Сега ќе го психоанализирам, човекот на мојот живот
Acko
На прв поглед изгледа интровертно и без ставови, но подоцна ќе ви ја затвори устата за 2.6 по корен од 3 секунди. Не зборува многу, затоа што за него важи правилото "Кој многу зборува, малку кажува".
Тврдоглав:nesvest: е до немајкаде. Општо знаење од се и сешто. Филм-манијак. Сочувствителен, разумен, поддржува и во добро и во лошо, но ќе го увидите тоа во лошо. Нема непријатели, веројатно заради својот неутрален став кога се работи за караници. Признава грешки, ама ептен на крај. Тоа е единствениот момент во кој си го билда егото. Мрзелив за учење, а има капацитет.... (Дете учи!:star

. Не планира, спонтан е, помага на секого, непознати му се манипулаторските техники. Мисли споро, но резултатите на неговото мислење се продуктивни. Не може да работи повеќе работи во исто време, сака да се сосредоточи на секоја поединечно. Не е особено инвентивен, затоа партнерката е

. Способен е да се оддалечи од сите, за онаа што ја сака. Прилагодлив е на условите, дури и да не му се допаѓаат. За да ви каже што му пречи, потребно е да му стапнете на жуљ, доколку не ве чувствува за особено блиски. Чувствителен е, реалист, а и фантазер за
далечната иднина. Има мисла водилка во секој период на живеењето, некоја цел со која тој период го заокружува. Потоа си поставува нова... Не е романтичен, тоа не му е во крвта. :nesum:Не сака да доминира, тоа не го доживува како некој облик на себедокажување, туку како замарање. Не сака да биде предводник, освен во област која ја чувствува како исклучително позната и своја. Добродушен е, сака да се шегува и да се шегуваат со него(и да сеирчи хахахах).Ако нешто сака, му се посветува целосно и перфекционистички. Сака да се информира, да не чита по некоја нова работа секој ден, ќе се чувствува како да е на пуст остров. Сака англиска поезија, евергрини и класични нешта. :love3::wub: