Колку ви значи надворешниот изглед на партнерот?

  • Креатор на темата Креатор на темата M-I-L-A
  • Време на започнување Време на започнување
Можда физичкиот изглед ја дава првичната слика за личноста која што ми се свиѓа, но за да таа личност ми стане "партнер" мислам дека побитно е да си го имам муабеот со неа.
 
Па онака нека има големи:

цициња
гзенце
па и фаца може, мислам не голема, симпатична :pipi:
 
Многу ми значи физичкиот изглед. Првите впечатоци се однесуваат на физичкиот изглед. Ако не ми е убава - нема искрена иницијатива.
Откако ќе констатирам дека типката има соодветна (привлечна) надворешност, ќе продолжам со потрага по некои нејзини квалитети кои не се толку очигледни.
 
За прв впечатот да битен ми е надворешниот изглед.... за понатаму дефинитивно побитна ми е внатрешната убавина, сепак да можеш да се разбереш, да си имаш муабет... што ќе ти е некој убав глуп лигуш :toe:
 
Изгледот значи... прилично. Надворешноста е порта за влез во внатрешниот, светот на мечтите и страстите. Сепак, за мене очите се пресудни. Преку нив, јасно, како во огледало може да се види душата на другиот. Очите никогаш не лажат. Тие секогаш ја кажуваат вистината. Очиња, бистри и длабоки, полни со копнеж, а смирени. Такви очи -ме хипнотизираат. Очиња, како на љубеното мое Вонземјанче :back:
 
Секако како прва привлечност мн е битен физичкиот изглед но не е се во тоа ако не оди понатаму не оди.... а па и некој да го знам дека е супер на карактер а физички да не ме привлекува се е за џабе....во принцип личност шо не ми остава прв впечаток нема да ми значи ништо понатаму
 
на почетокот многу....можеби доминантна за девојката да ми го привлече вниманието , да ми се засвиѓа !!! После ако таа симпатија се претвори во нешто повеќе , ако се роди љубов...ако ја засакам ја гледам со други очи. други работи ми се битни...физичката убавина некако се маргинализира како критериум!
 
Kako sto veke drugite se izjasnile i jas go delam svoeto mislenje kako niv...normalno koga so nekoj sakas da si vo vrska ne go zabelezuvas negoviot karakter, tuku prvoto so ti paga vo o4i e izgledo..pa posle sledi karaktero:smir:
 
Па нормално значи, она внатрешна лепота џиги миги...не важи баш. Тоа на втор и трет поглед.
Секој уосталом си бара според себе, својата надворешност.
 
па првен надворешниот изглед после карактерот
 
колку и да бистриме политики карактер, личност и душа, да бидеме искрени(посебно ние мажите), доволно е да се појави некоја убава и згодна цура и сите филозофии да паднат во вода. Секако дека со продлабочување на односите и за врски на долги стази и карактерот е битен, ама сигурно не би бил со некоја што не ме привлекува барем малце и која во мои очи нема добар надворешен изглед(без разлика дали се работи за врска или one night stand)
 
Жената е трофеј, а на трофеите поентата им е да се доказ и покажување за некој подвиг.
Оваа ја ебам бе - е многу важен сегмент од комуникацијата на машкото со светот.
Така да убава жена е нужност.
Да не навлегувам во тоа дека сакам и да муабетам со девојката, ќе ја уништи тоа првичната поента на постов.
 
МНОГУ. Сепак би било пожелно да бидеме слични. Иако спротивности се привлекуваат, ама тоа по карактер. Физички, ЈОК.
 
Не мора да е некоја Playboy цура, ама сепак секое машко сака патнерката да му изгледа складно, секси и да биде таман, по негов вкус :)
Не дека изгледот секогаш значи се во врската, но пожелно е (барем од моја гледна точка), изгледот да биде сличен на карактерот, што ќе рече, да ми одговара :)
 
Не мора да биде некоја убавица или секс бомба,само да не биде многу грда,
просечен изглед со карактер каков што јас сакам би било океј :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom