Ако добро го разбрав Урко Инфантино, ќе има ждреб каде од 9то до 16то место ќе бидат носители и реваншот ќе го играат дома, ама може да се паднат со било кој тим од 17то до 24то.
Како тоа како е лошо?
Пошто ова е вистински живот, а не видео игра?
Пошто Мбапе ќе се повреди у трета недела, Винициус у четврта, Родриго у 5, некој ќе добие црвен у 6 коло, и Реал (како банален пример), ќе игра во 7 коло со деца од Кастиља и ќе гледаш апсолутно катастрофален фудбал?
Бидејќи екипите ќе ротираат повеќе играчи? Бидејќи на играчите што нема да се повредат квалтиетот ќе им опадне со тек на време и ќе гледаш лош фудбал?
Еве, за Јунајтед си, играте и вие 8 натпревари во ЛЕ, ќе видиш уште сезонава какво влијание ќе има тоа врз играчите.
Ајде, можеби во куповите немаш проблем да отпаднете уште во прво коло, ама ќе приметиш дали играч што патувал до Шпанија да игра со Реал во среда ќе одигра на исто ниво против Крисал Палас во сабота и против Јувентус следната среда, како пример.
Ќе мора барем еден од овие 3 натпревари да одмори што ќе влијае врз квалитетот на Премиер лигата (ако одмори во ПЛ) или пак ќе влијае врз квалитетот на натпреварите во ЛШ.
Ќе се прикаже ова за време на сезоната, кога таму негде Март, особено за Англиски екипи што играле ЛШ/ЛЕ кога ќе треба да викаат младинци да им се потполни тимот.
Затоа и влијае врз фановите, нема да го добијат максималното ниво на фудбал и ќе гледаат полуфудбал.
Ако некој сака да гледа ептен фудбал, секогаш може да гледаат женски фудбал, у21, у19... ама никој не гледа тоа бидејќи квалитетот е лош, така?
Затоа и ќе влијае врз ова.
Исто како што влијае и квалитетот во пред-сезоната кога сите само што се вратиле од одмор, имаат 2-3 тренинзи преку сила, главните играчи се на одмор, играат младинци... и квалитетот е лош.
Така ќе биде и при крај на сезоната само на спортивниот дел од спектрумот.
Затоа уствари екипи како Сити и Реал се главни фаворити и годинава бидејќи во вториот тим имаат играчи што за многу екипи би биле и во прв тим
Ако добро го разбрав Урко Инфантино, ќе има ждреб каде од 9то до 16то место ќе бидат носители и реваншот ќе го играат дома, ама може да се паднат со било кој тим од 17то до 24то.
Прашува за 1/8 финале, а не за 1/16 финале.
И мене ова ме интересира, ама вака логиката ми вели, ваљда не?
Пошто ако има, постои шанса во 1/8 финале да игра Англиска против Англиска екипа, а тоа кога беше стариот систем беше забрането за 1/8финале....ама па тоа беше првиот дел од нокаут фазата, сега е технички втор дел.. хммм
Ако добро го разбрав Урко Инфантино, ќе има ждреб каде од 9то до 16то место ќе бидат носители и реваншот ќе го играат дома, ама може да се паднат со било кој тим од 17то до 24то.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.