет му требаат пар клешти, и два бодигарда. Да те држат додека друг ти вади зборови од уста.
Што друго да речам, додуша не те ни знам во живо. Што се надевам ќе се смени, радо би на кафе со тебе. Да ме научиш некој совет околу цурите, пошо дудлач прва класа си. За возврат ја ти местам струмичанка на која нема потреба од дудлање. Одма фаќање за работа. :)
Te гледавме на серверите, сеа и таму намали. Завршуваш тинејџ годините, understandable e. Сакаш да се уозбилиш. Само немој претерано, посебно во полето на љубовта.
Немам совети за тебе бро, имаш се под контрола и воедно план. Гоу ахед, зграпчи го животот.
Само подружељубиво, и завземи некоја поглавна улога во него, доста од контролната соба.
Тапа си на кантер.
Без љутење ако не ја бидува, не сум по пишувањето.

<3
 
Барам-нудам :smir:

Важи, јес да не одредувам време кога ќе биде готова мојава. Ќе ми биде задоволство да направам една за тебе. Малце страв ми е од твојата за мене ама ќе преживеам!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom