Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Може..Откако ќе престанеш на секоја страна од темава да бараш анализа.дрн дрн дрн може една анализа за мене????
Секако, ќе се обидам утре да ја напишам.Сатори, дај бе една анализа за мене.
Али овојпат твоја и искрена, не ко претходните:smir:
CRAZY POYOL, ТHE GUY WHO KNOWS HOW TO SCORE
Дојде на ред за анализа и РесенчанецО, (моментално пратен во Тетово на едукација), нам добропознатиот Крејзи Појол, можеби најбанираниот член на Кајгана. Затоа што го немам Урим на мсн, ниту го знам во живо(затоа што не дојде тогаш на фудбали никако да се погодиме на собиранки), ќе пробам да доловам слика за него, оформена од неговите мислења што ги имам прочитано на форумов.
Кога на прв поглед ќе ги видите неговите мислења и пристап кон нештата, ќе си речете: "Добро бе, детево има ли памет во главата? Брееј, дрско невоспитано створење!". Но откако ќе размислите уште еднаш, ќе сфатите дека Појолчо е во право за повеќе работи што влегува во дискусија на темиве во форумот. Проблемот со повеќето членови на форумов јас го гледам во тоа што не се навикнати на директност, слична особина како што поседува и Фантом, спомнат погоре. Навикнати се на величање на нивните ега и еј топ си најдобар/ра си, уживај, растураш, дури и кога личноста не ги заслужила тие зборови. Е сега, од Појол никогаш човек нема да слушне незаслужени зборови. "Глуп клип, глупа тема, Боби е глуп, вие сте глупи, боо глупа тема....(зборови со поостра критика)...." Поради оваа негова особина, тој на некои членови им станува pain in the ass, дрзок и некултурен. За жал, денес луѓето како Појол се ретки во смисла на директноста и искреноста. Се` повеќе имаме лижигзови и страшливци, наспроти него кој нема да се мисли повеќе од секунда за некои работи да ви ги плесне во фаца (во пост во случајов).
Дури и да пробате да му се гребете со цел да не станете негова мета на ругање, нема да бидете поштедени ако на некоја тема откинете некоја зелена.
Поради ова, кога тој ќе ја прочита анализава, очекувам искрена критика, да знам дали некои од работите за него што ги опфатив со анализава се точни, или јас сум во некоја заблуда.
Друго нешто што ми падна во очи кај Крејзи Појол и што мене ми се допадна е неговата љубов кон животните и гадењето од личностите што не ги сакаат. Тука можам да кажам дека сме слични. Кога станав модератор на животни и кога ги потсредував темите, налетав на негови постови од кои согледав колку е тој против малтретирањето на животните. Секоја чест за ова брат
Attacante. Хм.. напаѓач? Крејзи Појол ноус хау ту скор? Вљубеник во фудбалот, се гледа од хелихоптер. Најверните на ФК Интернационале заедно со Јове_Пелагонија. Добри познавања од фудбалот, секогаш издржани постови и во фан клубовите*, не само "Гооол, јееее, најдобрии смееее, шампионииии" и останати изливи на емоции.
Ќе се читаме во февруари на Интер - Манчестер дуелот, нека победи подобриот. :smir:
*освен постовите во Ел Класико темата, каде што Кралевите беа поистоветувани со компири и на другата тема каде што на миланезите им беше направено нешто слично, само со моркови. Сепак, интересни фотки. Добра сезона на морков
Гледам на темата за меѓусебни дуели во фудбал, не прекинуваше да ги критикуваш другите Кајганџии за нивната лоша игра. Им велеше дека се дрва. Слушам, кога си бил дојден ти, тие победиле. Не знам колкав е твојот талент за фудбал, но искрено, баш сакам да видам како играш. Ако победи страната од која што ќе играш ти, имаш пиво од мене.
Не ме бидува многу многу за анализи, нова сум во бизнисов а и како што споменав погоре, немам разменето зборови со тебе во живо и на мсн, така да точноста на оваа анализа е релативна и се извинувам ако во нешто погрешив. Бидејќи кај тебе најмногу ја почитувам искреноста и директноста, само сакам да ти порачам да продолжиш да бидеш онаков каков што си сега, без задни мисли и намери. :smir:
Ова е тоа што те спречува. Ова е тоа што те прави разочарана од себе. Знаеш зошто? Затоа што длабоко во себе се сметаш за себична личност. Некогаш и несакаш тоа да си го признаеш, ама е така. Оваа особина треба до некаде да ја смениш. Знаеш како? Сакам да знам да го живеам животот со цел да бидам среќна.Сакам да научам да го ценам тоа што го имам, да научам да верувам во оние на кои што вистински им значам и да престанам да си играм со луѓето.
Добар став. Скоро и одличен. Луѓето се менуваат само ако сакаат да се променат. Ако се променат поради себеси, тогаш се на вистинскиот пат. Ама мислиш дека луѓето се менуваат на полошо или на подобро? Зависи од пристапот кон одредени нешта, вклучувајќи те на некој начин и тебе.[Која промена треба човекот да ја направи.. Кога најмалку ќе мисли дека треба да се промени.