Скопје, за мене е...

Тањушка

pretty mama
Член од
17 јануари 2006
Мислења
365
Поени од реакции
29
Моето Скопје.

Се грозам од него и го сакам...истовремено. Го мразам зашто е полно сељачаана, полуписмени типови кои мислат дека се` знаат, философираат и млатат празна слама, зборуваат гласно, а кога треба да се делува, се повлекуваат во својата глувечка дупка. Плукаат по улиците, фрлаат ѓубре кај ќе стигнат, плукаат лушпи од сончоглед и семки, а дома ги вадат чевлите пред врата :nesvest:. Го мразам зашто е грдо, без ред, зашто има простачка атмосфера во него.

Но гледај чудо! Сите овие маани стануваат доблести кога сум далеку од него. Или кога ќе ми дојде странец на гости. Тогаш одеднаш се претворам во горда скопјанка, сите овие недостатоци ми стануваат шармантни, мислам дека токму тие го прават градот она што е. Град со душа. Нема човек кој еднаш дошол тука, а да не го почувствувал тоа. Нема човек кој не се воодушевувал од нашата харизма, шарм и гостопримство. Прошетајте на зајдисонце по улица Македонија и кога ќе стигнете пред Бристол, погледнете во Музејот на град Скопје. Ќе умрете од убавина. Или во очајно жешките летни вечери излезете во Дебар маало и седнете во некое кафанче. Или во парк покрај Вардар, на пределот од стадион, па накај Жабарот, па до плоштад...Баш изгледа светски тогаш. На тие клупи покрај ЦеКа секогаш седат стари госпоѓи и господа со шешири. Уште малку ги има, затоа обожавам да ги гледам...Би редела и би редела уште, до бескрај. Зашто само во него одам со крената глава и чекорам по неговите улици со невидена леснотија. :back:
 
D

Delux

Гостин
Во Скопје сум три дена...водата за пиење ви е катастрофа,имате загаден град,лични девојчиња и кул забави:party3:
 

Toreador

Spectacular Apocalypse
Член од
24 јуни 2005
Мислења
3.374
Поени од реакции
48
Бојно поле. Затоа и си го сакам. :)
 
Член од
10 април 2007
Мислења
97
Поени од реакции
0
I koga ziveev vo Makedonija, Skopje mi bese MOJ grad, i samo tamu se cuvtsvuvav najdobro, home sweet home.
I da ne zboruvame za sega koga sum nadvor od drzavata, moeto rodno Skopje, mi nedostasuav strasno kako nesto da mi fali. A toa e seto ova:

Prosetkite po kej, gardski park, ulicata partizanska, taftalidze, avtobuskata satnica pred zeleno pazarce, plocnikot pred Van Gog, kako i da se vika sega, kaficite so fontanata pred vlezot na park, vodno, ulicata Makedonija, stara zelznicka stanica, mala stanica (poranesna),s ega Ramstor, kulite kasri Nova Makedonija, Panorama, Galija, Aerodrom, Dzino, gradski trgovksi centar, zena park, Debar maalo, Pivnica, Ul, Kliment Ohridksi, i mnooooogu drugi mesta, site mi se mili i dragi.
Ima istorija vo toj grad , ima ubavi spomeni od minatoto, no i segasni noviteti, za koj gradot treba da se gordee kako is ite skopjani.
Skopje e ednistevn i unikaten grad vo cel svet, i ne mozam so nikoj da go sporedam:smir:
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Скопје е мој град, да, и јас сум неговА...

Скопје е мој град...
Скопје за мене е закон :music3: !
 

zak

Член од
22 август 2007
Мислења
63
Поени од реакции
0
skopje e naj zakon grad vo cel svet i mn si go sakam.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
скопје за мене е... сивило, студ, костени, мрак, пиво на тереза, прскање со вода у парк, факс, лето и жега, карпош, даде, музика, мое, спомен, солза, асфалт, кирилица, ружи, дедо, љакмаџун, ѕидови, школо, хартија, плуканици, тротоар... детство...
 
Член од
2 септември 2007
Мислења
2.155
Поени од реакции
176
Ги прочитав претходните постови (со кои потполно се слагам) и не можев да не погледнам низ прозор и да го видам Скопје. Колку убаво му стои есента! И сите годишни времиња. За секое место, за секоја уличка постои убав спомен што ме врзува и ми изнудува насмевка. Ги сакам темните клупи во центар кај што пиеме пивце и јадеме смоки, и шлапкавите вирчиња, МОЕТО МААЛО, мирисот на костени на плоштад, и дрворедите, сенките, дедовците што си играат шах, погледот од Видиковец (на Водно) кон градот, Седмица, Ескимо, (пола живот што ми поминува низ) Трговски, изгледот на Дебар Маало, тревата во парк во лето во комбинација со гитарите, звукот на штиклите како ми тропкаат по асфалтот во петок или сабота... И мирисот на липите, и оние розевите дрва што цветаат само недела дена во пролет (кај Швајцарска амбасада во центар)... Сакам кога е толку проклето ладно што кога издишувам се прави огромен "чад" во воздухот, а мене ми е премногу убаво за да си одам дома... Ја сакам желбата кога поминувам пред некое место да видам одредена личност, и кога многу силно сакам Скопје знае да ми ја исполни желбата... Убаво ми е кога ќе си спомнам: "еј кога бев мала овде мама ме носеше..." и толку многу други работи што можам со саати да ги набројувам. Прекрасен град од кој никогаш нема да се откажам...

П.С. нормално постојат и работи што ме нервираат во Скопје ама тоа се толку мали работи во споредба со љубовта што ја чувствувам кон градот, што воопшто не вреди да ги спомнувам! I <3 Skopje!
 
С

Сатори

Гостин
~*~

Скопје за мене е отскочна даска и градот каде има голем број на луѓе кои ги сакам и почитувам!:smir:
 

Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
229
Го сакам, иако не е вистински мој.
Уствари, тууф брее, не бил вистински мој, искрено го сакам и секогаш ме прима најтопло, тоа е сосема доволно за да биде мој.
Од него чувам еден куп мириси, сликички и други спомени во секаква состојба.
Сеуште не сум успеала да го издефинирам старото опојно-меланхолично чувство што отсекогаш го имам за тоа место, и ми се вбројува во едно од најстарите допири со светот, па дури кога ќе го направам тоа ќе бидам едноставно...многу среќна.



*Од велешкото дете со љубов.
 

Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Me потсетува како си го остаив под залог мобилниот за да си дојдам до дома во 5 30...ништо повеке од тоа.Срање е за мене.Затоа не ни отидов на факс таму.
Не ми се допагаат лугето,некако се премногу се ладни,веројатно е затоа што не познавам многу луге од Скопје,кога би запознал повеке можеби би го сменил мислењето...
 
Член од
3 септември 2007
Мислења
25
Поени од реакции
0
BLAGOSLOV! raj, zivot, sloboda... :vozbud: GO OBOZAVAM!
мислам дека ако сега те прашам нема да го кажеш истото. хехе
за мене скопје е- град близу до мојот,и место кај што одам на свирки,концерти, и во драмски нормално! да го има истово и во мојот град,во скопје не би ни одела.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
I koga ziveev vo Makedonija, Skopje mi bese MOJ grad, i samo tamu se cuvtsvuvav najdobro, home sweet home.
I da ne zboruvame za sega koga sum nadvor od drzavata, moeto rodno Skopje, mi nedostasuav strasno kako nesto da mi fali. A toa e seto ova:

Prosetkite po kej, gardski park, ulicata partizanska, taftalidze, avtobuskata satnica pred zeleno pazarce, plocnikot pred Van Gog, kako i da se vika sega, kaficite so fontanata pred vlezot na park, vodno, ulicata Makedonija, stara zelznicka stanica, mala stanica (poranesna),s ega Ramstor, kulite kasri Nova Makedonija, Panorama, Galija, Aerodrom, Dzino, gradski trgovksi centar, zena park, Debar maalo, Pivnica, Ul, Kliment Ohridksi, i mnooooogu drugi mesta, site mi se mili i dragi.
Ima istorija vo toj grad , ima ubavi spomeni od minatoto, no i segasni noviteti, za koj gradot treba da se gordee kako is ite skopjani.
Skopje e ednistevn i unikaten grad vo cel svet, i ne mozam so nikoj da go sporedam:smir:
Па кој ѓавол си избегал, гледам и кирилицата си ја заборавил.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom