Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Туф, ми дојде желба за анализи, редно е да почнам.
Еве сега вака...
Прво правам анализа за тие кои направиле анализа за мене, а јас од разни причини до сега не сум им вратила. Фер е со ред да ги анализирам.

Е сега. Откако ќе ги направам овие анализи, почнувам со оние кои побарале и оние кои никогаш не побарале од мене. Тие се: ada, mary_jane, walker girl, Delux, leandra, Фантом_ох, Martin$, mRnO, Serpico. Во вторите спаѓаат Скулгрл и кики.
Фашист... :nerv: Where the Duck is my name around here?

Just kidding honey, now if u think u should, please do a nasty one... no ms. Nice Girl... ok? :wink:
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
My dearest Fortune

Fortune...
Личност со многу доблести. Имав прилика да ја запознаам и лично и ме воодушеви со целосната нејзина појава. Па таа е баш онаква каква што е на форумот. Ја замислувате како дама и таа е тоа. Постојано зборува, не знаевме која од нас повеќе муабети:), секогаш насмеана и знае како да ја погоди правата реченица во правиот момент.
Можеби изгледа по малку резервирана. Точно но таа како доста емотивна личност сака да сочува некој скромен дел од својата приватност само за себе. Не ја крие својата емотивна страна, ниту пак некоја од своите емоции. Затоа и лесно го прифаќа секое друштво а и тие не остануваат рамнодушни на нејзината постојаност и комуникативност. Искреноста и е одлика која не можете а не ја забележите.

Она што мене ме восхитува кај Fortune е нејзината споспобност да ги организира работите и тие да се одвиваат по токму тој редослед. Можеби тоа е само резултат на нејзиниот сериозен пристап кон работите, можеби во прашање е нејзината промисленост и способноста да се исконтролира и да остане мирна во секоја ситуација, но, има тука едно но кое не смее да се заборави. Таа може да избувне и да биде исто толку остра колку што е фина ако и само ако некој почне да претерува и и` стапне онаму каде што не смее.

Заангажирана насекаде, способна е да заврши повеќе од она што може да си го замислите... Нормално се работи за нејзиното достоинство на кое таа работела долго и нема да дозволи ни прашинка да падне на него.Она што исто така го забележав кај Fortune е нејзиниот традиционален систем на вредности. Како нејзини основни карактеристики можам да ги наведам сериозноста и издржливоста.
Fortune...потребен ви е миг само да ја видите и веднаш ќе знаете дека таа е навистина тоа. Среќа и богатство за оние околу нејзе.:back:
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Фашист... :nerv: Where the Duck is my name around here?

Just kidding honey, now if u think u should, please do a nasty one... no ms. Nice Girl... ok? :wink:
Во моментот кога си го пишал постот јас едитирав во мојот, па затоа не си забележал:)
Fortune напиша:
Е сега. Откако ќе ги направам овие анализи, почнувам со оние кои побарале и оние кои никогаш не побарале од мене. Тие се: ada, mary_jane, walker girl, Delux, leandra, Фантом_ох, Martin$, mRnO, Serpico. Во вторите спаѓаат Викторгг, Скулгрл и кики.


Очекувам твоја анализа, па ќе те запишам во списокот кој по ред ќе бидеш:) И шо би рекол ти: please do a nasty one...
Прва од вторите ми е кики. Вториот уште не се знае:vozbud: При крај сум со Лејди Сатори, ова ќе биде долга анализа:jeee: И сите ве чека истото:vozbud:
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Во моментот кога си го пишал постот јас едитирав во мојот, па затоа не си забележал:)
[/font][/color]

Очекувам твоја анализа, па ќе те запишам во списокот кој по ред ќе бидеш:) И шо би рекол ти: please do a nasty one...
Прва од вторите ми е кики. Вториот уште не се знае:vozbud: При крај сум со Лејди Сатори, ова ќе биде долга анализа:jeee: И сите ве чека истото:vozbud:
Јас ќе си чекам. :back:
Бавно пишувај зошто да знаеш дека бавно ќе ја читам мојата.:pos:
 

La Española

Лекот е отров!
Член од
1 февруари 2007
Мислења
1.808
Поени од реакции
556
Fortune... Dur si vake zagreana sakam i ja:pipi: ... posebno dobro che bidet ako ispadne na ohritski, pojshe che razberam :kesa: :)
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Fortune... Dur si vake zagreana sakam i ja:pipi: ... posebno dobro che bidet ako ispadne na ohritski, pojshe che razberam :kesa: :)
Дур не завршам со 18те анализи, не можам да прам други:)
Третата тура анализи ќе бидит откако ќе завршам со двете кои ги спомнав. Мојш да си фатиш уште сега ред со то шо ќе пишиш за мене анализичка:pos: И ветувам дека ќе биде на охридски:pos:
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Лејди Сатори

За мене како член ти си Лејди Сатори и не можам да почнам да ти го пишувам јузерот поинаку. Колку и да повторуваш на секое кога некој ќе те пише Лејди Сатори и колку и да се трудиш да ја наметнеш новата шема (само Сатори), јас ќе продолжам како и до сега. Кога им се обраќам на членовите им се обраќам со јузерот каков што е, а отстапка можам да направам кога не сум сериозна и само за членови кои ми се блиски и надвор од форумов. Затоа, се надевам ќе ме сфатиш и нема да ми замериш.

Одиме со анализа. Бидејќи во тајтл-от, аватарот, потписот гледам поврзаност со тебе, нема да ги изоставам.

Јузерот не сакам да ти го коментирам.

Тајтл-от. Темјанушка (Violet)? Верувам дека со некоја посебна цел си побарала таков збор да ти стои под јузерот. Темјанушките се нескротливи, диви, но кога еднаш ќе се стабилизираат, растат како што треба. Комплицирани се и многу треба да се внимава на температурата. Не случајно го кажувам сево ова, сама ќе ми ја сфатиш метафората.
Во врска со претходниот тајтл „Принцеза во светот на луцидните барбики“. Се надевам дека не си приврзаник на аниматизмот, т.е. на примитивното верување дека се` што постои има душа.

Аватарот кој му стои отспротива на тајтл-от. Роза. Црвена роза значи љубов, убавина, храброст, почит. Но, твојата на сликата има и малку бела боја, што можеби може да се додадат и единство, обединување, слога. Но, оваа роза не се отворила уште. Уште не си подготвена за ова што набројав погоре. Кога ќе ја отвориш својата роза, тогаш појасно ќе излезат на виделина благите шарки на бело меѓу црвенилото.
Со тоа што знам дека аватари си во состојба да менуваш секој час, со тоа што знам дека секој час си во состојба да пишеш како се чувствуваш, значи дозволуваш се` да ти влијае на расположение и да ти го расипе. Некако не си постојана, не стоиш цврсто иако сакаш да прикажеш дека си силна.

Тајтл-от и аватарот ми кажуваат дека сакаш да избалансираш меѓу нескротливост и смиреност. Поточно, сега луташ некаде, луташ повеќе од било кога. Тоа се чувствува и по твоите постови.

Потписот.
Don't try to fix me I'm not brocken!
Please, STOP trying to save me!
Прво... Имаш мала грешка. Не се пишува brocken, туку broken.
Кога гласно би го изговорила, имам впечаток дека би бил остро пренесен, како преку глава да ти е дојдено се` и сакаш да не те вознемирува тој што сака да те поправи. Како да сакаш да кажеш дека си океј, а всушност внатрешно не си. Свесна си дека се наоѓаш во чудна ситуација, а тоа малку и те плаши. Иако велиш дека не сакаш да те спаси, ти во себе очекуваш да не се откаже и баш да се труди да те спаси.

Одиме понатаму, да не се задржувам премногу на одредени делови, имам доста да кажувам подолу.

Мислења. Секогаш се трудиш да се изразуваш правилно, се обидуваш да внимаваш на правопис, но не ти успева секогаш. Ништо страшно, сите правиме грешки.
Секогаш си сериозна во постовите, никогаш кај тебе не сум видела смајли што се гази од смеење, никогаш онака наеднаш не си изреагирала. Секогаш си онаму каде што треба да се биде сериозен, одбегнуваш на форум да оставиш впечаток дека знаеш да се смееш. Луѓето кои те познаваат коментираат дека си весела, насмеана, темпераментна личност, но воопшто не делуваш така. На форум мислиш дека луѓето повеќе ќе те ценат ако не изреагираш спонтано, најверојатно мислиш дека така ќе ти го ценат мислењето со оглед на тоа дека имаш само 17 години, навистина не знам. Очигледно многу те интересира што луѓето мислат за тебе, постојано се трудиш да оставаш впечаток на зрела личност, но со тоа не дозволуваш да бидеш тоа што си - ведра, насмеана, позитивна, дете. Океј, тоа си е твој избор. Имам некогаш чувство дека знаеш да пишеш, па веднаш да избегаш оттаму. Ако отвориш тема, не знаеш да се носиш со нејзе, бегаш кога ќе треба да одговориш нешто како автор на истата, што се очекува да знаеш да објасниш. Значи, плашлива си затоа што брзо ти се менува мислењето, на моменти се губиш во себеси.
Девојче си мало и нежно, кршливо, но претпочиташ да се прикажуваш како силна и оформена личност. Како и повеќето на таа возраст, сакаш побрзо да пораснеш, сакаш да прескокнеш неколку години и да се разбудиш како повозрасна. Брзаш некаде, но треба да сфатиш дека не можеш ништо да убрзаш и ништо не може да дојде пред време. Дај си можност полека да го доживуваш целиот свет кој сакаш наеднаш да го видиш. За тебе љубовта постои само теоретски. Не си ја почувствувала љубовта, не си имала време да и` дозволиш да ти се покаже, си била зафатена со трката по нови работи и искуства. Мислиш дека искуството се стекнува со секој нов чекор, но и старите чекори носат по нови патеки. Ја величиш љубовта, ја ставаш како приоритет, ја ставаш на пиедестал, а тажно е кога во еден момент сфаќаш дека не си ја ни познавал. Но, има време, допрва доаѓа времето кога ќе ги сфатиш сите издигнувања на љубовта над друго, кога вистински ќе ја почувствуваш убавината, а не само површно без да знаеш за што го правиш тоа. Тоа што мене ми го кажа дека сакаш да ти се случи, обиди се да му го покажеш на тој со кој сакаш да останеш. Никој нема способност да чита туѓи мисли.
Сексуалноста многу ја истакнуваш, но најмногу во твојата поезија и проза. Дури изнасилено некако. Според мене поинтересно би звучело доколку поумерено го правиш тоа, кога малку ќе ги збуниш оние кои читаат, кога ќе ги натераш да се замислат што си сакала да кажеш. Сепак, ти си го правиш изборот, ова беше само мала забелешка, а секако дека секој на свој начин си пишува.
Комплицирана си, т.е. сама комплицираш се`. Кога се зборува со тебе имаш баш за се` свој одговор, веднаш ќе изнајдеш начин како да си ја оправдаш постапката за која се зборува. Тврдоглава си и ретко прифаќаш туѓо мислење иако прикажуваш дека си го прифатила, па дури подоцна можеби ќе седнеш да размислиш околу тоа. Се стремиш кон перфекција, совршенство, креираш некој свој свет кој очекуваш другиот да го прифати со воодушевување, а не мислиш дека можеби треба да изразиш желба да го видиш и ти неговиот свет.
Во пребрзото трчање да дофатиш се`, да видиш, да искусиш - губиш многу и после се свртуваш драматизирајќи до бесвест и изигрувајќи жртва. Не прифаќаш дека се` што треба да искусиш и да доживееш ќе си дојде самото, сакаш да ги силиш работите.
Културна си, воспитана. Се познава дека читаш, знаеш да се изразиш (иако некогаш конфузно). Имаш талент за пишување кој не смееш да го запоставиш и треба да се трудиш и понатаму да го развиваш. Не го чувствувај пишувањето како обврска, дека мораш по секоја цена денес да напишеш три песни и три прозни текста. Недостигот на идеи раѓа повторување на старите. Квалитетот е поважен од квантитетот.
Интелигентна си, ти работи мозокот. Искрена си, без разлика дали пишуваш или зборуваш. Добра страна ти е тоа што си отворена, но не си доволно отворена, а треба и почесто да размислуваш што вистински сакаш. Последниве два-три дена забележувам помала контрадикторност кај тебе. Тоа ми се допаѓа.

А да прекинев? До утре можам да пишувам, се занесов.

Се надевам дека ќе имаме можност да се запознаеме и да ја видам ведрата, насмеана, весела личност со која било пријатно да се разговара.

И за крај... Лејди Сатори, имаш потенцијал. Искористи го тоа.

Следниот е Димитар.
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
458
Форчн страм те не било.....јас уште од пред собиранката ти побарав анализа и уште чекам:шмрц:
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Форчн страм те не било.....јас уште од пред собиранката ти побарав анализа и уште чекам:шмрц:
Точкест, не плачи бе златен:)
Реков дека оние кои ми направиле анализа ќе ги анализирам први (тука спаѓаш и ти). Редоследот не го спомнав, а ќе биде според редот по кој сум добила анализи јас. Прва воопшто ме анализирала Лејди Сатори, затоа и прва доби. Трпение.
 

doti4nata

Drama Queen
Член од
25 септември 2005
Мислења
3.390
Поени од реакции
35
Пааа... јас би сакала да направам три, да речам, мини анализи. На три личности што ми оставија најголем впечаток од првиот ден кога дојдов на форумов. Дивајн, Форчн и Ацид.

1. Дивајн! Кога ќе помислам на неа одма ми текнува на цврста и стабилна личност. Верувам дека точно знае што сака и кога го сака. Не ми изгледа на некој што се мисли, предомислува и на некој што е контрадикторен. Моментално од аватарот и потписот можам да заклучам само дека го сака и почитува Тоше, али исто така и дека е чувствителна и сочувствува со тагата на другите, али не превише. Сите нејзини предходни аватари биле страшно добри, најчесто девојки, ако не се лажам. Нежни и женствени,а сепак со нешто во погледот, што ни кажува дека е горда на тоа што е женско, дека ја сака женственоста, меѓутоа дека не е теле марка (ова грубо кажано :kesa: ) и дека е, пред се, силна жена, која што е свесна за речиси секој миг од нејзиниот живот и е спремна да ги победи сите проблеми, исто колку што е способна да ужива во среќата и безгрижноста. Не можам да тврдам дека е искрена, али верувам дека е, исто колку што е и личност од доверба која не би ги изневерила пријателите. Свесна е за своите квалитети, исто колку што е свесна на своите маани, а нема многу.(умилкување на админ се вика ова:kesa: ). Праведна и паметна, не пати од комплекси и не ја користи силата, туку паметот за да се справи со тие што сакаат да и „наштетат„. Во многу ситуации кога некој и пререкол или навредувал не го банирала одма, туку го предупредила за да му дојде памет, а ако не му дошло, го навела да претера и...да биде баниран од некој друг. Тоа е, барем за мене, мудра постапка. И не се работи само за „сила„ на форумов, верувам дека е таква и во сите останати ситуации. Ииии еднаш ја прашав зошто од Divine во Дивајн и ми рече дека по многу форуми почнале да го ставаат тој јузер и затоа го сменила, па од тоа се гледа дека сака да е оригинална и единствена.:kesa: Горда на она што е, не лаже, не краде, ма супер е!:kesa:

2. Форчн! Е не знам зошто, ама од почеток некако Форчн и Дивајн ем ми идат заедно, ем ги сметам за прилично слични личности. Така да, може ќе се повторувам, не ми замеравајте.:smir: Крајно позитивна личност! Два пати сум ја видела и два пати беше насмеана, весела и зрачеше со енергија, нема шанси да ја видиш, а да не се насмееш со неа. Форчн исто така многу цени отворени и искрени луѓе, неколку пати ми има дадено зелено поради моите искрени одговори, по што лесно може да се примети дека сака реални луѓе, што не ги искривуваат работите само за да стекнат добро мислење кај други. Е сега логично е, чим поштува искрени луѓе, и она да е искрена и отворена. Ми делува на многу смирена и мудра поради што на другите им делува доверливо и не е чудно стално да бараат совети од неа и да и се доверуваат. Нема некои предрасуди во однос на годините и сите ги цени според тоа што се, барем така мислам поради односот кој го има кон сите форумџии кои ги смета за ок луѓе, без разлика на возраста. Како што реков, има многу слични квалитети со Дивајн, паметна, праведна... Можеби грешам, али тие две ми се како некоја спојка во која Форчн е така повесела и откачена, а Дивајн посмирена и сериозна. Е сега секогаш има ситуации кога едната откачува, а другата станува сериозна, али во поголемиот дел од времето така ги замислувам.:kesa: И, мое мислење е, дека тие што се повесели, дека се и почувствителни, а и доказ е силната гушка што ја дава Форчнот!:pipi:

3. Ацид! Е, ако со нешто он ми привлече внимание, тоа беше со неговиот нарцисоизам. Секогаш има јасни постови без многу филозофирање и фантазирање, не е тупаџија и речиси никогаш немал досадно мислење. Секогаш неговото е последно, а ако некој се обиде да биде тој последен, само докажува колку е глупав во однос на лошиот админ. Се труди да биде праведен колку што му дозволува егото, често знае да исмее некој член, без разлика дали му е пријател или не, ако си го бара, ќе си го добие. Секогаш знае индиректно да се пофали или со мислењето да те инспирира во себе ти да го пофалиш и сето тоа е доказ за тоа колку е нарцис. Е сега, не треба да се занемари тоа дека има со што да се гордее, затоа што не е спорно дека е паметен момак и дека има знаење за многу области. Во јавност не искажува многу емоции, односно интимата и чувствата добро му се одвоени од останатите делови од животот. Ретко кога се „лигавел„ или претерано изјавувал љубов, што е мудро и добро, барем за мене. Мислам дека е верна личност и кога сака некоја, искрено ја сака и си ја чува, личи на домаќин човек.:kesa: Во живо остава потопол впечаток отколку што остава на форумов и не е намќор како што мислев дека е. Намерно или не, делува збунувачки и верувам дека многу луѓе на почетокот имале погрешен впечаток за него. Не сака премногу да се зближува со луѓето ниту пак трпи некој да го замара и да му претставува товар. Ако не си му симпатичен ќе ти даде до знаење да се макнеш од него, а ако смета дека си интересна, добра и доволно паметна личност за негово друштво можеби ќе ти дозволи да бидете пријатели. Сака да ја гледа Сабина, што значи дека многу го занима каква ќе му биде иднината!:pos2: И има голема моќ на убедување, најверојатно затоа што делува сигурно па луѓето му веруваат и се убедени дека знае што зборува.

Епа толку од мене, као и што погодив не знам, а и не знам колку мини беа анализиве, али ќе ми простите.:smir: И за крај, нешто че да се реши, среќа ви стои, пари ви стојат, документи некои, ќе се омажите и ожените, све че да се реши...и така...:pipi:
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Fortune!

Е па вака,еве ја анализата коај и ја должам на Форчн. :) Не знам колку ќе бидам точна,ама еве ќе пробам.:smir:

Уште од самиот почеток на моето регистрирање,ги забележав нејзините постови и одсекогаш редовно сум и ги читала.
Нешто кое што ми паднало најмногу во очи е тоа колку ја почитува својата слобода.Личната слобода.Мислам дека тоа и е можеби и еден од најголемите приоритети.Ако смета дека не е слободна,се гуши и и пречи тоа,па затоа ја негува и не дозволува некој да и ја наруши слободата.
Во живо е поинаква отколку на форум дефинитвно.На форум делува посериозно,строго,но во живо воопшто не е Форчн,лошата администраторка.:) Напротив,баш е опуштена,насмеана и весела.Човек да си помисли дека има 2 идентитети.:pos:
Пријатна е во друштво и знае да ти направи муабет,без препотенција или издигнување над другите.
Знае да го цени она што и го даваат,не бара преку леб погача.Речиси секогаш е реална,но сепак мислам дека некаде длабоко во неа има фантазер,човек кој мечтае и има свои соништа.Ја нервираат неправдите кои се случуваат и сака да верува дека сепак не е така црно,дека се уште постојат некои вредности кај луѓето.
Според мене,мислам дека нема доволно самодоверба.Да,верува во себе и во своите способности,но сепак мислам дека има некој дел во неа кој се сомнева и ја нагризнува како црв.Сепак,никогаш не би дозволила тоа јавно да го прикаже.Сметам дека е горделива,а некогаш и знае да биде прилично тврдоглава.
Сака да сака.Љубовта зазема високо место во нејзиниот живот.Ако смета дека треба да се бори и тоа нешто е вредно,тогаш нема тука отстапки.Ќе најде начин,како да ги надмине препреките,во името на љубовта.(ова многу поетски звучеше:))
Многу е поврзана со фамилијата.Фамилијарен човек.Луѓето кои и значат во животот,сака да и бидат блиску,до неа.Не верувам дека може долго да поднесе да биде без нив.
И како за крај,никој не е совршен,секој има свои мани,па така и Форчн.Но,како личност е толку позитивна,извира топлина од неа,така да маните и не се забележуваат.Бaрем јас не сум ги забележала.:)

Eве се потрудив...:smir::pipi:
 

Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
Можи една за мене?:smir:
Ветувам дека ќе возвратам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom