Скопје, за мене е...

Член од
10 март 2007
Мислења
404
Поени од реакции
17
ск за мене е њујорк се губам кога одам ;)
 
Член од
9 март 2007
Мислења
483
Поени од реакции
6
Ucev i studirav vo Skopje,guzva, necistotii,haos,....Sepak ubav no naporen grad za ziveenje.Nemam zosto da go sakam niti da go mrazam ama koga bi morala bi mozela da ziveam.Golemite gradovi si imaat svoj nacin na ziveenje. Se e stvar na navika.Vo sekoj slucaj mnogu se razlikuva od ostanatite gradovi vo drzavava.Samo da se poraboti malku na higienata....
Skopjani sakajte si go svojot grad kako sto jas si go sakam mojot!!!
 

La Española

Лекот е отров!
Член од
1 февруари 2007
Мислења
1.808
Поени од реакции
556
BLAGOSLOV! raj, zivot, sloboda... :vozbud: GO OBOZAVAM!
 

doti4nata

Drama Queen
Член од
25 септември 2005
Мислења
3.390
Поени од реакции
35
се сеќавам на една песничка и секогаш си ја пејам кога влегувам во Скопје, можда и вие ја знаете, иде вака :

Сонцето веќе за час си оди
и ветрој благи Скопје го галат,
крај брзи, бистри Вардарски водии
првите ѕвезди самотно се палааат.

Здраааво Скопје здраааво иии ти неебоо плааавоо,
здравоо роден граааде наш,
жиивот ти ни дааааваш!

имаше уше еден де, ама не ми текиња сеа :)
 
Член од
19 април 2005
Мислења
1.806
Поени од реакции
75
Ммммм...моето Скопје.:wub:
Мирисот на багремите, па после тоа липите.
Жешки летни ноќи, штурчиња пред изгрејсонце, кога одам на нива.
Кафе со другарчиња, покрај Вардарон.
Птицосер во стариот дел на паркот.
Прикаските на мајка ми, прикаските на нејзината мајка.
Моите прикаски.
Водњанска, Илинденска, Рузвелтова....
Заминивања и враќања. Секогаш враќања.
„Тукушто слетавме на скопскиот аеродром. Температурата на воздухот е 18 целзиусови, локално време 13.00. Ви пожелуваме пријатен престој во Скопје“
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
458
Скопје е мој град да, а јас сум негов:) ете една песничка во која Тони Зен(Поранешен Тони Монтана) напраил за Скопје. Скопје за мене е град на убави работи, но исто така и лоши. Скопје е познат по својата големина, добрите журки, префураните туфли и туфловци:pos: но и по луѓето кои што се како легенди на градот на пример Иги и Шпиц луѓе коишто знаат убавата летна приквечерија да ја доразубават на плоштад со убава музика, тука се и убавите скопски места за излегување во лето-парк, водно, ау ти реков ми рече. Скопје за мене е моето место на раѓање а можеби и местото во кое што ќе згасне мојот живот. Скопје сега за сега за мене Е СЕ'
 
Член од
19 март 2007
Мислења
6.574
Поени од реакции
164
Скопје. За мене нема друго место во светов како Скопје.
Само во Скопје може да се рече сум вистински онаков каков што сум.
 
Член од
11 јуни 2007
Мислења
106
Поени од реакции
1
Какво е такво е - мое си е. И не би го менувала за ништо на светов. Не можам да го опишам филингот кога се враќам од некаде...и кога како низ магла го здогледувам крстот...и знам дека сум си ДОМА...па нема посреќен човек од мене
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
...Скопје... Прв пат се запознавме далечната `87 кога те вознемирив со своето врескање. Полека навикнувавме еден на друг со текот на годините. Трчкав низ твоите паркчиња, го вдишував оној загаден воздух кој ми го нудеше, а сепак беше и уште е некако посебен.

Заедно растевме..те гледав како се менуваш од она популарно Кале и уште популарно Водно. Се чувствувам исполнето кога го пијам првото кафе на улица Македонија. Сфаќам дека се се менува поминувајќи покрај кејот. Следејќи го Вардар стигнувам до паркот... Порано доаѓав за да беснеам во Луна Паркот, а сега... сега шеткам држејќи се за раце со саканата личност...

Се променивме многу, и двајцата... Имам само една желба.. Да остариме заедно. Јас ќе седам на оние клупи и ќе го вдишувам мирисот од липите над нив. А ти продолжи да живееш заедно со новите генерации на кои сигурно ќе им прираснеш за срце како што беше и со мене.
Знаеш оваа песна секогаш ќе биде твоја химна:
"Ова е само наше Скопје тука ни е се`
овде се дури сме живи ќе се враќаме"
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Не знам зашто ама како да има некоја посебна магија.Го сакам Скопје со сите мани и доблести.Не би можела да се замислам себе си на друго место.Сите спомени ги имам тука и секогаш кај и да одам кај и да бидам моите мисли ќе бидат во Скопје.
 
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
62
Mi ja razbuduva euforijata vo mene koga i da otidam.........:back:
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Какво е такво е - мое си е.
Не не не, не е твое мое е.
Скопје ми понуди доста шареноликост на предмети случувања и луѓе, и јас сум многу благодарен бидејќи со тоа што ми го понуди јас ја осознав разноликоста на светот, барем до мојата 19-та година. Така да Скопје останува моето најомилено место за живеење, не поради изгледот, кој се менува, кога побрзо кога побавно, колку што поради луѓето во него. Смешно но истовремено доста интригирачки е начинот на живеење во голем град космополитски во кој функционира балкански менталитет со што се губи осаменоста и душевниот студ што го носат големите градови обично. Тоа му дава посебен шмек, нешто што го нема на друго место.
 

Маца_мк

♫♥good girl gone bad♥♫
Член од
13 февруари 2007
Мислења
6.421
Поени од реакции
464
Скопје е најубавото место на светот..кај и да идам стално тој град го споредувам со Скопје..ама ништо не може да го замени,го обожавам мојот град,тука ми е се..и друштво,и роднини и школо и има буквално се!и места за журкање,уживање,кулирање,јадење,спиење..итн.и како е уредено,права метропола:)сите градови во македонијава можат да му се фатат(без навреда:),ама така ја мислам..незнам,не би живеела на ниедно друго место освен Скопје:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom