Пааа... јас би сакала да направам три, да речам, мини анализи. На три личности што ми оставија најголем впечаток од првиот ден кога дојдов на форумов. Дивајн, Форчн и Ацид.
1.
Дивајн! Кога ќе помислам на неа одма ми текнува на цврста и стабилна личност. Верувам дека точно знае што сака и кога го сака. Не ми изгледа на некој што се мисли, предомислува и на некој што е контрадикторен. Моментално од аватарот и потписот можам да заклучам само дека го сака и почитува Тоше, али исто така и дека е чувствителна и сочувствува со тагата на другите, али не превише. Сите нејзини предходни аватари биле страшно добри, најчесто девојки, ако не се лажам. Нежни и женствени,а сепак со нешто во погледот, што ни кажува дека е горда на тоа што е женско, дека ја сака женственоста, меѓутоа дека не е теле марка (ова грубо кажано :kesa: ) и дека е, пред се, силна жена, која што е свесна за речиси секој миг од нејзиниот живот и е спремна да ги победи сите проблеми, исто колку што е способна да ужива во среќата и безгрижноста. Не можам да тврдам дека е искрена, али верувам дека е, исто колку што е и личност од доверба која не би ги изневерила пријателите. Свесна е за своите квалитети, исто колку што е свесна на своите маани, а нема многу.(умилкување на админ се вика ова:kesa: ). Праведна и паметна, не пати од комплекси и не ја користи силата, туку паметот за да се справи со тие што сакаат да и „наштетат„. Во многу ситуации кога некој и пререкол или навредувал не го банирала одма, туку го предупредила за да му дојде памет, а ако не му дошло, го навела да претера и...да биде баниран од некој друг. Тоа е, барем за мене, мудра постапка. И не се работи само за „сила„ на форумов, верувам дека е таква и во сите останати ситуации. Ииии еднаш ја прашав зошто од Divine во Дивајн и ми рече дека по многу форуми почнале да го ставаат тој јузер и затоа го сменила, па од тоа се гледа дека сака да е оригинална и единствена.:kesa: Горда на она што е, не лаже, не краде, ма супер е!:kesa:
2.
Форчн! Е не знам зошто, ама од почеток некако Форчн и Дивајн ем ми идат заедно, ем ги сметам за прилично слични личности. Така да, може ќе се повторувам, не ми замеравајте.:smir: Крајно позитивна личност! Два пати сум ја видела и два пати беше насмеана, весела и зрачеше со енергија, нема шанси да ја видиш, а да не се насмееш со неа. Форчн исто така многу цени отворени и искрени луѓе, неколку пати ми има дадено зелено поради моите искрени одговори, по што лесно може да се примети дека сака реални луѓе, што не ги искривуваат работите само за да стекнат добро мислење кај други. Е сега логично е, чим поштува искрени луѓе, и она да е искрена и отворена. Ми делува на многу смирена и мудра поради што на другите им делува доверливо и не е чудно стално да бараат совети од неа и да и се доверуваат. Нема некои предрасуди во однос на годините и сите ги цени според тоа што се, барем така мислам поради односот кој го има кон сите форумџии кои ги смета за ок луѓе, без разлика на возраста. Како што реков, има многу слични квалитети со Дивајн, паметна, праведна... Можеби грешам, али тие две ми се како некоја спојка во која Форчн е така повесела и откачена, а Дивајн посмирена и сериозна. Е сега секогаш има ситуации кога едната откачува, а другата станува сериозна, али во поголемиот дел од времето така ги замислувам.:kesa: И, мое мислење е, дека тие што се повесели, дека се и почувствителни, а и доказ е силната гушка што ја дава Форчнот!
3.
Ацид! Е, ако со нешто он ми привлече внимание, тоа беше со неговиот нарцисоизам. Секогаш има јасни постови без многу филозофирање и фантазирање, не е тупаџија и речиси никогаш немал досадно мислење. Секогаш неговото е последно, а ако некој се обиде да биде тој последен, само докажува колку е глупав во однос на лошиот админ. Се труди да биде праведен колку што му дозволува егото, често знае да исмее некој член, без разлика дали му е пријател или не, ако си го бара, ќе си го добие. Секогаш знае индиректно да се пофали или со мислењето да те инспирира во себе ти да го пофалиш и сето тоа е доказ за тоа колку е нарцис. Е сега, не треба да се занемари тоа дека има со што да се гордее, затоа што не е спорно дека е паметен момак и дека има знаење за многу области. Во јавност не искажува многу емоции, односно интимата и чувствата добро му се одвоени од останатите делови од животот. Ретко кога се „лигавел„ или претерано изјавувал љубов, што е мудро и добро, барем за мене. Мислам дека е верна личност и кога сака некоја, искрено ја сака и си ја чува, личи на домаќин човек.:kesa: Во живо остава потопол впечаток отколку што остава на форумов и не е намќор како што мислев дека е. Намерно или не, делува збунувачки и верувам дека многу луѓе на почетокот имале погрешен впечаток за него. Не сака премногу да се зближува со луѓето ниту пак трпи некој да го замара и да му претставува товар. Ако не си му симпатичен ќе ти даде до знаење да се макнеш од него, а ако смета дека си интересна, добра и доволно паметна личност за негово друштво можеби ќе ти дозволи да бидете пријатели. Сака да ја гледа Сабина, што значи дека многу го занима каква ќе му биде иднината!:pos2: И има голема моќ на убедување, најверојатно затоа што делува сигурно па луѓето му веруваат и се убедени дека знае што зборува.
Епа толку од мене, као и што погодив не знам, а и не знам колку мини беа анализиве, али ќе ми простите.:smir: И за крај, нешто че да се реши, среќа ви стои, пари ви стојат, документи некои, ќе се омажите и ожените, све че да се реши...и така...