Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
TonInter

Има луѓе на форумов што не бараат анализи, како Redneck rebel, има луѓе што бараат анализи само од некои психоанализатори, како Pravnice, а повеќето бараат од секој кој ќе видат дека анализира. Во случајов, работата е уште подрастична зошто анализираниот ТонИнтер има направено само 1 анализа. Кратка, за Crazy Poyol. Психоанализаторската основа на ова е широка.

ТонИнтер мисли дека нештата ќе се случуваат ионака, без негово учевство. Или со негово пасивно учевство. Ако одиме во екстреми, водач би бил ако му впериш калаш.
Форумски гледано, доста си онлајн, а ретко пишуваш.
Гледаш отстрана значи и во животот, а ебаната вистина е дека за да можеш да го откриеш, оценуваш и критикуваш системот мора да си (бил) дел од него. Ќе забегам од поентата ама ќе кажам дека имам сосетка која учи психологија, а секој ден од неа ечи зградата, не од музиката, од неа. Jim на Pam во Office рече, You got to take a chance on something sometimes. Заземи цврст став и ако некој се дрзне да рече: "Абе брат, не заебаај", речи му: "Не заебаам, така ја мислам".

Пази, не викам дека не знаеш што сакаш. Во животов те имам видено 2 пати, 2 пати со Спрајт пред себе. Те бива за игри и Интер, во живот не би се откажал од тоа за жива глава.

Значи, не дозволувај да ти се слизне нешто што го сакаш, само заради пасивноста. Пример во љубовта,престани да изнаоѓаш причини "зошто не", ги има секогаш тие "зошто не", па затоа и status quo состојбата долго ти трае.
Не се дистанцирај сам од работите, немој да се ограничуваш. Ѕирни и во другите теми од философија, не само психоанализаторскава, ѕирни ја "Драга Кајгана" и кажи ни каков ти е денот! Зошто викам да пишеш во драга Кајгана?

Зошто мислам дека си добар пријател, знаеш да искушаш и притоа да извадиш од ракав толку духовити коментари, ама не се отвараш, не говориш за себе. Не оди во животот со потребата некој да те тапша по рамо и да вика "Океј е, продолжи", Take a stand викаат Енглезите. Тоа е цаката на другарството, ти си им добар пријател на луѓето, ама ќе видиш дали и тие се добри пријатели само ако и тие замолчат и слушаат кога ти говориш. Пак ќе земам момент Љубов, пази да не налеташ на некоја его-трип-ка, зошто има бајаги луѓе што сакаат светот да се врти околу нив.

На форумов си доста дружељубив и духовит, интересни тука ни се оние егзактни луѓе кои со една реченица(често во онаа имаш игра на зборови или англиска фраза) можат да исцрпат тема (*симнувам капче за "Жената е најубава кога ја сакаш") или духовито да не` забавуваат по профили. Во живо си повторно духовит(зборов ќе го сањаш!), но дружељубивоста не доаѓа до израз заради некојаси повлеченост. Океј, веројатно е нормално човек да биде таков бар на почетокот на познанствата, посебно човек кој е скромен и не сака да се експонира.

Што да ти кажам за крај? Добар човек си ти, битната карактеристика е дека ги сакаш луѓето, знаеш да го видиш доброто во нив. Во секој случај, мило ми беше што ја направив анализава, иако немав некоја идеја и ми требаше дооооолго време. Ти текнува дека многу одамна ми побара анализа преку репутација? Ете, оттогаш датира твојата желба. Looking forward to hearing from you and seeing you sometime soon.

Џимеј е следниот, ќе се крчка една квалитетна подолго време за него!
 
Благодарам што потроши (голем) дел од твоето време за мене. Имаш право, за доста работи, за кои не се ни сомневав дека ќе ги "дешифрираш"... На кафе ќе ја продолжиме дискусијава. :)
 
Барав еднаш анализа викаат психопат сум бил не можело анализа... дајте бе некој нек ме ѕирне мене :) Една анализа да слушнам (т.е прочитам :))
Весел лик, секогаш позитивист, но далеку од несериозен кога се работи за сериозни теми. Способен да оформи друштво од негов калибар, така што со нив поминува незаборавни денови. Има впечатлива смисла за хумор. Иако не е генијален во училиште, сепак понекогаш знае да блесне во областа која го интересира. Не го фасцинира социјалниот статус на луѓето, затоа што ги гледа вистинските вредности. Понекогаш знае заради својата минимална наивност, да потпадне под туѓи влијанија и тоа во прв момент да не го сфати.И покрај тоа што на прв поглед изгледа расеан, тој анализира доста успешно. Знае да изненади како гром од ведро небо со својата остроумност на дадена тема. Не е конформист, но не се бори да им ја докаже на другите својата вистина. Смета дека доколку некој си изградил сопствен став, истиот нема да го промени. Не сака да се адаптира на туѓи правила. Хуманитарец е, заради самата хуманост, без лажни маски.Во девојката бара негов прототип, вистински се заљубува само еден единствен пат, се приврзува и дава целосно. Простува, но не заборава. Сентиментален е, ама тоа не го покажува. Кога би можел, не би изменил некои работи од минатото, затоа што смета дека зад секое зло, стои добро и дека се` се случува со причина.Не толерира кич, има високи стандарди во однос на уметност и музика.Љубопитен е премногу! Тоа нема да му донесе ништо добро. Сепак, Томи нема лоши намери, едноставен е, лесно се социјализира... Ако нешто лошо му се случи, тоа не го афектира на долгорочен план.Селективен е во однос на пороците, себеси се смета за непорочен, но има афинитети кон истите. Оди до крај кога се работи за остварување на сопствени соништа, ако планината не доаѓа кај него, тој ќе отиде кај планината. Најмногу го нервираат нерасчистени сметки и нетолеранција. :back:

Викторгг
Искрен до смрт, сака чисти сметки,за долга љубов. Рационален и талентиран за уметност. Душа жедна за естетски убави нешта. Цврст на своите критериуми и барања. Кога е повреден, тоа го покажува директно или индиректно. Не може да премолчи кога некој ќе му стапне на жуљ. Реалист, созреан и повеќе од што може да се очекува. Нема изразити предрасуди, толерантен е во извесна смисла, но не отстапува од моралните вредности кои му се всадени. Склоп од интелектуален мозок и уметничка душа. Има познавање од многу области, може да ислуша, но кога некој ќе му здодее, го става тоа до знаење. Вечен трагач по знаење. Дискретен, создава слика на многу доверлив човек. На моменти сака авантура, на моменти сериозна врска, зависно од тоа дали му преовладува разумската или духовната карактерна страна. Ако мисли дека некој е глупав, со тие зборови тоа и ќе му го каже. Не се наметнува, но свесен е за своите квалитети. Не се прави она што не е. Мрази лицемерие и знае да го препознае. Друштвен е и комуникативен, и иако на прв поглед конвенционален, сепак не остава никого рамнодушен. Не сака да биде предводник, но кога напредува во работата е доста исполнителен. Кога ќе му се укаже на некој недостаток, размислува за тоа, додека не го пронајде истиот. Ако не го пронајде, значи дека го нема, до таа мера е самосвесен и самокритичен. Не го воодушевуваат комерцијални работи, секогаш бара нешто неоткриено. Сака да пробува нови видови на пиво:wink:. Во сексот може да биде се` што девојка ќе посака, од нежен адолесцент, до искусен љубовник. Егзибиционист е, скромен, без нереални очекувања, знае во точното време "колку е саат". Својот внатрешен творечки свет, му зависи од емоциите на љубовен план, но и од пријателите. Се чувствува самозадоволен заради своето ново работно место. Ги сака книгите,ама не чита се` и сешто. Речиси никогаш не избувнува и оддава слика на емотивно стабилна личност. Во љубовта, сака да освојува. Не може да го освои само физичка убавина. Девојката мора да биде истражувач како него. Кога вистински ќе се вљуби, е верен, чесен, искрен и храбар. Се бори до крај ако процени дека нешто вреди. Малограѓанство и глупавост му се контрастни карактеристики и затоа се труди да избегнува такви личности затоа што не може да ги поднесе. Пробува нови работи, не е конформист, но само ако претходно убаво размисли за истите. Не би одел со главата во ѕид, само затоа што тоа е во моментот модерно. :back:
 
луѓе бидете љубезни и напрајте ми на мене една анализа...
 
Ај ако може и на мене некоја ПСИХОанализа :D
 
Ај потписот ќе ти го анализирам јас.
Првиот дел, е резултат на тоа што некој Албанец те силувал ментално, па ете ги последиците сега, лечиш комплекси низ интернет.
Преку вториот дел од потписот, се обидуваш да се вклопиш меѓу останатите квази-патриоти, кои скришум им ги пушат на бугарите и србите.

Задоволен? :)
 
Mimi Simonovska

Еден доста интересен член на форумов кој има свои мислења и ставови којшто се пред се реални.
Во нејзините постови може да се забележи дека станува збор за романтична личност којашто се оддава многу на емоции, тие емоции некогаш се пренагласени и оставаат простор да биде проценета за наивна коешто е погрешно.
Кај неа постои силна желба за самоусовршување и желба да се постигнат големи цели (идеали) но во борбата за тие идеали понекогаш се чуствува сама и тоа е причината за нејзината носталгија. Важно е да се спомене дека нејзиното идеализирање не ја преминува границата на реалноста.
Голем борец е против неправдата и нееднаквоста и со тоа уште еднаш ја потцртува нејзинатата желба за самоусовршување.
Пожртвувана е за личностите коишто и значат но не секогаш тоа се оценува од нејзиното обкружување.
Таа живее како нејзиното мото да е "да направиме еден подобар свет"
 
Ако има време некој и секако ако сака може и мене една психоанализа да ми мавне (се надевам дека тоа што сум понова нема врска ) :smir:
 
Ако има време некој и секако ако сака може и мене една психоанализа да ми мавне (се надевам дека тоа што сум понова нема врска ) :smir:

Не е битно тоа што си нова, но треба најмалку 500 мислења да имаш.
Ах, да, и треба прво да анализираш некого, за да можеш да побараш анализа.
 
Mimi Simonovska

Еден доста интересен член на форумов кој има свои мислења и ставови којшто се пред се реални.
Во нејзините постови може да се забележи дека станува збор за романтична личност којашто се оддава многу на емоции, тие емоции некогаш се пренагласени и оставаат простор да биде проценета за наивна коешто е погрешно.
Кај неа постои силна желба за самоусовршување и желба да се постигнат големи цели (идеали) но во борбата за тие идеали понекогаш се чуствува сама и тоа е причината за нејзината носталгија. Важно е да се спомене дека нејзиното идеализирање не ја преминува границата на реалноста.
Голем борец е против неправдата и нееднаквоста и со тоа уште еднаш ја потцртува нејзинатата желба за самоусовршување.
Пожртвувана е за личностите коишто и значат но не секогаш тоа се оценува од нејзиното обкружување.
Таа живее како нејзиното мото да е "да направиме еден подобар свет"
Благодарам душо, си ме читал на темите машко-женски свет , дискриминација и останатите од таков вид:):back:Имаше едно нешто од анализата кое ме запрепасти:vozbud:Еден дел... Ќе ти кажам на пп, овде само да ти се заблагодарам.:smir:
 
Некој вети за преку 1000 поста ке правел некоја анализа, ај кој има време. Ке го частам нешто:pos2:
 
Не е битно тоа што си нова, но треба најмалку 500 мислења да имаш.
Ах, да, и треба прво да анализираш некого, за да можеш да побараш анализа.


Ухуу значи да се фатам за работа ок thanx :wink:
 
Некој мене??? Предност им давам на Natural girl, џимеј или ада:)
 
Некој мене??? Предност им давам на Natural girl, џимеј или ада:)
Saladin, јас би уживал да те анализирам. Многу интересен лик ми си, ама имам повеќе форумџии кои ми побараа анализи. Сега ќе ја направам на kit-katce, потоа ми е ada, иако и' обеќав дека за недела, поминаа три. После ја имам Crazy In Love па Cafe Del Mar:). Ако не ти направи некој друг, ќе се обидам јас.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom