Скопје, за мене е...

  • Креатор на темата Креатор на темата Nemiseverue
  • Време на започнување Време на започнување
Градот во кој се родив, го поминав целиот свој досегашен живот.
Сите спомени, школувањето, љубовта, солзите, успесите, апсолутно се` што се случило е поврзано со Скопје.

Носталгична сум и не сакам ни да помислам како би го доживеала тоа да мора да се преселам во било кое друго место.
 
Скопје е градот во кој се родив и раснам...градот во кој би сакала и последните денови од мојот живот да ги поминам

заедно расневме..јас и скопје:pipi:
јас станувајки среќно девојче најпрвин играјки жмурка,плочка, фудбал по неговите улици, трчајки низ неговиот најубав парк, играјки се во раскантаните но за мене волшебни играчки во лунапарк а потоа искачање во дискотеки и трачарење со другарките на кеј...
а он станувајки метропола..станувајки преубав град
гледав како од година до година постојано се менува станувајки се поубав

се навикнав на сите мани на овој град
се навикнав на неиздржливата гужва, се навикнав на ѓубрето низ целиот град, се навикнав да се возам во автобусите што се пред распаѓање...

во него ми се имаат случено најубавите работи...сите спомени ми се од овој град
го сакам неизмерно и среќна сум што се родив во скопје:back:
 
За Скопје.
Дојдов да живеам пред 4 години. Се навикнав веќе втората година. На почеток ми изгледаше како големо градиште, после видов дека исто е како во помалите градови секој секого знае, ширење муабети трачарење, и сите под дифолт работи.
Сума сумарум го обожавам Скопје, црвените автобуси :vozbud:, му(в)абетите во паркчињата, јадење донер кебап у Чаир во 3 сабајле, хамбургер од 7ца, благото од Апче.Најглупавиот ден недела и во скопје е глупав:)
Сепак најболна точка ми се липите.....ааа мирисот на липите, можам со часови да седам надвор сам да ќутам да си мирисам и да се чувствувам прекрасно.Многу убави работи ми се случиле во Скопје, ке ја искористам песнава:)
 
Скопје за мене е место каде се гушам од метежот а воедно и интересен град каде има народ од секој крај на Македонија и се прават интересни журки,различни фаци кај и да одиш ама за стално живеење во Скопје нема шанси ја нема таа тишина,наркомани на секој чекор опасен град треба да се пазиш нон стоп
 
Скопје за мене е место каде се гушам од метежот а воедно и интересен град каде има народ од секој крај на Македонија и се прават интересни журки,различни фаци кај и да одиш ама за стално живеење во Скопје нема шанси ја нема таа тишина,наркомани на секој чекор опасен град треба да се пазиш нон стоп

Е сега кажа...наркомани опасен град треба да се пазиш. Што подразбираш ти под наркоман? Некој што седи в парк и си пие пиво и има долга коса? Да речеше има манијаци, силувачи, е од нив да се пазиш, бар изгледа пологично одколку наркоман што си пишала. А за пазењето, па во секој град треба да се пазиш не само Скопје.

Инаку за мене, го обожавам градов:pipi: Поголем град, секакви луѓе, места за излегување повеќе, паркови :pipi:
 
Легло на лудаци во последно време е Скопје... А и Скопје исто така е градот на чиј Плоштад единствено се применуваат целиот куп глупи закони.
 
Скопје за мене е место каде се гушам од метежот а воедно и интересен град каде има народ од секој крај на Македонија и се прават интересни журки,различни фаци кај и да одиш ама за стално живеење во Скопје нема шанси ја нема таа тишина,наркомани на секој чекор опасен град треба да се пазиш нон стоп

Наркоманот визуелно и неможе да се примети секогаш. Страв од него и не треба да имаш, зашто може да биде сосема мирен, а и агресивен колку и испијанетиот, или силувачот, манијакот, насилникот.

Ама ти пази си се од наркомани.
 
Во некои поранешни времиња, ние во Битола ја пеевме она песна од Влатко Стефановски

СКОПЈЕ ИМА ГОЛЕМА ТАЈНА
СИТЕ СКОПЈАНИ ЈАДАТ (заборавив како одеше понатаму...)
 
Скопје за мене е...светост местото каде што се родив и каде ке умрам.Местото кое кај и да идам никогаш нема да биде заборавено.Местото во кое секое ќоше е волшебно.ГО САКАМ СКОПЈЕ!!!:pipi:
 
Скопје е...
само една од низата несовршени и недовршени приказни.
:toe:
(А могло је боље... -Бијело Дугме)

Мојот град?
Хммм... не сум сигурен баш.
 
Скопје и колку да е не чисто и лошо за мене секад ке биде најдобро:):):)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom