Па ево сакам да прашам околу исхраната што како и колку јадете.
Јадеме сè што е здраво а понекогаш и тоа што не е здраво
Јадеме колку што е потребно, односно дневниот калориски внес според пол, возраст, висина и тежина и + потрошените калории од трчањето.
Сакам да почнам со трчање...
Ептен сум почетник немам кондиција.
Избриши си ги трите погрешни размислувања што скоро сите почетници трчачи ги имаат
1. Трчањето не е за мене
2. Морам да истрчам барем 5км без престан
3. Мора да се испотам и да истрчам средно-јако за да се рачуна како трчање
Напиши ми што друго „знаеш“ и мислиш за трчањето па да ти кажам дали е точно или не.
Откако ќе ги избришеш овие многу погрешни размислувања препорачувам:
1. Почни со една недела, секој ден, 5-10км нормално одење (11-12 минути километар) без престан односно саат-два.
2. Втората недела убрзај го одењето, иста дистанца само 10-10:30 минути километар
3. Трета недела почни со комбинација од одење и трчање ама прави го три-четири пати неделно, преку еден ден.
Трчај 200 метри, оди 50 метри
повтори го 20 пати за вкупно 4км трчање и 1км одење.
Без разлика што имаш паузи за одење, најважно е трчањето да е ЛЕСНО, односно додека трчаш да можеш лесно да дишиш низ нос и да можеш релативно нормално да разговараш.
Терај еден месец вака, па ќе пробаш после 1600 метри да истрчаш скоро најбрзо што можеш (само прво загревање), па расчитај за magic mile и Jeff Galloway.