Другар сам си одговори
Има сомнеж во мотивот
Има сомнежи во учеството на таткото
Има сомнеж во учеството на Панче
Има сомнеж кој го повлекол чкрапалото
Сигурни ли сме дека се единствени? Сигурни ли сме дека некој друг не ја нарачал случкава со други мотиви? Ако некој друг е замешан а не знаеме, треба ли да остане на слобода тој?
Мотивот е столб на криминалот, а мотивот не е јасен, откуп не е побарано и по брза постапка е ликвидирано девојчето. Ќе мижиме ли за тоа?
Имам јас и други информации ама не се за форум. Дојди во Велес, частам пита, ќе правиме муабет
Генерално овие 4 се криви како црниот ѓавол. А тоа што има во позадина е друг муабетот. Според мене има поголем плот, го имам кажано неколку пати. А Панче дефинитивно бил дел од таа тајфа на конспиративци. Не ми се верува дека имало нарачка, кој му нарачува на овие дебили убиство? Мотивот се дели на два, на дебиливе им е даден политички мотив, а Палчо има сосема друг мотив и голема е веројатноста да е лична одмазда. Имај во предвид дека на УПА Ентерпрајс од владата на СДСМ 2002-2006 и е пресудено оштета за (аферата) Бастион од државата 1М евра, за да после во времето на Грујо се повлече оваа пресуда. Во истото тоа време(2002-2006), Ванчо Лазаров ги „купува“ спорните станови, баш од Палчо. Башка има уште една афера со Тифани. И двајцата се на висока позиција на градската СДСМ, а Ванчо е директор на Царина.
Е сега овие податоци се јавно познати. Да побараш на time.mk ќе ги најдеш сите текстови од порталите за овие вести. И од тука јас влечам некои претпоставки.
Што се однесува до дебиливе, тие се клукани со пропаганда, за банкстерите, за власите, за зионистите... впрочем го гледаме тоа и на форумов, има негови следбеници и на форумов кои го бранат отворено (можам да ти посочам уште двајца кои не се на темава). И верувам дека не било бајаги тешко да ги натераш овие дебили на „револуција против влашките бакнстери“ и можеби да ги вратат парите од власите украдени во транзицијата (што е најтажно и он бил профитер од таа транзиција), можда како изговор да најдат финансии за избори. Рачунај дека Палчо за нив бил бог и батина, пред да се случи ова, го следеле како кутриња, за да сега се праи наудрен... И што е најтажно, они се слика и прилика за тоа колку го боли стап Палчо за неговите следбеници.
Иначе не треба да мижиме на недостатоците што се прават. Не смее притисокот од јавноста да го уништи овој процес и да остане во сенката на сомнежите. Мораат сите сомнежи да се расчистат и сите потенцијални учесници во позадина да се најдат пред лицето на правдата.
Затоа и реков, МВР и обвинителството направија неколку грешки во случајов, кој морам да признам е мошне тежок. Убиството на детето е ладнокрвно, не е злостор од страст, не е злостор предизвикан во афект или во религиозни причини, значи чисто зло.