Исчезнати лица

  • Креатор на темата Креатор на темата apmkd
  • Време на започнување Време на започнување
  • Истакнато
Ок што ти прави сомнеж дека некој од тие 4 пајташи е невин ? Јас тука не гледам никаков сомнеж, јасно како ден е дека тие 4 се криви за тие 2 убиства.

Има сомнежи во мотивот, има сомнежи во учеството на таткото, има сомнеж за улогата на Панче во све ова, може максимум да има сомнеж кој го повлекол чкрапалото. Ама дека тие четворица ги киднапирале и убиле Панче и Вања, тука нема сомнеж.

Знаеш како викаат, кога знаат двајца е тајна, кога ќе дознае трет, веќе не е тајна. Премногу е комплексно ова за да може да се намести.
Другар сам си одговори
Има сомнеж во мотивот
Има сомнежи во учеството на таткото
Има сомнеж во учеството на Панче
Има сомнеж кој го повлекол чкрапалото
Сигурни ли сме дека се единствени? Сигурни ли сме дека некој друг не ја нарачал случкава со други мотиви? Ако некој друг е замешан а не знаеме, треба ли да остане на слобода тој?
Мотивот е столб на криминалот, а мотивот не е јасен, откуп не е побарано и по брза постапка е ликвидирано девојчето. Ќе мижиме ли за тоа?

Имам јас и други информации ама не се за форум. Дојди во Велес, частам пита, ќе правиме муабет
 
Од каде Кешишов знае кај е телото на девојчето ако не е убиец/соучесник?
Тоа цело време прашуваме, ама никој не знае да одговори. Битно го тепале, го натерале да признае, а пошто тој невин, греота, не знаел што признава и случајно покажал со глава кон некои перници, пошто така му се сонило, и таму телото на Вања го нашле, а не дека тој знаел. Само му се сонило.
 
Ај пак да се пробам:

Може да ме потсети некој на првиот ден на монструозниов настан? Кој, во колку часот пријави во полиција а подоцна на социјални мрежи дека е исчезнато девојче итн...? Мислам, од моментот кога излегла од дома, до моментот на паника, колку време имаше поминато?
 
Тоа цело време прашуваме, ама никој не знае да одговори. Битно го тепале, го натерале да признае, а пошто тој невин, греота, не знаел што признава и случајно покажал со глава кон некои перници, пошто така му се сонило, и таму телото на Вања го нашле, а не дека тој знаел. Само му се сонило.
Да да, а дипстејтот сака да го затвори Палчо оти голем политички гуру и лик е, закана за сите влади во Македонија.
 
Другар сам си одговори
Има сомнеж во мотивот
Има сомнежи во учеството на таткото
Има сомнеж во учеството на Панче
Има сомнеж кој го повлекол чкрапалото
Сигурни ли сме дека се единствени? Сигурни ли сме дека некој друг не ја нарачал случкава со други мотиви? Ако некој друг е замешан а не знаеме, треба ли да остане на слобода тој?
Мотивот е столб на криминалот, а мотивот не е јасен, откуп не е побарано и по брза постапка е ликвидирано девојчето. Ќе мижиме ли за тоа?

Имам јас и други информации ама не се за форум. Дојди во Велес, частам пита, ќе правиме муабет
Генерално овие 4 се криви како црниот ѓавол. А тоа што има во позадина е друг муабетот. Според мене има поголем плот, го имам кажано неколку пати. А Панче дефинитивно бил дел од таа тајфа на конспиративци. Не ми се верува дека имало нарачка, кој му нарачува на овие дебили убиство? Мотивот се дели на два, на дебиливе им е даден политички мотив, а Палчо има сосема друг мотив и голема е веројатноста да е лична одмазда. Имај во предвид дека на УПА Ентерпрајс од владата на СДСМ 2002-2006 и е пресудено оштета за (аферата) Бастион од државата 1М евра, за да после во времето на Грујо се повлече оваа пресуда. Во истото тоа време(2002-2006), Ванчо Лазаров ги „купува“ спорните станови, баш од Палчо. Башка има уште една афера со Тифани. И двајцата се на висока позиција на градската СДСМ, а Ванчо е директор на Царина.

Е сега овие податоци се јавно познати. Да побараш на time.mk ќе ги најдеш сите текстови од порталите за овие вести. И од тука јас влечам некои претпоставки.

Што се однесува до дебиливе, тие се клукани со пропаганда, за банкстерите, за власите, за зионистите... впрочем го гледаме тоа и на форумов, има негови следбеници и на форумов кои го бранат отворено (можам да ти посочам уште двајца кои не се на темава). И верувам дека не било бајаги тешко да ги натераш овие дебили на „револуција против влашките бакнстери“ и можеби да ги вратат парите од власите украдени во транзицијата (што е најтажно и он бил профитер од таа транзиција), можда како изговор да најдат финансии за избори. Рачунај дека Палчо за нив бил бог и батина, пред да се случи ова, го следеле како кутриња, за да сега се праи наудрен... И што е најтажно, они се слика и прилика за тоа колку го боли стап Палчо за неговите следбеници.


Иначе не треба да мижиме на недостатоците што се прават. Не смее притисокот од јавноста да го уништи овој процес и да остане во сенката на сомнежите. Мораат сите сомнежи да се расчистат и сите потенцијални учесници во позадина да се најдат пред лицето на правдата.

Затоа и реков, МВР и обвинителството направија неколку грешки во случајов, кој морам да признам е мошне тежок. Убиството на детето е ладнокрвно, не е злостор од страст, не е злостор предизвикан во афект или во религиозни причини, значи чисто зло.
 
Последно уредено:
Имам јас и други информации ама не се за форум. Дојди во Велес, частам пита, ќе правиме муабет
Ако имаш кажи ги, не гледам зошто да не им биде местото на еден форум кога има стотици теории што се вртат.
Демек у подпросечен ресторан ќе го убедиш некој повеќе од тука. Намали со ракијата.
 
Ni za Palcho nema dokazi, nema dnk,nema oruzhje nema nishto. Do denes ja ima samo izjavata od nacalnikot deka "Plashliviot" kezhovski mu se doveril.....

i ushte ednash , nitu Palco go branam nitu nekogo napajgam, samo gi sledam izlozhenite fakti i dokazi. A za mene izjavi vo 4 oci ne se dokazi.
i milo ce mi bidi da mu ja dokazhat vinata na nekogo pa ako saka toj nekoj i najblizok od mojata familija da bidi. Takov monstrum shto ubiva deca zasluzhuva dozhivotna corka!
Ama mora da se dokazhi.

do finasle samo ce ve citam.
Pozdrav do veseloto drushtvo so,

kad bi veče bilo veće......

P.S. @bijons da si ibime vekot :pos: Istovremeno istoto sne go pishale:pos::pos::pos::pos::pos:
Од кај па ти знаеш што има обвинителството а што нема? Судењето е јавно, сите ќе бидат сослушани и вкрстено испрашувани. Мене ме интересира таткото и оној Гоце што ќе кажат.
 
Прочитав милион небулози. Изгледа многумина не знаат дека исказите на сега обвинетите (тогаш осомничени) кога го признаваат делото се снима и видео снимка од истите ќе биде пуштена во суд.

Денес продолжува судењето, сведочат сведоци на обвинителството.
 
А достапно е судењето за јавноста? Има ли видеа од судењата?
 
А достапно е судењето за јавноста? Има ли видеа од судењата?
Видео не, судија Ивица Стефановски одлучи судењето да биде јавно, наспроти барањето на мајката да биде затворено. Достапно е за медиуми.
Автоматски споено мислење:

Ако имаш кажи ги, не гледам зошто да не им биде местото на еден форум кога има стотици теории што се вртат.
Демек у подпросечен ресторан ќе го убедиш некој повеќе од тука. Намали со ракијата.
Нека ми пише мене приватна порака ќе објавам и ќе заштеди пита.
 
Последно уредено:

Еве одговор зошто била паниката уште од првиот ден да се проверат граници и зошто воопшто класната се јавила само после 15 минути каснење на девојчето. Значи имало индикации и сомнежи.
 
Ако искочи дека издишаниот од Ѓорче е Гоце, ќе биде замрсена работата. Тука е таа склопка на Фершпед. Ќе биде ова долга заебана и мучна.
 
И сега што кажа.

Незнам ни ја. Ќе видиме кај иде работава, ама почиња да смрди многу. Кој и да е кумот, треба да се докаже прво како знаел да бара у Велес снимка од колата, и второ од кај пристап до камери (ова е многу помалце битно у случајов).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom